Три лаборатории ќе ја испитуваат водата за пиење во Куманово, поголем процент од градот нема вода за пиење


Поголем дел од Куманово, 60 до 70 проценти, немаат вода за пиење, соопштија денеска надлежните од Јавното претпријатие „Водовод“.

Надлежните од претпријатието на денешната прес-конференција по завршување на општинскиот кризен штаб посочија дека ќе се преземат сите мерки за надминување на состојбата, но дека за безбедноста на водата ќе ги почекаат резултатите од Центарот за јавно здравје Куманово.

Дополнително, и екипите на „Водовод“ ќе извршат проверки и уште независна лабораторија.