Македонците во Албанија го одбележаа Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј


Во организација на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, а во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, денеска им беше оддадена почит на семакедонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, за нивното големо дело, ширењето на словенската писменост. На настанот, што се одржа во Музејот „Стерјо Спасе“ во село […]

Објавен конкурс за стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус


Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ објавува конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, […]

Почина Мимоза Несторова Томиќ, архитектка која работела со тимот на Кензо Танге


По кратко боледување на 22 мај почина Мимоза Несторова Томиќ, архитект, урбанист, посветена и на социологијата на урбанизмот. Родена во Струга во 1928 година, архитектонското образование го завршила на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработила во Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје, а во 1954 г. била избрана […]

Сиљановска – Давкова: Св. Кирил и Методиј покажаа дека со знаење може да се надминат ограничувањата


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. -Би сакала да упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Од сè срце ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, љубов и хармонија, […]

Сообраќајот тековно, нема чекања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Натпревар во прецизно слетување со едрилица


На Спортскиот аеродром Скопје, денеска со почеток од 12:00 часот, како и утре со почеток од 7:30 часот, ќе се одржи вториот натпревар од Лигата во прецизно слетување со едрилица. Натпреварот е дел од серијата натпревари што ќе се одржат во пет градови ширум земјава – Штип, Скопје, Куманово, Битола и Прилеп. Лигата во прецизно […]

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Како што посочуваат од ЈСП Скопје, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од […]

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј


Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова […]

Претпладне сончево и топло, попладне локално пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, соопшти […]

ДКСК отвориле предмет за проверка на имотот на Бесија Иљази


Во пишаниот одговор од Антикорупција пратен до МИА се потенцира дека причината поради која ДКСК отвора предмет, е во тоа што таа поднела два анкетни листови во кои го навела својот имот – едниот додека била советник во Општина Тетово, а другиот откако станала економска директорка на Клиниката за токсикологија. -Лицето Бесија Иљази на ден […]

Алпинистот Здравко Дејановиќ имал здравствени проблеми при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите


Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ кој при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите имал проблеми од здравствена природа, е надвор од животна опасност, објави попладнево на Фејсбук, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ). – Во врска со искачувањето на врвот Лотце од страна на Здравко Дејановиќ, ве известуваме дека на барање на неговото семејство, досега […]

Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес


Попладнево околу 16 часот се случила сообраќајна несреќа на едно возило на автопатот од Велес кон Гевгелија кај крстосницата Башино Село, над Велес, потврди за МИА портпаролот на велешката полиција Билјана Ѓаковска. Полициски екипи извршија увид, поради што сообраќајот на автопатот од наплатната станица Сопот кон Гевгелија беше пранасочен на регионалниот пат над Велес. Како […]

Како да се заштитите од инсекти – совети од ИЈЗ


 Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) дава практични совети за заштита на населението од инсекти. Иако препораките се наменети за општата популација, значаен дел од истите, во склоп на ингеренциите, како што истакнуваат од Институтот, треба да бидат реализирани и од надлежните институции за комунална хигиена во општините или во Град Скопје. – Правилно отстранете го […]

Кривичен ја одби како неоснована жалбата и го потврди притворот на Наке Георгиев


Кривичниот совет од Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби како неоснована жалбата и го потврди решението за определување 30 дневен притвор на врховниот судија Наке Георгиев. Судот постапувал по жалба на одбраната на осомничениот Георгиев против решение на судија на претходна постапка од 21 мај годинава. – […]

Кочани ги смени уличните светилки со ЛЕД и заштеди 23 милиони денари


Позитивна разлика од над 23 милиони денари остварила Општина Кочани во текот на мината година од приходите во однос на трошоците за јавното осветлување во градот и населените места. Во текот на 2023 година од физичките и правните лица врз основа на комуналниот надоместок за јавно осветлување биле наплатени нешто повеќе од 34,4 милиони денари. […]

Отворена Лабораторија за квантитативни истражувања во економски и организациони науки при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“


Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска свечено ја отвори Лабораторијата за квантитативни истражувања во економски и организациони науки при УГД. Проректорот за инвестиции, развој и одржување при УГД-Штип, Дарко Лазаров истакна дека ова е една од серијата лаборатории во рамките на Универзитетот и ќе има едукативна цел за студентите во рамките на сите циклуси […]

ДКСК бара одговорност за директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители


Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик. Надлежните институции имаат рок од 60 дена да […]

За продолжениот викенд пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме


Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, […]

Мијалков излезе од затвор 11 месеци порано


Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК од денеска е слободен човек. Затворот во Струга брои еден затвореник помалку, а со тоа заврши и неговата кариера како возач на комбе за потребите на казнено поправната установа. Продолжениот празничен викенд Мијалков ќе може да го помине надвор од границите од земјава, а ќе може да оди и […]

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Како што посочуваат од ЈСП Скопје, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од […]