Во петок и сабота ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека  на 12 и на 13.07.2024 година (петок и сабота)  во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.    Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските […]

Македонија ќе се пече на 42 степени, Скопје нема како да се разлади


  Македонија деновиве е под портокалов аларм со температури над 40 степени, а викендот се очекуваат екстремни горештини. Tемпературите во следните три дена ќе достигнуваат и до 42 степени Целзиусови. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од […]

Деца кршат и дивеат со дувалка за лисје во Центар – градоначалникот побара помош од полицијата (видео)


Општина Центар откако неколкупати досега алармираше за дивеењето на делови во општината денеска до јавноста испраќа видео снимки со цел да се види загрижувачкото однесување на младите. Видео снимките на кои се гледаат сцени на деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца, до општината ги испратија исплашени граѓани од околните згради близу детското […]

Осигурани над 350.000 возила за половина година, секое трето возило има зелена карта


Сопствениците на возила, во првата половина од годинава, вложиле 43,1 милиони евра во задолжително oсигурување од автомобилска одговорност и во зелена карта. Во осигурувањето за возење во странство (популарно познато како зелена карта) граѓаните и компаниите вложиле 10,2 милиони евра за шест месеци. Осигурени се речиси 351.000 возила во периодот јануари – јуни годинава, а […]

КСЗД примила 77 претставки за дискриминација најчесто за сексуална ориентација и попреченост


 Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го објави извештајот за периодот април – јуни 2024 година. Според податоците, во вториот квартал на 2024 година, до КСЗД се доставени 77 претставки и тоа 61 од физички и 16 од правни лица. Во споредба со истиот период во 2023 година, бројот на поднесени претставки е зголемен […]

Апел до неколку села за евакуација поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско


Поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско, упатен е апел, жители од неколку села да ги напуштат живеалиштата. Вакво соопштение штотуку издаде Штабот за заштита и спасување на Општина Неготино.  – Се упатува апел до населението во Општина Неготино и тоа во селата Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места, да ги […]

Со дигитализација до намалена бирократија и злоупотреби во здравството


 Преку дигитализација до намалување на бирократија и на можноста за злоупотреби, се наведува во денешното соопштение на Фондот за здравствено осигурување (ФЗ). Решавање на проблемите со што се соочуваат лекарите во државава, било тема на разговор на директорите на ФЗО, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со претставници на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ), Лилија Чолакова […]

Сите училишта што имаат можност да имаат само една смена – градинките да бидат под МОН


Министерството за образование и наука анализира во кои училишта има услови наставата да се организира во една смена. Министерката Весна Јаневска информира дека тоа е програмската определба на ВМРО ДПМНЕ, се однесува на основното и на средното образование и дека следува период на градење услови за да може да се реализира. -Некои училишта можат тоа […]

Комеморативен марш за жртвите од геноцидот во Сребреница


Бошњачкиот национален совет (БНС) денеска во Скопје ќе  го организира традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“, во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница од 1995 година. Маршот ќе почне во 18 часот од Веро паркот во Чаир, ќе продолжи по булеварот „Џон Кенеди“, Старата чаршија, плоштадот „Филип Втори“ и ќе заврши […]

Портокалов аларм, температури и над 40 степени, во Скопје зголемен број колапси на јавни места


Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневни температури кои наместа надминуваат и 40 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Исклучок ќе има в недела, кога, според синоптичарите, во попладневните часови […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 11јули 2024 година, 193-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 173 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 9 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 10 […]

Напуштениот дом „Стив Наумов“: Крај на една студентска ера од убави моменти во катастрофални услови


Студентскиот дом „Стив Наумов“  во Скопје ги испрати своите последни студенти. Комплексот во населбата Автокоманда нема да функционира најмалку две години, бидејќи почнуваат реконструктивните зафати. Трите згради нема да вселуваат нови станари додека не бидат целосно реновирани, а воопшто нема да функционираат ниту бараките и студентската менза кои се дел од овој дом. Мета.мк прошета […]

ССНМ: Медиумите да преземат превентивни мерки за заштита при работа на медиумските работници на високи температури


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до одговорните лица во македонските медиуми да им овозможат соодветна заштита на своите вработени, посебно на оние новинари и медиумски работници кои мораат да известуваат на отворено. „Земјава според УХМР е во топлотен бран и влегува во портокалова фаза, која носи опасност од влошени временски услови кои […]

На УКИМ има 9.921 слободно место за запишување на прва година во учебната 2024/2025 година


Министерството за образование и наука денеска ги објави квотите за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје слободни се 9921 место – од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти […]

На 30 јули ќе почне судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски


 На 30 јули (вторник) треба да почне судењето за двојното убиство убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Судија во случајот ќе биде Ивица Стефановски, кој е избран преку АКМИС системот. Основниот кривичен суд Скопје во понеделникот на 8 јули информира дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната на обвинетите за […]

Левица прашува: Зошто градоначалниците на Гази Баба и Аеродром две ипол години не го решаваа проблемот со Вардариште?


Додека екс-градоначалникот Тимчо Муцунски едвај чекаше да се откачи од градоначалничката функција и да почне да се шета по светот, проблемите на жителите од општина Аеродром не престануваат да се зголемуваат. Минатата ноќ аеродромци беа сведоци на енормно загадување кое беше предизвикано од палењето на дивата депонија „Вардариште“ во општина Гази Баба. И покрај високите […]

Во пожарот кај Пепелиште зафатени околу триста хектари


 Во пожарот кај Пепелиште се зафатени околу триста хектари површина, според проценките на пожарникарите на терен, се чека во гаснењето да се вклучи и хеликоптер, попладнево потврди за МИА,  неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Гори трева и нискостеблеста шума.  Претходно, ЦУК информираше дека избувнал пожар кај неготинското село Пепелиште и се шири кон планина Серта, како […]

МОН со прашалник ќе се бори протв пролетниот распуст на учениците


Министерството за образование и наука ќе ги консултира училиштата и  јавноста дали и наредната учебна 2024-2025 година да има пролетен распуст за основците и средношколците кои првпат пролетен распуст имаа во учебната година што заврши. МОН во соопштение наведува дека поради различни ставови околу потребата од пролетен распуст испратило прашалник до училиштата, достапен на линкот, со цел […]

Стефковски и Митески со полиција и инспекција на „Вардариште“ – но тешко до решение


По големиот пожар синоќа на дивата депонија „Вардарише“, денеска, градоначалникот на Оштина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со заменик-градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски, командирот на полициската станица од општа надлежност Гази Баба Саше Стоилевски и припадници на МВР биле во посета на дивата депонија Вардариште.   Сепак, новинари не се […]

Уставен суд: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна пензија


 Функцијата уставен судија не престанува по основ на остварување старосна пензија, изјави денеска портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска. -Во врска со информациите доставени до Собранието дека судијката на Уставниот суд Добрила Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд на работен состанок одржан денеска со единствена точка на дневен ред, […]