Синдикат на полицијата: Одговорноста за пасошите да не падне на грбот на работникот


Синдикатот на полицијата повикува да се најдат одговорните за проблемот со новите пасоши, но тоа да не биде на грбот на вработените во полицијата. – Наметнатата состојба со личните документи на граѓаните се уште претставува проблем за вработените во МВР. Очигледно некој се води кон тоа дека нашите колеги се одговорни за тоа. Или некој […]

Поројните дождови во Пелагонија поплавија ниви и излеаја канали


  Поројните дождови кои од синоќа врнеа во Пелагонскиот регион ги излеаја каналите и ги поплавија нивите во пониските делови на Пелагониската рамница.  Според УХМР најмногу дожд изминатото деноноќие наврнаа во Битола 43 литри на м2, Крушево  38, Прилеп 35 литри.  Жители на селата Долно Српци и Вашарејца се жалат дека по поројниот дожд им […]

„Лајка“ започнува со едукативен караван низ скопските училишта


Во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје, Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници „Лајка” Скопје започнува едукативен караван во скопските училишта на тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик” на која децата ќе имаат можност да се едуцираат и да […]

Одржана дебата со ученици од средните училишта за подигнување на свеста за органодонорство


Во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за органодонорство и трансплантација во земјава, изминатата недела во просториите на  „Еurope house“ Скопје се одржа дебата со ученици од средните училишта на тема органодонорство. На дебатата учествуваа ученици од средните државни училишта „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Здравко Цветковски“, „Лазар Личеноски“, „Панче Караѓозов“, како и […]

Истекол хлор во филтер-станица во Виница, вработените на кислород


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно седум пожари на отворено во државата во последното деноноќие. Регионалните ЦУК Скопје и Битола информирале за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово  за по еден изгаснат пожар на отворено. ОД ЦУК соопштуваат за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета […]

Најмногу дожд во Битола 43 литри на квадрат, снег на Попова Шапка и во Крушево


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Битола 43 литри на метар квадратен, во Крушево 38, Прилеп 35 Прилеп, Гевгелија 33 и во Охрид 26 литри, соопшти УХМР. Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри. Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни […]

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека


Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 06:30 часот е укината, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и […]

Март – национален месец за подигање на свеста за рак на дебело црево


Март годинава е национален месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево. Mесец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, е многу битен за информирање на граѓаните, за четвртиот најчест тип на рак во Соединетите Држави и светот. Со над 100.000 нови случаи секоја година и над еден милион вкупно случаи, […]

Комисијата за заразни болести ќе заседава, 123 случаи на голема кашлица во Скопје


Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се расправа за состојбата со големата кашлица и грипот, како и за евентуални мерки што треба да се преземат.  Од почетокот на годината, заклучно со вчера попладне, вкупно 123 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, изјави за МИА доктор Лулзиме […]

Облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе намалат


Времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 5 март 2024 година, 65-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 301 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 2 минути, а ќе зајде во 17 часот и 29 минути. Денов трае 11 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Битиќи на „Копаоник бизнис форум“: Преку регионална соработка до зголемена конкурентност на домашните економии


 Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска учествуваше на „Копаоник бизнис форум“, кој се одржува во Србија, соопшти владината прес-служба. Битиќи говореше на панел дискусијата на тема „Западен Балкан: Регионална економска соработка“. Тој истакна дека меѓусебната соработка и создавањето на силна економска меѓузависност, наместо зависност, во […]

Бојмацалиев: Внатрешна контрола истражува зошто граѓаните не можат да ги подигнат готовите пасоши


Во изјава за Сител Телевизија, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан зошто граѓаните не можат да ги подигнат своите готови патни исправи, на што тој рече дека за ситуацијата се истражува од внатрешна контрола на МВР. „Има доволен број навработени, ќе се испита целата ситуација, ќе се најде проблемот и ќе има […]

Отворена сензорна соба во „Здравко Цветковски“


Со проектот за поддршка за средношколците со попреченост, се отвори првата сензорна соба во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“. Сензорните соби во рамките на средните училишта ќе им овозможат полесен и современ тек на образовниот процес на средношколците со попреченост. Град Скопје инвестира во активности и обука на стручни лица за реализација, со […]

Андоновски: Можност вработените во општините по сопствена волја да го променат работното место


За дигитализацијата на услугите во општините, можноста за мобилност на вработените, флексибилно работно време и други теми разговараа денеска секретарите на општниите со Стефан Андоновски, дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација. -Се надевам дека оваа средба ќе биде почеток на една успешна комуникација – во која ќе имаме заеднички позитивни аспекти и […]

ДИК предлага преодна одредба да важат старите важечки документи за овие избори


  Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски денеска изјави дека ДИК предлага во Изборниот законик да се внесе преодна одредба со која ќе се овозможи на овие избори да се гласа и со старите важечки документи. – Како ДИК до Собранието дадовме еден предлог до Собранието – во Изборниот законик да се направи измена […]

Скопјанка паднала во автобус на ЈСП, тешко е повредена


Повозрасна скопјанка е тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП.  – На 03.03.2024 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Видое Смилевски Бато“ паднала патничката Н.Ј.(84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата.   Извршен бил […]

Од 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“


Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) најави штрајк којшто ќе почне од 7 март сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“.  – Штрајкот нема да се прекине до моментот кога ќе се исплатат платите и додатоците од јануари и февруари, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП […]

Герасимовски: Целосно го реконструиравме детското фудбалско игралиште близу ССМ


Службите на Општина Центар ја поставија новата подлогата, оградата и головите на постоечкото фудбалско игралиште за децата кои живеат близу зградата на синдикатите ССМ. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека детските и спортски игралишта се најзначајни за правилниот раст и развој на децата затоа се работи на нивна комплетна реконструкција. – Во изминатиот […]

Демократски сојуз бара забрана на наркобизнисот во Македонија


Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува, над 70 фирми произведуваат канабис без ефикасна контрола од државните институции и производството се пласира на нелегалниот пазар, со што се шири нарко бизнисот и злоупотребата на канабисот. Присуството на експерти од странство за борба против наркобизнисот во Македонија потврдува дека овој криминал поприма сериозни […]