МОН и БРО објавија формулар за сугестии за програмата за седмо, осмо и деветто одделение


Сите засегнати страни за подобрување на квалитетот на основното образование ќе можат да учествуваат во јавната консултација со свои сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение кои се веќе изработени од страна на стручни тимови, составени од советници од Бирото за развој на образованието, универзитетски […]

Младите не сакаат да студираат ни градежништво – намален бројот на студенти


Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски денеска информираше за намален интерес за студирање на оваа струка. Па оттаму, тие биле загрижени за иднината на градежништвото, како што истакна Марковски, а уште повеќе загрижени за иднината на државата. – Бидејќи, држава без домашно градежништво, тешко е, дури и невозможно е да функционира, рече Марковски […]

Прво ја блокираат Данела Арсовска, па бараат да им ги чисти општините!


  По градоначалниците на Бутел и Чаир, денес се јави и градоначалникот на општина Кисела Вода со порака до ЈП „Комунална хигиена“ дека и поднел прекршочна казна затоа што не ги чисти контејнерите со отпад. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тврди дека не само што отпадот не се собира, туку се содаваат депонии и во услови на […]

Во МВР поделени над 50 незаконски решенија, тврди Петровска


Пратничката од СДСМ, Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана денеска на нејзиниот фејсбук профил објави дека во рок од 7 дена во МВР „се поделени”, под притисок и закани, како што напиша, повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, дел од нив и на раководни позиции. – Во Агенцијата за разузнавање […]

Аплицирајте за еднократна парична помош за прваче во Аеродром


Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 10 јули до 30 септември 2024 година. Родителите на првачињата е потребно до архивата на Општината да поднесат потврда […]

СДСМ обвинува: ЈСП е во колапс, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска го уништија Скопје


„Откако ВМРО-ДПМНЕ го презема власта во Скопје, Градот буквално се распаѓа. Поради пропаднатите бизнис зделки на Арсовска и Мицкоски нема сегмент во кој не назадува живеењето во главниот град. Небезбедни автобуси, ЈСП е во колапс, скопјани се гушат од запалени депониии кои ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе ги исчисти, јавните претпријатија не функционираат“, велат од СДСМ. […]

Поради дефект, Лисиче е без вода


Без вода денеска од 8:00 часот се корисниците од улиците „Горно Лисиче“, „Горноврановска“, „Лисец“, „Божин Николов – Силни“ и „Хаџи Трајко“ во населбата Лисиче. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради дефект од Ф-2цол на ул.„Горно Лисиче“ 28 во населбата Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Гореа диви депонии, активен еден пожар во велешко


 Еден пожар е активен утринава меѓу селата Отишино и Оризари во општина Велес каде гори ниска вегетација. Пожарникарите од Велес вчера интервенирале со три противпожарни возила и 11 пожарникари, а утринава, според информациите на Центарот за управување со кризи, ќе продолжат да дејствуваат.  Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се 13 пожари на отворено од […]

Андоновски најави Центар за безбеден интернет за деца и млади


Центар за безбеден интернет за деца со цел да се поттикнат младите и родителите полесно да ги препознаат ризиците на интернет, како и да сфатат која содржина е погодна за деца, најави вчера министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.  „И се во државата да е дигитализирано и институциите да ги заштитиме, ако не ги заштитиме […]

Евроамбасадорот Гир во посета на Виница


Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, денеска ќе ја посети Општина Виница во рамки на серијата општински посети чија цел е да ја презентира вистинската додадена вредност на Европската Унија за граѓаните на Северна Македонија и придобивките од процесот на пристапување во ЕУ на локално ниво (региони, градови и села). Како што […]

Продолжува периодот на многу топло време, наместа над 40 степени


Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло попладне со мала до умерена локална  облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје слично […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 10 јули 2024 година, 192-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 174 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 8 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 2 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Вардариште повторно гори – огнот на 10 метри од далновод (видео)


Цело Ново Лисиче, вечерва е во чад, откако попладнево се запали дивата депонија кај Вардариште. Паркот кај авиончето е целосно во чад. Жителите на Ново Лисиче сведочат за замагленост, а велат чадот штипе и пече.  Центарот за управување со кризи информира дека огнот е веќе на околу 10 метри од далноводниот столб и жиците од […]

Неколку скопски улици утре без вода


 Неколку улици во текот на утрешниот ден ќе останат без вода за пиење поради активности на улицата „Жил Верн“ 4 во населба Кисела Вода, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. – Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Тодор Паница“, „Јордан Филиповски“, „Балканска“ и комплексот наречен „Пегла“ на „Борис […]

Времен режим на автопатот Скопје – Куманово кај Миладиновци


Од 11:00 часот, на десната коловозна лента на автопатот Скопје – Куманово воведена е времена измена на режимот на сообраќај при што во должина од 1.000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот се одвива по левата сообраќајна лента за […]

ФЗО со поддршка за колективниот синдикален договор


Двајцата в.д директори на Фондот за здравствено осигуруѕвање на Република Северна Македонија, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска имале средба со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, како и со Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ, и Зоран Печевски, претседател на синдикатот на ФЗОРСМ. Како што соопштија од ФЗОРСМ, на […]

Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Дојранското 29,5


Температурата на Дојранското Езеро изнесува 29,5 степени целзиусови, а на Охридското 26, информира УХМР. Водата, пак, на Преспанското Езеро, според мерењата, е 27,5 степени. УХМР за наредните денови најавува сончево и многу топло време, со температура над 40 степени.

Во Прилеп годинава за 300 пати зголемен бројот на пожари, а кубурат со пожарникари


За 300 пати е зголемен бројот на пожарите од почетокот на годинава во Прилепско, од кои половината на отворено. Главната причина се тропските температури, и од прилепската противпожарна единица стравуваат дека ќе ги има и наредниот период поради најавите за високи температури. -За 300 проценти годинава е зголемен бројот на пожарите. Имаме околу 360, половината […]

Данела по 21 пат бара да се изгласаат еко автобусите што ги вети лично Мицкоски


Град Скопје денес, по 21 пат, ја доставил до Советот предлог одлуката за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за неа, а имаат мнозинство. -Бидејќи согласно закон градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, единствена одговорност по повеќе од две години за недостатокот […]

Затворена гостилница во Влае, четири лица затруени со храна завршија на Инфективна


По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на 4 лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската […]