УХМР: Влажен и студен бран ќе донесе и снег на повисоките места


Фото: Б. Грданоски

 

Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија влажни бранови коишто ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветар (над 70км/ч), локално во форма на невреме.

Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса од дожд на планините и повисоките места ќе бидат под снег и ќе се форимира нова снежна покривка. Во текот на овој период врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л.м3 за краток период.

Во Скопје од среда до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината во среда врнежите ќе бидат поројни, проследени со засилен ветар и појава на грмежи. Од петок до почетокот на следната седмица ќе има поголем пад на температурата со повремени врнежи од дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.


Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите же се движат од 4 до 27 степени. Во Скопје од 12 до 23 степени.