Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер […]

Отворен ден на Армијата по повод годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од основањето на Алијансата


На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден на Армијата, организиран по повод четиригодишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата. На отворениот ден ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин. Граѓаните на […]

Манолева: Прифатена Декларацијата за заштита од тутунски чад поддржана од СЗО


Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска учествуваше на состанокот организиран од Светската здравствена организација на којшто петте земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија ја прифатија заедничката Декларација за заштита од тутунски чад. Документот е одобрен и поддржан од СЗО Европа и содржи низа конкретни чекори […]

Бојмацалиев: Пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти


Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски за време на посетата на ОВР Ресен ги посетија и реконструираните простории на управните служби на оваа организациска единица. Целосната реконструкција на ОВР Ресен е во вредност 12.800.000 денари. Бојмацалиев и Тасевски ги посетија вработените во реконструираните простории […]

„Дрекселмајер“ подари специјално возило за лицата со попреченост во Прилеп


Специјално возило со автоматска рампа за лицата со попреченост како донација доби прилепската локална самоуправа од компанијата „Дрекслмајер Македонија“. Возилото е опремено за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со попречености. Како што информираат од Општината, целта на донацијата е на граѓаните со […]

МД „Илинден“-Тирана го актуелизира барањето за 24-часовно функционирање на граничниот премин Џепиште -Требиште


 Македонското друштво „Илинден“ – Тирана повторно го актуелирира барањето владите на Северна Македонија и на Албанија, да го реализираат договореното, граничниот премин Џепиште – Требиште во близина на Дебар, да функционира 24 часа. -Бараме од владите на Албанија и Македонија целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, што е неопходно […]

„Пакомак“ ќе донира по 2 денара за секоја лименка или пластично шише


„Пакомак“ ќе донира по 2 денара за секоја лименка или пластично шише одложени во наменски поставената повратна вендинг-машина во ОУ „Ј. Х. Песталоци“. Оваа акција е договорена помеѓу „Пакомак“ и Општина Центар, а вчера и официјално беше потпишан меморандум за соработка. Со цел интензивирање на селекцијата на отпад во основните училишта на територијата на општина […]

Дел од општина Карпош без вода


 Без вода утре од 9 часот ќе бидат дел од жителите на општина Карпош, лоцирани на улица „Никола Русински“ број  2. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Никола Русински“ број  2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато додека не се санира дефектот. 

Викендов сончево и топло, од понеделник со дожд


За време на викендов времето ќе биде сончево и релативно топло. Во недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Поради продор […]

Лекарска комора бара веднаш да се расветли убиството на матичниот доктор


Лекарската комора на Македонија преку социјалната мрежа Фејсбук го осуди убиството на матичниот лекар на паркингот на Поликлиниката Железара. Бараат од истражните органи да го расветлат случајот. -Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара, што предизвика силна вознемиреност кај докторската фела. Истакнуваме дека никаков вид на […]

Лекар избоден до смрт пред поликлиниката „Железара“ во Скопје


  Лекар е убиен пред поликлиниката „Железара“ во Скопје во неговиот автомобил со повеќе убодни рани. Станува збор за Ацо Трповски (67), кој бил матичен лекар и неговата ординација била во поликлиниката. Автомобилот во кој е пронајдено неговото мртво тело бил на паркингот во близина на поликлиниката. Тој бил пронајден во 23 часот од неговите […]

Одбележување на 75 години од формирањето на НАТО


Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со локалната самоуправа, денеска со почеток од 15:00 часот на плоштадот Александрија во Прилеп организираат отворен ден за граѓаните. Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата. На […]

Минусни температури во Берово и Лазарополе


Најниски темепратури утрово се измерени во Берово -3 степени Целзиусови и во Лазарополе -2 степени. Следат Попова Шапка со 0 степени, 1 во Маврови Анови, Крива Паланка, Претор и Битола, 2 Охрид, Струмица, Демир Капија, 3 Штип, Крушево, 4 Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Гевгелија, 5 Велес и 6 степени во Скопје кај Зајчев Рид, Куманово, Кавадарци, […]

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје претпладне променливо облачно, […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 22 март 2024 година, 82-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 284 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 17 часот и 49 минути. Денов трае 12 часа и 15 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Муцунски почна изградба на парк на влезот во Лисиче, „Радост“ кај ПСС го заборави


На самиот почеток на пролетта започна изведбата на новиот парк лоциран на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот „Февруарски поход“. До крајот на следниот месец Аеродром ќе добие нов простор кој ќе биде целосно уреден со зеленило и урбана опрема и каде ќе биде поставено македонското знаме. Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна истакна дека […]

Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец


 Претседателот Стево Пендаровски денеска во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на методско показна вежба на тема „Лесен пешадиски вод во извршување на наменски задачи: патролирање, чистење на патен правец и реакција на контакт“, соопшти неговиот Кабинет. Вежбата ја спроведоа околу 100 припадници на Првата пешадиска бригада на Армијата. Сценариото на вежбата опфати […]

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека добил негативно мислење бараките во кои се сместени вработени на Бирото за развој на образование да бидат отстапени на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) чие раководство и студенти бараат соодветен простор за работа. -Јас овие информации ги имам доставено до ФИНКИ дека […]

Преку работилници младите ќе учат за климатски акции


Преку работилници, и средби со активисти учениците ќе имаат можност да научат повеќе за зачувување на природата и животната околина, а денеска, во Градскиот парк во Скопје се одржа интерактивна прошетка за климатска акција и едукација.  МОН е посветено на подигнувањето на свеста на учениците за екологијата, па во рамки на реформата на образовниот систем, […]

Во Прилеп се одржа прв симпозиум на медицинските сестри од примарното здравство


Достоинствена професија, подобри услови и повисоки плати, порачаат медицинските сестри од примарната здравствена заштита на денешниот прв Симпозиум што го одржаа во прилепскиот хотел „Салида“. Задоволни се што формираа посебно друштво во рамки на здруженијата за да се решаваат поефикасно проблемите. Според Горданка Бешлиовска, претседателка на здружението на медицински сестри акушерки, стоматолошки сестри, кое ја […]