Левица прашува: Зошто градоначалниците на Гази Баба и Аеродром две ипол години не го решаваа проблемот со Вардариште?


Додека екс-градоначалникот Тимчо Муцунски едвај чекаше да се откачи од градоначалничката функција и да почне да се шета по светот, проблемите на жителите од општина Аеродром не престануваат да се зголемуваат.

Минатата ноќ аеродромци беа сведоци на енормно загадување кое беше предизвикано од палењето на дивата депонија „Вардариште“ во општина Гази Баба. И покрај високите температури жителите мораа да спијат со затворени прозорци поради неподносливиот чад и смрдеа кои се ширеа од „Вардариште“. И покрај безбројте реакции на граѓаните, општината денеска остана нема за проблемот со загадувањето кое се случува во најтоплите денови од летото.

Левица прашува: Има ли некој кој ќе им објасни на граѓаните зошто овој проблем не е решен и покрај две и пол годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ со двете општини, па и со град Скопје?

Дали со заминувањето на Тимчо Муцунски од градоначалничкото место, општина Аеродром остана без кормилар кој ќе го управува бродот, кој и онака тоне…

За Левица примарен приоритет е решавање на овој проблем со дислокација на „Вардариште“ во соработка со општина Гази Баба со што ќе се реши деценискиот проблем на жителите на општина Аеродром.

Претходно заменик градоначалникот на Аеродром Дејан Митески побара од Град Скопје да го стави под контрола Вардариште . Тој ја посети локацијата и упати остра реакција до Градот поради долгогодишната негрижа и запоставување на овој дел од Скопје, каде што има и диво населени жители. Тој ги повика „надлежните“ да изнајдат начин и механизам за обезбедување на целиот тој простор, односно да се ограничи пристапот со цел да нема фрлање и палење отпад од несовесни граѓани. 

Ова е уште еден од неколкуте драми што на ниво на локална самоуправа се случуваат неделава а чија цел е Данела Арсовска, како да е таа единствената надлежна за тоа што им се случува во општините.