УХМР: Утре сончево и топло, попладне поројни дождови на истокот


Фото: Б. Грданоски

УХМР извести, во 17:30 часот, сублимирано за времето денеска и во наредните денови:

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
14 Попова Шапка, 16 Лазарополе, 19 Маврови Анови, 21 Крушево, 22 Претор, 23 Охрид, 24 Тетово, Берово, 25 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 26 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, 27 Виница, 28 Штип, 29 Струмица, 30 Велес, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m2)
8 Скопје-Петровец, 6 Попова Шапка, 5 Тетово, 3 Демир Капија, Виница, 1 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Ѓуриште.
Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец со брзина до 55 km/h . Од пладне почнувајќи од запад имаше развој на нестабилна облачност која најпрвин ја зафати Скопската Котлина со интензивен пороен дожд и грмежи, а во источните делови од котлината имаше појава на град. Нестабилноста се поместуваше кон североисток и во подрачјето на Куманово, Свети Николе, Штип, Кочани, Виница и Радовиш имаше локално невреме со пороен дожд и појава на град. Во овие попладневни часови нестабилно со пороен дожд и грмежи е во југоисточните делови, во околината на Валандово и Струмица.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Сончево со мала до умерена облачност. Нестабилнoста која е активна во југоисточните подрачја постепено слабее и се извлекува кон исток. Атмосферата се стабилизира, и во текот на ноќта времето ќе биде ведро со мала облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во источните делови ќе има и во петок, а во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.