Захарова смета дека САД се кријат зад ИСИС


По нападот на концертната сала во предградието на Москва, „САД се обидуваат да ја спасат Украина со спомнување на терористичката група Исламска држава (ИСИЛ), забранета во Русија, и да се покријат себеси и режимот Зеленски што го создаде“, напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во авторска статија за Комсомолскаја правда. „Американските […]

Археолошкиот музеј обоен во црвено по повод Светскиот ден за борба против туберкулозата – 24 март


Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје, заедно со професионалните здруженија: Македонското лекарско друштво, Здружението на пневмофтизиолози, Македонското респираторно здружение и Македонското педијатриско респираторно здружение се вклучија кон годинешните активности на „Stop TB Partnership“, што претставува интернационална иницијатива и партнерство под закрила на Обединетите Нации, по повод одбележување Светски ден за борба против туберкулозата (ТБ) […]

ЦУК: Во изминатите три дена 55 пожари на отворено


Во изминатитет три дена дена имало 53 пожари на отворено, а само во последното деноноќие 22, соопшти ЦУК. Пожари имало во Охрид, Тетово, Скопје, Куманово, Штип, Битола, Велес и Струмица. Карактеристичен пожар што предизвикал дополнителна штета, освен на вегетацијата, е во Велешкиот регион каде што пожарникарите од ТППЕ Велес од 13.12 до 14.48 часот вчера, […]

Најстудено утрово на Попова Шапка, засилен ветер во Штип


Утрово најниска температура е забележана на Попова Шапка, – 4 степени Целзиусови. Еден степен под нулата се измерени во Лазарополе и во Маврови Анови. Потоа следат Крушево со 0 степени, 2 во Берово, 3 Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Виница, 4 во Тетово, Битола, Скопје – Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Дебар и Велес, 5 во […]

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара


Матичните лекари од приватното здравство денеска од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, откако во петокот нивен колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара. Претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова во изјава за МИА во петокот истакна дека е неопходно да […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи, особено претпладне. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 […]

За три месеци седум деца заболени од туберкулоза, најмалото има една година


Расте бројот на деца кои заболуваат од туберкулоза. По повод Светскиот ден на туберкулозата – 24 Март, од Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле за Мета.мк велат дека има тренд на пораст на бројот на заболени. На оваа клиника се наоѓа единствениот оддел во државата каде што се дијгностицира и третира туберкулоза […]

Претпладне повремени врнежи од дожд, на планините снег и пад на температурата


Во текот на ноќта и утре особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h), соопшти Управата за хидро-метеоролошки работи. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе опадне. До четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно […]

Рекорден број учесници на Државниот рецитаторски натпревар


Постигнат е историски рекорд на Државниот рецитаторски натпревар во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература – организацијата со најдолга традиција во организирање натпревари од областа на македонистиката за ученици од основните и средните училишта во државата. Како што соопштија денеска организаторите, за натпреварот што се одржа вчера, огромен интерес искажаа училишта […]

Без струја утре населба Радишани и село Радишани


 Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од населба Радишани и село Радишани, во Општина Бутел. Како што соопшти РЦУК – Скопје, врз основа на информации од ЕВН Македонија АД, населбата и селото Радишани ќе бидат без струја во периодот од 09.10 до 14.30 часот. 

Во Берово најстудено, минус 1 степен


Во Берово утрово е измерена најниска температура од -1 степени Целзиусови. Следат Попова Шапка со 0 степени, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе, Струмица, 3 Охрид, Куманово, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Крушево, Претор, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 5 Виница, Гевгелија и 6 степени во Демир Капија. Времето денеска сончево и релативно топло со […]

Штипска Брегалница се дави во отпад, пречистителната станица актуелна осум години


Пластични шишиња, ќеси, лименки, телевизори, делови од автомобили, градежен шут го „красат“ коритото, но и водата во реката Брегалница, почнувајќи од бањата „Кежовица“ се до мостот на експресниот пат Штип-Радовиш, каде е главната колекторска цевка на градот Штип. МИА на 22 март кога штипјани го празнуваат неколкувековниот обичај „Четрсе“ и доаѓањето на пролетта беше во […]

Отворен ден на Армијата во Кичево по повод 75 години од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство


На градскиот плоштад, покрај Домот на Културата во Кичево, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со општина Кичево организираат отворен ден за граѓаните. Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од […]

Сончево и релативно топло, кон крајот на денот со услови за дожд


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер над 70 km/h. Минималната температура […]

Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата


Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје. На отворениот ден беа […]

Град Скопје контра ВМРО-ДПМНЕ: Градинките ќе градат кога Советот ќе донесе законски спроведливи одлуки


Единствена причина поради која се блокира градба на две градинки, две училишта и спортска сала е неписменоста на советниците на ДПМНЕ во Град Скопје. Жалиме што неписменоста на ДПМНЕ се рефлектира континуирано врз секојдневниот живот на граѓаните на градот Скопје, кои нема да добијат нови училишта и градинки бидејќи советниците на ДПМНЕ во Град Скопје […]

Стоилковски: Арсовска блокираше градба на две градинки, две училишта и спортска сала


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, според ВМРО-ДПМНЕ донела скандалозна одлука против својот народ, против скопјани и против градоначалниците и општините кои се борат за градба градинки, училишта и спортски објекти. „Арсовска донесе скандалозни решенија за запирање на процесот на градба преку ослободување на плаќање на надоместок на две градинки, две основни училишта и еден спортски […]

Продолжува проектот „Бесплатно пливање“ за првоодделенците и дечињата со попреченост од општина Аеродром


Општина Аеродром и понатаму продолжува со сопствени средства да дава поддршка за реализација на проектот „Бесплатно пливање“ за учениците од прво одделение и дечињата со попреченост. Денеска, градоначалникот Тимчо Муцунски придружуван од претседателот на советот, Дејан Митески и министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски присуствуваа на еден од часовите наменети токму за дечињата […]

Од утревечер дожд и опаѓање на температурите


Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h), информираат од УХМР. Поради продор на […]

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на ул. „Никола Русински“ 2 и во Ракотинци


ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради улични дефекти прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од  ул. „Никола Русински“ 2 и во Ракотинци.  Водоснабдувањето на ул.„Никола Русински“ 2, ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Поради уличен дефект на ул. 5/8 и дефект на приклучна цевка на ул. […]