Како е да си македонски студент на Харвард?


Лука Павиќевиќ, доскорешниот претседател на Сојузот на средношколци, од оваа година академска година е бруцош на најпрестижниот универзитет во светот, „Харвард“. Иако е на почеток на студиите, неговиот професор по Политика на американското образование, Пол Питерсон, веќе го ангажирал како негов истражувачки асистент. Со Лука поразговаравме за тоа како е да се биде македонски студент […]

За штетата направена од ратраците на Шар Планина, Инспекторатот побара 27 илјади евра


За штетите врз природата поради движење со моторни возила и одвивање на забранети активности во национален парк, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) побарал вкупно парични казни од 27 илјади евра за два правни субјекти кои употребувале т.н. „ратраци“ на подрачје на Шар Планина. Според известувањето на Државниот инспекторат, правните субјекти одбиле да ги потпишат […]

Објавени повиците на МОН за финансиска поддршка на ученици и студенти


Министерството за образование и наука денеска го објави повикот за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и повикот за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година. Двата јавни повика се дел од […]

Јохансен: Да се намалат трошоците што луѓето од свој џеб ги плаќаат за здравствени услуги


Здравството има остварено голем напредок во периодот на мојот престој тука. Покриеноста со здравствено осигурување е речиси целосна, универзална. Работиме исто така, бидејќи има уште простор за подобрување, да се намалат трошоците што луѓето од свој џеб ги плаќаат за здравствени услуги, особено работиме на примарното здравство, зашто Владата го усвои Законот што овозможува подобар […]

ЗНМ ги осуди заканите кон екипата на ТВ 24 на митингот на ВМРО-ДПМНЕ


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува агресивниот однос и вербалните закани кон новинарката Елизабета Дамјановска и нејзиниот колега снимател од ТВ 24, кој се случил за време на синиќешниот партиски митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред владата од страна на непознато лице. „Бараме од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ како и до останатите учесници во изборната […]

Единаесет македонски државјани од сообраќајката во Италија пуштени дома по укажаната лекарска помош


Во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во Италија, Министерството за надворешни работи (МНР) преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Северна Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба. Како […]

Дали семејната кавга ќе го банкротира „Ван Хол“?


  Белгискиот производител на автобуси „Ван Хол“ соопшти дека му е потребна уште една недела за да го трасира патот за „одржлива иднина“ откако обидите да се одобри планот за обновување запреа. Претходно беше кажано дека 31 март е краен датум за изнаоѓање решение за финансиските проблеми, но во соопштението оваа недела, компанијата објасни дека […]

Расчистена е дивата депонија во Капиштец, карши Католичка црква


Општинските служби ја расчистија депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад. Депонијата беше потенцијален извор на разни инфекции, но и опасност за безбедноста поради собирање бездомници кои палеа оган од насобраното ѓубре. „Ваквите депонии […]

Со онлајн работилница со Илина Арсова започнува „РЕсет“ платформата за добросостојба на Реплек – приклучете се!


Вечерва со почеток од 19:00 часот започнува онлајн работилницата на која нашата истакната уметница и планинарка Илина Арсова ќе ги сподели своите животни навики и мотивациски тактики за здраво тело и дух, а присутните ќе можат директно да комуницираат со Арсова и да постават прашања или да споделат искуства и мислења. Арсова е позната по […]

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“


Македонското лекарско друштво (МЛД) и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје денеска организираат свеченост по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, што се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“.  На свеченоста најавени се обраќања на претседателот на МЛД д-р Горан Димитров, министерот за здравство Илир Демири и на специјалната претставничка […]

Сончево со мала локална облачност, максималните температури од 20 до 28 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 5 април 2024 година, 96-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 270 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 19 часот и 14 минути. Денов трае 12 часа и 54 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во […]

Пожар кај Русиново се шири кон Безгашчево


Пожарот кој попладнето избувна во месноста Губенек, атар на село Русиново, продолжува да се шири кон месноста Безгашчево. Екипите на ТППЕ Берово и Национални шуми кои го гаснат пожарот напоменуваат дека ситуацијата е опасна поради ветерот кој го проширува обемот на опожарените предели. Во пожарот претходно командирот на единицата Сашко Руменовски, информираше дека е зафатена […]

МНР: Возач на македонски туристички автобус загинал во сообраќајка во Италија, 12 патници се полесно повредени


Возач на автобус, македонски државјанин роден 1965, загинал денеска во сообраќајна несреќа во Италија, а 12 патници, исто така македонски државјани, се полесно повредени, соопшти Министерството за надворешни работи. МНР било информирано од нашата Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која  учествувал […]

„Поштата е брза, само споро стигнува“ – скулптура на полжав поставена пред Поштата во Скопје


Пред Поштата во Скопје денеска беше поставена скулптура на полжав, како дел од герила акцијата насловена „Поштата е брза, само споро стигнува“ на Центарот за современи уметности. Организаторите посочуваат дека со ваквата акција, сакаат да го потенцираат проблемот со брзината на испорачување на пратките. На поставената фигура, дополнително пишува „Поддршка на синдикатот на вработените во […]

Манолева: Кумановската болница вложува во човечки капитал – вработени 199 лица


Заменик-министерката за здравство Маја Манолева денеска беше во посета на Општата болница во Куманово каде изминатите неколку години се реализирани бројни активности за унапредување на квалитетот на работа на установата преку инвестирање во трите столбови – инфраструктура, медицинска опремна и кадровски потенцијал, соопшти Министерството за здравство. – Со поддршка од Министерството за здравство изграден е […]

Расте интересот за вакцинација од појавата на првиот случај на пертусис во Куманово


Зголемен е интересот за вакцинација по појавата на првиот случајот на пертусис. Од крајот на јануари досега вакцинирани се над 1.700 предучилишни дечиња и 915 деца на училишна возраст, соопштија денеска надлежните од вакциналниот пункт од Здравствен дом Куманово. -Имаше голем број невакцинирани деца дали со втора, трета доза, дали со ревакцина, ние тука постигнавме […]

Министерот за труд и социјала го разреши директорот на Меѓуопштинскиот центар во Радовиш


Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски донесе решение за разрешување на Александар Филев од директор на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Радовиш по добиеното известување на 03.04.2024 од СВР Струмица. На Александар Филев, според Известувањето од Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш – ОСИД, […]