Рекламниот колач за изборите ќе го делат 249 портали


Политички реклами за изборната кампања ќе може да објавуваат 249 интернет портали, 37 телевизии, 35 радија и 11 печатени медиуми. Оваа одлука ја донесе Државната изборна комисија ( ДИК). Со усвојувањето на Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се отвора просторот за изборно рекламирање на двојните избори (претседателски и парламентарни) кое […]

Изгласани пакетот закони за платите на избраните и именуваните лица


Пратениците денеска во рамки на 145. пленарна седница ги донесоа измените на шесте закони со кои се намалуваат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица.  Со ова, ќе се стопира растот на платите на избраните и именуваните лица, но им останува минатогодишното зголемување од 78 проценти.  Со законските измени се опфатени околу 1.060 избрани […]

Синодот на МПЦ го советува новинарот Марјан Николовски добро да ги „проучува црковните теми“


  Еден месец по загадочниот скандал во кој беа вклучени некои владици на МПЦ-ОА и кои го повикаа новинарот Марјан Николовски (основач и уредник на порталот „Религија.мк“ на соочување со црковен обвинител), Синодот во својот работен состав денеска ја отворил оваа тема која предизвика неверојатен одглас во јавноста. Во дел од соопштението за седницата седницата […]

Ѓорѓиевски постави мерна станица во парцелата на Цементарница УСЈЕ


Со цел да се контролира загаденоста на воздухот во близина на Цементарница УСЈЕ АД, Општина Кисела Вода постави мерна станица во парцелата на компанијата. Се работи за уред кој поседува инструмент од типот Аeroqual AQS-1. Класата на точност за мерење на PM 10 честички е во две мерења и опфаќа честичките PM1, PM2.5; PM 10 […]

МПЦ-ОА ќе го проучува статусот на украинската црква и именувањето на нашата црква од елинфонските


  Три дена по посетата на архиепискотот Стефан на Ватикан Синодот на МПЦ-ОА одржа седница на својот работен состав на која се разгледувало прашањето на Украинската православна црква и именувањето нашата црква од елинофонските цркви. Формирана е и комисија за овие прашања. Во соопштението на Синодот за седницата се вели: „Светиот архијерејски синод посвети сериозно […]

Македонија дел од новиот инструмент на ЕУ за зајакнување на цивилната заштита во Европа


Европската комисија во соработка со Светска банка создава нов инструмент за финансиска поддршка наменета за зајакнување на цивилната заштита во државите опфатени со Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, меѓу кои е и Северна Македонија, како и во Грузија и Косово.  Во рамки на инструментот наречен Финансиски фонд за техничка помош за превенција и подготвеност […]

Триесетина клупи украдени од патеката крај Вардар


Десетици клупи се однесени од патеките крај Вардар, со што му е нанесена огромна штета на Градот и на граѓаните на Скопје, а за тоа претседателот на Советот на Град Скопје, побарал информација од градоначалничката која не ја добил.  Денешната седница на Советот почна токму со оваа информација, а како што појасни Трајко Славески, однесени […]

Парното ќе биде субвенционирано и оваа грејна сезона


Фактурите за топлинска енергија за грејна сезона 2023/2024, кои ќе се испорачуваат до потрошувачите од категоријата домаќинства во следниот период, а се однесуваат на месеците јануари, фавруари, март и април ќе ја вклучуват мерката за субвенционирање на цената на топлинската енергија. Субвенциите кои се однесуваат на месеците октомври, ноември и декември, ќе бидат вкалкулирани и […]

Истражување на „Аналитика“: 51 отсто од 313 анкетирани средношколци во Скопје биле жртви на сајбер напад


Учениците ги разбираат можностите што ги нуди дигитализацијата, но 43,5 проценти од испитани во анкета како најголем предизвик во дигиталната трансформација ги гледаат зачестените сајбер-напади. „Аналитика тинк-тенк“ денеска презентираше резултати од истражување спроведувано седум месеци кое опфатило 313 ученици, со примена на анкетен прашалник со 25 прашања. Анкетирани биле ученици од три средни скопски училишта […]

Герасимовски: Сајбер булингот е „злото“ на новото време, клучно е домашното воспитување


Сајбер билингот е „злото“ на новото време кој бара сериозен пристап од повеќе институции за да се намали и спречи, истакна денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој учествуваше на настанот “Дигитализацијата и Сајбер Безбедноста: Сегашноста и Иднината на Учениците” организиран од Аналитика Тинк Тенк.   „Во оваа ера на технолошки развој кога младите […]

Се намалува бројот на заболени од грип


Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.02.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона  е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела […]

Човек со ретка болест се прашува и дали ќе заврши образование, дали ќе се вработи


Пациентите и семејствата на пациенти со ретки болести не сакаат да бидат приоритет во државниот здравствен систем, но бараат државата да им посвети внимание како на маргинализирана група луѓе, кои се соочуваат со предизвици не само на здравствен план, туку и на социјален, образовен и економски.  Укажаа дека повеќето од нив се приморани да плаќаат […]

Цената на парно греење за деловните корисници во Скопје се намалува за 35 отсто


Регулаторната комисија за енергетика ја намали цената за парното греење за 35 проценти за сите деловни корисници во град Скопје. Ова, како што денеска информираше на прес-конференција претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, се должи на намалувањето на цената на природниот гас на берзите. 

Демири: За Индов ќе се покријат трошоците, но за системско решение ќе треба да поминат изборите


 Министерот за здравство Илир Демири денеска на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов изјави дека Владата и Министерството се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне, односно ќе му бидат покриени трошоците. Системско решение, како што посочи, во предизборниот период и во време на техничка влада, не […]

Ретко е министер за здравство да отседи на целиот панел на Денот на ретки болести


Панелистите на дискусијата за моменталната состојба на лицата со ретки болести и нивните семејства, беа позитивно изненадени што еден министер за здравство отседе на целата конференција, ги ислуша нивните маки, предизвиците со кои се соочуваат и решенијата кои ги  нудат.  – Ретко се случувало министер за здравство да помине толку време на една ваква конференција […]

ЦГК: Во општините има застарени ГУП-ови, често се менуваат и има многу дивоградби


Доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени, покажуваат резултатите од истражувањето „Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби“ што денеска […]

Платформата за родова еднаквост го осудува говорот на омраза во предизборниот период


Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски капацитет и да се воздржат од навреди и ширење на говор на омраза. -И изминатите предизборни циклуси беа одбележани со исклучително силен говор на омраза, кој притоа особено беше фокусиран […]

„Фридом хаус“: Глобалната слобода се влошува, Северна Македонија останува во категоријата делумно слободни земји


Глобалната слобода продолжи да се влошува и во 2023 година, што е тренд кој трае 18 години по ред, соопшти „Фридом хаус“ во штотуку објавен годишен извештај „Слободата во светот“. Северна Македонија, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, останува во категоријата делумно слободни земји во друштво со Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, […]

Во Тетово презентирана нова студија за развој на планинарско-рекреативни патеки на Шар Планина


Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово и Национален парк Шар Планина вчера одржаа презентација студија, стратегија и публикација кои се насочени кон развој на заштитено подрачје како и формирање на бази со податоци. Создадени се Пилот-студијата за планинско рекреативните патeки на НП Шар Планина, стратегија за работа на Инфо Центарот за Шара на ПК Љуботен и […]

Надлежните институции ќе информираат за ефектите од Е-инспектор


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска денеска ќе информираат за напредокот и ефектите од воспоставувањето на Информацискиот систем за инспекциски надзор – Е-инспектор. Најавено е присуство и на директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска и на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат […]