Во Скопје вкупно 141 случај на голема кашлица, нови три од утрово


Бројот на заболени од голема кашлица во Скопје достигна 141 откако претпладнево се регистрирани три нови случаи, потврди за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Според ЦЈЗ, вчера се регистрирани 14 случаи. Засилување на инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да се види навистина состојбата во градинката со […]

Променливо време до крајот на неделава


Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд со пороен карактер проследени со грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег, соопшти УХМР. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневата температура ќе биде во пораст. Нови […]

Македонките меѓу најниските во Европа, мажите близу европскиот просек


Жените во Северна Македонија се меѓу најниските во Европа, а мажите се близу до европскиот просек, покажува анализата на специјализираниот статистички сајт „Ландгеист“, базирана на податоци од NCD-RisC, мрежа на здравствени научници од целиот свет, која соработува со Светската здравствена организација. Просечната висина на Македонките е 160,9 сантиметри, а пониски од нив се само жените […]

Во пораст семејното насилство, жртви – жените, синовите сторители во 16 отсто од случаите


Во 2022 година се бележи пораст за 61% на пријавите за семејно насилство во споредба со 2018 година. 92% од сторителите се мажи, а 80% од жртвите најчесто се жени. До овие заклучоци дошле во Државниот завод за ревизија (ДЗР) по анализа на податоци од Министерството за внатрешни работи. Од ДЗР информираат дека во 2022 година регистриран […]

Санкции од САД за македонската „Сајтрокс“ поради безбедносен ризик и развивање на шпионскиот софтвер „Предатор“


Вчера, Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД означи две физички лица и пет фирми поврзани со развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително и американски владини службеници, новинари , и експерти за политики. Меѓу санкционираните е и компанијата „Сајтрокс“ […]

Македонија купува преносни системи за противоклопна борба „џејвлин“ од САД


Владата ја разгледа и усвои и Информација од Министерството за одбрана за потребата од доделување на договор за набавка на преносливи системи за противоклопна борба, со склучување на договор помеѓу Владата на Македонија и Владата на САД. Притоа е утврден усогласен текст на амандман кон Писмото за понуда и прифаќање (Amendment 1 to Letter of […]

Без вода дел од ул. „Миле Попјорданов“ 2 и корисниците на дел од Љубанци


ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека денеска без вода ќе бидат дел од неколку улици во Општина Карпош и корисниците на дел од Љубанци. Во Општина Карпош, поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-80 мм на ул. „Струшка“ 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на таа улица и дел од ул. „Јуриј Гагарин“. […]

Засилени инспекции во градинките, тестирање и вакцинација против ширење на големата кашлица


Засилување на инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис (голема кашлица) низ целата држава од центрите за јавно здравје за кое досега немаше таква можност, а дигиталната евиденција за вакцинација на децата во вакциналните […]

Променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд


Времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува […]

Преку 600 илјади евра инвестиции во Дојран за подобрување на локалните улици


Министерот за транспорт и врски Благој Бочаврски и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, денеска извршија увид во реконструкција на локални улици во општина Дојран, проект кој се реализира со средства од Министерството за транспорт и врски. Се работи за улици во населените места Николич, Фурка и Црничани и истите се дел од “ Проектот […]

Дебрани ќе плаќаат поскапа вода за пиење


Домаќинствата и правните субјекти, кои користат вода од водоводот Росоки-Дебар добија нова цена на водата за пиење, која веќе се применува со сметките за февруари. Така, метар кубен вода за домаќинствата наместо 19 сега чини 21,40 денари, додека за правните субјекти таа е повисока за 2,67 и изнесува 40,67 денари. Како што информираа од Јавното […]

Мехмедовиќ: 22.395 вакцинирани лица против голема кашлица


Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ во изјава за медиумите информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број, 109 лица, се од Скопје.   „Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично […]

Мечката што го касна данскиот скијач ги штитела своите мечиња


Мечката што гризна дански скијач на Шар Планина, всушност ги штитела своите мечиња.  Данскиот „фри рајдер“ скијач, кој скијал надвор од обележани  скијачки патеки, е добро. Пренесен е во Тетово, каде му се преврзани раните, а своеволно ја напуштил болницата, информираше Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, кој беше на местото на несреќата.  Ангелов апелираше до […]

Пендаровски го потпиша законот за државните кампањи во медиумите


  Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во соопштението од Кабинетот на претседателот се вели: „Во Законот јасно е дефинирано што претставува државна кампања од јавен интерес, на државно или на локално ниво. Истовремено, измените на Законот го […]

ДСЗИ со решение за забрана на ПЗУ „Санте Плус 2“ во Гостивар поради немање дозвола за вршење здравствена дејност


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примано ниво, во просторијата лоцирана на улица „Илинденска” бб во Гостивар, бидејќи нема решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство. Како што посочуваат од ДСЗИ, решението […]

Општина Илинден ќе биде дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“


Работилници против врсничко насилство ќе се одржат и во Општина Илинден, која што се приклучува на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците кои што посетуваат настава во образовните установи во оваа скопска општина, ќе се стекнат со знаења за булингот. Овие едукативни средби ги предводи психолог со практично искуство на темата и работа со лица […]

Мечка на Шар Планина изгризала и изгребала дански скијач по нозете


Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. “фри рајд” скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка. Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира […]

До крајот на неделава променливо време со повремен дожд


Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, до крајот на работната седмица со повремени врнежи од дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите […]

Вкупно 44 македонски компании покажале интерес да работат со тендери на НАТО


  Рамноправност во нудењето на производи и услуги за потребите на Алијансата, зголемено учество на НАТО пазарот и здружувањето на способностите на индустријата од сите земји се дел од препораките на НАТО – Индустрискиот ден што се одржува во Скопје, а на кој учествуваат високи претставници на двете агенции на Алијансата, НАТО Агенцијата за поддршка […]