МОН и БРО објавија формулар за сугестии за програмата за седмо, осмо и деветто одделение


Сите засегнати страни за подобрување на квалитетот на основното образование ќе
можат да учествуваат во јавната консултација со свои сугестии и предлог решенија за
евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение
кои се веќе изработени од страна на стручни тимови, составени од советници од
Бирото за развој на образованието, универзитетски професори и наставници од
основните училишта.

Забелешките/сугестиите и предлог решенијата за секоја одделна наставна програма се
внесуваат во следниот формулар и истиот се доставува на електронската адреса за
соодветното одделение:
[email protected]
[email protected]
[email protected]
(Нацрт наставните програми може да се симнат од веб страницата на Бирото за развој
на образованието во делот Известувања/Јавна консултација).
Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието
започнуваат јавна консултација за наставните програми од седмо до деветто одделение,
со цел засегнатите страни, особено наставниците, да имаат можност да се запознаат со
наставните програми и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални
промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, да дадат
свое аргументирано мислење за нивно подобрување.
Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во
седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во
јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика
отежнување во организацијата и реализацијата на наставата.
Промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на
мислењето на наставниците.
Очекуваме дека сите заинтересирани ќе се вклучат во јавната консултација и ќе дадат
придонес во подобрување на квалитетот на наставните програми, а со тоа и на
целокупниот наставен процес во основното образование.

Пополнетите формулари може да се доставуваат најдоцна до 31 август. Во интерес на
транспарентноста на процесот, МОН и БРО ќе ги споделуваат пристигнатите сугестии,
а сублимирањето на добиените согледувања, како и преземените активности, ќе се
презентираат јавно.
Новите наставни програми ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во
седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто
одделение.