Иљас Весели ќе го замени Блерим Беџети на градоначалничкото место во Општина Сарај


Откако градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети доби пратенички мандат, на неговото место до следните локални избори ќе биде Иљас Весели, советник во оваа општина. -Изразив честитки за мисијата што ја презеде г. Иљас Весели. Исто така, изразив подготвеност за безрезервна поддршка, со единствена цел Општина Сарај да ја одржи динамиката на реализација на проектите […]

Невреме во Неготино, нема поголеми штети


Невреме ја зафати попладнево општина Неготино, со дожд и силен ветер. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов за МИА изјави дека според првичните информации, нема поголеми штети. – Едно дрво е уништено од невремето во центарот на градот и веднаш беше пристапено кон расчистување на теренот. Се следи состојбата и ќе се интервенира соодветно, секаде каде што […]

Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре во портокалова фаза, препораки до граѓаните


Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре и задутре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки. Владата, како што е посочено во соопштението, ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно […]

Костадиновски најавува преноси во живо од Уставниот суд


Уставните судии да отвораат предмети по сопствена иницијатива, ќе бара новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Според него, особено е неопходно да е покаже судски активизам и за секоја одлука за која судиите ќе се посомневаат во уставноста да можат самите да иницираат постапка, а не само како до сега по иницијатива на граѓани. […]

Стипендии за студии во Италија и Мексико


Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање  стипендии за македонски државјани од страна на Владата на Италија за академската  2024-2025 година. Како што објави МОН на својата веб-страница, заинтересираните кандидати може да аплицираат за неколку категории студии во Италија: напредни курсеви во траење од три месеци за усовршување на јазикот за студенти по италијански […]

Костадинов најавува изградба на нов градски пазар во Струмица, најголем во државата


За новиот градски пазар во Струмица, што ќе биде најголем во државата, веќе втор пат е распишана јавна набавка и очекувам дека ќе се јават компании кои ќе дадат понуда што ќе одговара на условите пропишани од страна на Општина Струмица и граѓаните ќе добијат нов и современ градски пазар, изјави денеска градоначалникот Костадин Костадинов. […]

ДКСК ќе бара одговорност од Демири за разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија


Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот […]

Outdoor Festival во Скопје Сити Мол – викенд исполнет со попусти и активности


Скопје Сити Мол ве поканува на Outdoor Festival од 13 јуни до 16 јуни каде посетителите ќе имаат можност да се едуцираат за разни outdoor активности и да ги искористат попустите за outdoor опрема и облека. Во рамки на првите три дена ќе се одржат панел дискусии во Cineplexx за outdoor спортовите, за физичкото здравје […]

Левица: Продолжува узурпацијата на Охридското крајбрежје, Пецаков не реагира


„Несанкционираното самоволие на неколку локални моќници во Охрид и натаму продолжува. Со одобрение на градоначалникот Кирил Пецаков, локалната власт и Владата предводена од ДПМНЕ, продолжува и бетонската узурпација на охридското крајбрежје“, соопштуваат од партијата Левица. „Охридското езеро, градот Охрид и статусот за заштита на УНЕСКО, денес се загрозени повеќе од било кога. Урбаната мафија продолжува […]

(Видео) Падна потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар


Центарот за управување со кризи информира дека е накосен потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар, а утрото стигнала пријава дека дел е срушен. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека з аова предупредувал една година, но дека не наишол на слух од институциите. Тој тврди дека до ваквата состојба дошло поради подземните води. […]

Поради дефект без вода делови од Центар


Поради уличен дефект од ф 80мм на булевар „Свети Климент Охридски“ бб позади Влада, без вода се корисниците на потегот од Градски Парк – Школка до Влада и од булевар Илинден до Градски Стадион. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето е прекинато од 12:10 часот до завршување на интервенцијата.

Судскиот совет усвои нова комуникациска стратегија според препораките на ЕУ


Судскиот совет на денешната ја разгледа и едногласно усвои новата Комуникациската стратегија за ова тело и за судовите во Македонија која содржи Акционен план.Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева посочи дека со новата стратегија се исполнуваат четири од препораките нотирани во извештајот на оценската мисија, како и дека е усогласена со националните развојни политики и […]

Граѓаните лани оставиле 800 милиони евра во коцкарници и обложувалници


Во 2023 година во Македонија имало 58 правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување, а приходот кој го направиле бил 800 милиони евра. Толку пари оставиле граѓаните во коцкарници и обложувалници.Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“. Компаниите со дејност обложување […]

Филмска вечер пред „Рамстор мол“ – на репертоарот и два екодокументарци


Општина Центар и „Рамстор мол“ ја продолжуваат соработката во насока на збогатување на културниот и социјалниот живот на граѓаните. Затоа, оваа среда, на 12 јуни, со почеток од 19 ч, организираме филмска вечер пред платото на Трговскиот центар „Рамстор мол“. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на филмско дружење под отворено небо. […]

ЦГК:Гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи


Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213.625.656 денари односно 3.473.588 милиони евра, заклучно со 20 мај 2024 година. Тендерите на ДИК за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава чинеле 767 илјади евра повеќе отколку збирот на тендерите за овие […]

Учебната година заврши за средношколците, основците ќе имаат настава до 17 јуни


Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела.  Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци. -Во Законот […]

Нормализирано е водоснабдувањето во високи зони во Куманово, браната прелева


Нормализирано е водоснабдувањето во високите зони во Куманово, информираа денеска надлежните од ЈП „Водовод“ и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“. Проблемот го надминале екипите на АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ кои го отстраниле дефектот. Граѓаните од приградските населби „Карпош“, „Иго Тричковиќ“, „Ајдучка чешма“, „Јане Сандански“, „Перо Чичо“, населба „Железничка станица“, населба „Черкезе“, како и […]

Од почетокот на годинава се отстранети 150 диви депонии на територија на Град Скопје


Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје во периодот јануари-јуни 2024 година, подигнале и транспортирале вкупно 2500 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Тие интервенирале во сите скопски општини, при што биле отстранети приближно 150 диви депонии. -Од почетокот на годинава, ЈП Комунална хигиена – Скопје се соочува со појавата […]

Општина Крива Паланка ќе финансира бесплатен летен одмор за деца во социјален ризик


Со Годишната програма за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година, Општина Крива Паланка првпат ќе овозможи бесплатен летен камп за деца од семејства во социјален ризик. Објавен е јавен повикот е за пријавување деца од  7 до 14 години, ученици од второ до деветто одделение во двете основни училишта од градот: ООУ „Св.Јоаким […]

„Трчаме за Рацин“ – први на 10 километри Мартин Трајановски и Адријана Поп Арсова


На веќе традиционалната трета атлетска трка „Трчаме за Рацин“ во чест на Коста Солев Рацин синоќа низ велешките улици со старт и цел кај неговиот споменик кај Гимназијата „Кочо Рацин“ првото место во трката на 10 километри го освои Мартин Трајановски со време 36:33 минути втор беше Ријат Шеипи преставник на Армијата со време 38:09, […]