Најбројниот факултет утре на протест пред Владата: Бараат „подобри услови за студирање“


Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со одлука на деканатската управа, утре во 12 часот излегува на мирен протест пред Владата. Покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од факултетот соопштија дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна […]

Плати кафе со поезија во Пехчево по повод Светскиот ден на поезијата


Пехчевската библиотека „Кочо Рацин“ и годинава се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на поезијата. Настанот и годинава беше одбележан во рамки на иницијативата „Плати кафе со поезија“ со читање авторски дела од познати македонски поети и писатели. -Денеска по тој повод во кафе бар Ким се одржа поетско стихотворење. Се пишуваше поезија од страна […]

„Посакувам ова семејство да се шири и да расте“: Првата дама со поддршка на мисијата на СОС Детско Село


Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настанот „Едно семејство“ што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село. Со овој настан СОС Детско село им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација. Обраќајќи се пред присутните, сопругата на претседателот истакна дека резултатите коишто СОС Детско […]

Финансиска поддршка за санација на кровови на станбени згради за колективно домување во Кавадарци


 Општина Кавадарци денеска објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување. На јавниот повик може да се пријават заинтересирани сопственици на заеднички делови од  колективни објекти за домување.  -Финансиската поддршка за реконструкција на кровови и кровни покривачи е насочена кон замена на постоечки азбестни […]

Владата мора да спроведува закони, затоа се намалени коефициентите, вели Џафери


  Законите коишто се носат се обврска да се спроведуваат, а Владата има обврска да спроведува закони. Од таа причина, усогласување на коефициентите на лицата коишто се во рамки, во надлежност на Владата се усогласени со законските решенија, вели техничкиот премиер Талат Џафери. Во однос на вчерашната одлука на Владата за намалување на коефициентите за […]

„Стоби“ со над 180 илјади евра неповратни средства од ЕУ, стана поатрактивен за посетителите


               Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посетија Археолошкиот локалитет „Стоби“ каде што се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина […]

Тренчевска пошумуваше во Валандово


По успешното спроведување на кампањата „Гласна и храбра“ во 2023 година со цел подигање на свеста за важноста од добросостојба на жените и нивно економско зајакнување од страна на Министерството за труд и социјална политика, предводена од министерката Јованка Тренчевска, оваа година се спроведува продолжението на кампањата – „Гласна и храбра 2“. Овој март кампањата […]

Се реконструира отворениот канал за атмосферски води во Стајковци


Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски изврши увид во реконструкцијата на отворениот канал за атмосферски води во Стајковци. Според него ова е првата фаза и опфаќа реконструкција на 430 метра во каналот, а целиот проект вкупно чини над 10 милиони денари пари издвоени од буџетот на општината. „Утрово направивме увид во градежните работи за реконструкција […]

Герасимовски и Дарко Корен од Хрватска разменуваат искуства за енергетиката, децентрализацијата и европските фондови


Делегацијата на Копривничко-крижевачка жупанија денеска во посета на Општина Центар, со цел да се продлабочи меѓусебната соработка. Жупанот Дарко Корен и градоначалниот Герасимовски на работниот состанок ги разгледаа можностите за размена на искуствата во доменот на енергетиката, децентрализацијата, користењето на европските фондови. „Спогодбата за соработка во институционалната, економската и културната дејност меѓу Копривничко-крижевачката жупанија, која […]

Фирмата што во 2013 доби дозвола се подготвува да гради катна гаража залепена до Собранието


  Се будат злите духови на „Скопје 2014“ – фирмата што доби дозвола во 2013 година започнала активности за да ја гради катната гаража до Собранието на Македонија, која ќе биде залепена до зградата на парламентот. Според информациите со кои дојде Рацин.мк, на 12 февруари 2024 година до Собранието, фирмата „Анго дооел“ доставила „Барање за […]

Резултати од конкурсот за доделување 500 стипендии за ученици од дуалани паралелки од здравствена струка за учебната 2023/2024


Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување 500 стипендии за ученици од дуалани паралелки од здравствена струка за учебната 2023/2024 година. На веб-страницата на МОН е објавена листата на добитници на оваа стипендија и е достапен за преземање Договорот за стипендија кој секој добитник треба да го пополни во три […]

Со трактор го искршил влезот во казино во Битола


  БИТОЛА – „Нова мода“ во Битола. Инцидентите во казина и обложувалници се множат од ден во ден. Во текот на минатата година според битолската полицијата евидентирани се 7 случаи, а само овој месец има два нови случаи на деструктивно однесување во објекти на казина. Психолозите алармираат на сѐ почесто навлекување на младите битолчани на […]

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство


Општина Кочани ќе биде дел од општествено одговорната кампања преку која „Макпетрол“ дава придонес во решавањето на проблемот со булингот. Учениците кои посетуваат настава во основните училишта во општината ќе се стекнат со знаења за врсничко насилство. Тие ќе учествуваат во работилници со психолог којшто, врз основа на своето долгогодишно искуство на справување со проблемот, […]

Во Кавадарци се отвора Интервентен центар за привремено згрижување на лица во социјален ризик


Заврши реконструкцијата и пренамената на постојниот објект на улица „7 Септември“ во Кавадарци во Интервентен центар за привремено згрижување на лица во социјален ризик. Во рамките на овој интервентер центар има шест апартмани кои ќе бидат во функција за лица во социјален ризик, кои имаат потреба од времено сместување, како и жртви на семејно насилство. […]

Уште едно обвинение за Мерко, сега за за несовесно работење


  Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на […]

Финците најсреќни, Авганистанците најнесреќни, Македонците на средина – на 84 место


Њујорк – Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја во светот освојувајќи ја титулата седма година по ред, се вели во Извештајот објавен денеска под покровителство на Обединетите нации. Северна Македонија е на 84. место, додека младите под 30 години во земјава се нешто посреќни и се наоѓаат на 67.место. Што се однесува на земјите од […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Битола


На Попова Шапка утрово е измерена најниска темепратура од -9 степени. Следат Маврови Анови со -6 степени, -5 Крушево, -4 Крива Паланка, Берово, -2 Претор, Битола, -1 Скопје-Петровец, Виница, Охрид, Прилеп, Тетово, 0 Струмица, Штип, 1 Демир Капија, Кавадарци, 2 Скопје-Зајчев Рид, 3 Велес и Дојран и 5 степени во Гевгелија. За изминатите 24 часа […]

Овчи сипаници, ентероколитиси и пертусис – најчести акутни заразни заболувања во февруари


Најчести пријавувани акутни заразни заболувања во февруари биле овчите сипаници – 661, по што следуваат ентероколитиси – 207, па пертусис или големата кашлица – 120 случаи, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. – Во однос на претходниот месец – јануари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 26,8 отсто, […]

Без вода дел од општините Сопиште, Карпош, Сарај и Центар


Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во општините Сопиште, Карпош, Сарај и Центар, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинато водоснабдување поради уличен дефект ф 125 мм на ул.18 бб во Сопиште денеска ќе имаат корисниците од село Добри Дол. Прекинот ќе биде од 07:00 часот до завршување на дефектот. Поради […]

Почнува пролетта


Пролетта почнува денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.  На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и […]