ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица


Во државава од 11 до 17 месецов се пријавени 253 случаи на групни пријави за заболени од грип, односно заболувања слични на грип, што е за 40,7 проценти помалку во споредба со претходната недела. Како што стои во Извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип во земјава за 11-та недела, бројот на пријавени лица […]

Рамсторе Македонија-Пролетта ја започнуваме во насока на убавината


Денес, 21 март првиот ден на пролетта, во знак на пролетното будење на природата и во насока на убавината,  Рамстор во  соработка со Општина Центар и ОУ” Гоце Делчев” засадивме украсни садници во рамки на училишниот двор. Со помош на вредните рачиња на учениците од III одделение заедно со вработените од Рамсторе и Општина центар […]

Ковачевски: Скопје е развластен град


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ се приклучија на акцијата на општинската администрација и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во акцијата на садење дрва и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта.Во изјавата за медиуми, Ковачевски истакна дека со оваа активност Општина Центар […]

Близнаковски: Дијаспората не е заинтересирана за изборите во Македонија


Иако македонската дијаспора е бројна, се покажува дека таа не е заинтересирана за изборите во татковината. Тоа се покажува и сега кога нема доволно пријавени гласачи за парламентарните, а само скромен е бројот на оние кои ќе имаат можност да гласаат за претседателските избори- вели Слободан Близнаковски, директор на Агенцијата за иселеништво во емисијата „Слободен […]

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село


За своите активности на полето на општествената одговорност, „Макпетрол“ доби признание од СОС Детско Село. Оваа организација ја награди компанијата и ја вброи меѓу најголемите донатори и поддржувачи за изминатата година. Во 2023 „Макпетрол“ стана кум на куќата што го носи името „Верна“ и во која живеат деца со нивните згрижувачки родители. Компанијата донира средства […]

Учениците од Карпош ќе компостираат органски отпад


Поттикнати од соработката со невладини здруженија кои работат на проекти од областа на екологијата, Општина Карпош набави 10 ротирачки компостери кои ги постави во дворните места на сите основни училишта, кои се во нејзина надлежност. Станува збор за уреди од француско производство составени од два ротирачки барабани со волумен од 190 литри (секој), кои можат […]

Студентите и вработените на ФИНКИ учеа пред Владата – реално, учат во простории на осум различни факултети


Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска го изразија незадоволството од условите за студирање со мирен протест пред Владата, барајќи соодветен простор за работа. На протестот под мотото „ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“, студентите поставија импровизирана училница со цел да привлечат внимание за нерешните просторни услови. Деканот […]

Тренчевска: Добрите навики се стекнуваат од најрана возраст


Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацлиев денес беа на активност под името „Реката убава мила, доколку е чиста поубава би била” во организација на ЈОУДГ „Ангел Шајче”. Активностите беа организирани по повод Денот на пролетта и Светскиот ден на водите. „Нашата посветеност […]

Тетовци ќе плаќаат четири пати поскапо за собирање на ѓубрето


Откако австриската „Заубермахер“ ја презеде работата за отстранување на ѓубрето во тетово, граѓаните сега ќе плаќаат четири поскапи сметки за оваа услуга, обвинија денеска од ДУИ. Пратеничката од ДУИ Рина Ајдари предупреди за зголемување на сметките за вода и општинските услуги во Тетово. Ајдари оцени дека општината го пренамени општинското претпријатие во јавно-приватно партнерство за, […]

На Меѓународниот ден на шумите средношколците садеа во паркот Гази Баба


По повод одбележување на 21 Март – Меѓународниот ден на шумите, Град Скопје во соработка со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема еко акција за пошумување на парк шумата Гази Баба. Во рамките на оваа еко акција, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска заедно со 100 ученици засадија […]

Остранети знамињата на Албанија и ОНА од тетовското кале


Остранети се знамињата на Албанија и ОНА од црквата и манастирскиот двор на тетовското кале, кои вчера попладне биле забележани, а случајот веднаш e пријавен во СВР Тетово. „Вчера попладне во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата “Свети Атанасиј” во истоимениот манастирски комплекс на […]

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран


Најстудено утрово е во Берово – 6 степени, -3 степени се измерени на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка, Претор, Битола, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Струмица, -1 во Охрид, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Куманово, 0 во Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, 2 во Гевгелија и 5 степени во Дојран. Управата за хидрометеоролошки […]

Без струја делови од Чучер Сандево, Петровец и Аеродром


Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат повеќе места во Општина Чучер Сандево, Петровец и Аеродром. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, без електрична енергија во Чучер Сандево од 9 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Танушевци, […]

Ќе се избира член на Советот на јавни обвинители


Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, со изборно место број 5.  Како што информираат од Советот, гласачкото место се затвора во 16 часот. – Комисијата која ги спроведува изборите во ЈОРСМ […]

Сончево со студено утро


Времето денеска изутрина ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени Целзиусови. И во Скопје наутро […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 21 март 2024 година, 81-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 285 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 35 минути, а ќе зајде во 17 часот и 47 минути. Денов трае 12 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Без вода утре повеќе улици во Кисела Вода


Без вода утре ќе бидат улиците „Борис Трајковски“, „Виктор Иго“, Невена Ѓоргиева Дуња“ и дел од улица „Иван Козаров“, соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект од ф 200мм на улица „Иван Козаров“ бб-кај зградата на Фиком. Без вода корисниците ќе бидат од 9 часот до завршување […]

Починала жената која беше турната од тераса во Охрид


Почина жената која беше турната од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид. Настанот се случи на 8 март, а три дена подоцна СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица, јави порталот Охрид 1. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено […]

Македонија на второ место во Европа по загаденост


Специјализирана швајцарската компанија за испитување на загаденоста на воздухот, IQAIR денеска го објави Извештајот за аерозагадувањето во 2023 година. Македонија според овој извештај и годинава останува на второто место од 43 држави во Европа според загадувањето на воздухот. Според податоците од Извештајот, иако има подобрување од 0,4 микрограми на метар кубен помалку ПМ 2,5 честички, […]

ИЈЗ: 12 деца се затруле во градинка во Берово


Вработени во подрачната единица на Центарот за јавно здравје Берово минатиот месец пријавиле епидемија кај заболени деца кои престојуваат во детска градинка. Регистрирани биле 12 деца, лабораториски потврдени на салмонелоза, пишува во новиот билтен на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во државата во месец февруари. Откако надлежните направиле епидемиолошко истражување, дале […]