Без вода дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на улицата „Ристо Равановски“ бр.12, без вода ќе останат корисниците од улиците „Ристо Равановски“ и „Атинска“ во општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9 часот па се до завршување на работата.