Расте бројот на ковид случаи во Македонија – 116 за една недела


Од 29 јули до 4 август во Институтот за јавно здравје тестирани се 342 материјали за ковид 19 и регистрирани се 116 нови позитивни случаи. Споредено со неделата пред тоа, направени се за 30 проценти повеќе тестирања а бројот на позитивни резултати пораснал за 48,7 проценти, односно од 78 пораснал на 116 позитивни резултати. Процентот […]

Јаневска најави нови 28 училишни спортски сали во следните три години


Министерството за образование и наука во следните три години ќе изгради нови 28 училишни спортски сали во Македонија, во различни општини. Согласно планот, се предвидува активностите да започнат во 2025 година и до крај на 2027 да ги завршиме сите објекти, за што, според пресметките ќе биде потребен буџет од околу 560 милиони денари. Ова […]

Пожарот кај Папрадиште се разгорува, полицијата го уапси потпалувачот


Во средата, во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од с.Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на во вторникот, околу 12 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при […]

МВР го проверува 19-годишникот осомничен за планиран терористички напад во Виена


Министерството за внатрешни работи информира дека постапува по барање добиено од австриските власти за проверка на лице кое е по потекло од земјава, а кое е осомничено за планиран терористички напад во Виена.  – Ве известуваме дека од страна на австриските власти до Министерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице кое […]

ЗНМ реагира дека злобно се злопотребува името на починатиот новинар Саше Димовски


  Здружението на новинари на Македонија денеска преку соопштение „со чувство на горчина ги отфрла малициозните обвинувања од дел од колегите од фелата, кои искористија еден трагичен настан за да се обидат да прикажат лажна слика за функционирањето на нашата организација“. Во соопштението се вели: „Димовски беше клучен дел од ЗНМ, почитуван меѓу колегите и […]

Јаневска: Не може на моите наставници да им се зголеми платата за 200-300 денари – од март 12 отсто


 Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот на спортска сала во Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како […]

Потребите за вода во земјоделството се големи – да се внимава и на пламеница кај лозата


Потребите за вода во земјоделството се големи. Намалувањето на температурите и повремените врнежи не ја сменија состојбата, поради што наводнувањето останува приоритет, велат агрометеоролозите од УХМР.  Како што истакнуваат, во овој период треба да се посвети поголемо внимание на заштита од појава на пламеница кај виновата лоза и да продолжи примената на сите агротехнички мерки […]

Нема да има пролетен распуст за учениците – се покажа еднократен


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска информира дека нема да има пролетен распуст за учениците во наредната учебна година. Финалните анкети на родителите покажале дека тие не сакаат пролетен распуст, но истото го мислат и повозрасните ученици. -Оваа година пролетен распуст нема да има – рече Јаневска во изјава за медиумите по  извршениот увид […]

Се разгорува големиот шумски пожар помеѓу селата Ореше и Папрадиште во Општина Чашка


Ветрот кој непрекинато дува од утрово повторно го разгоре шумскиот пожар помеѓу селата Ореше и Папрадиште што од завчера  беснее во реонот на планинскиот масив на Азот во Општина Чашка. Со пожарот е зафатена мешана дабова и букова шума. Како што информира за МИА Жаклина Гушева, директорка на Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес во рамки […]

Зелен хуман град бара затворање и трансформација на Зоолошката градина


Зелен хуман град  бара затворање и трансформација на скопската Зоолошка градина во центар за рехабилитација и конзервација на диви автохтони видови, што воедно беше и дел од изборната програма на здружена иницијатива во 2021 година. – Концептот на зоолошки градини, каде што животните се чуваат во заробеништво, а со цел забава и едукација мора да […]

Николоски ќе бара пари од ЕУ за реконструкција на зградата на Поштата


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на средба со евроамбасадорот во заминување, Дејвид Гир, разговараше за реставрација нацентралната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење.   „Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат […]

Кумановецот Јован Станковиќ освои второ место на меѓународен натпревар во Виена


 Младиот пијанист Јован Станковиќ од Куманово, освои второ место на меѓународен натпревар во Виена, Австрија. Станковиќ учествуваше на меѓународниот музички младински натпревар и во силна конкуренција од целиот свет го освои второто место, настапувајќи со дело на Шопен. – Конкуренцијата беше многу силна, учествуваа пијанисти од Сингапур, Мексико, Хрватска, Макао, Австралија, Хонгконг, Бугарија, Филипини, Тајланд, […]

Софија: Мицкоски манипулира, Бугарија има план и 1,2 милијарди евра за Коридорот 8


  Изјавите на премиерот Христијан Миткоски, неговиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски и други одговорни фактори во Република Северна Македонија за Коридорот 8 се целосна лага и манипулација, пишува денешен БГНЕС повикувајќи се на документи. „Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е директно одговорно за проектот, на БГНЕС му испрати целосен извештај со […]

Австриец со потекло од Македонија еден од осомничените за планираниот терористички напад на концерт на Тејлор Свифт


Двајца осомничени за тероризам се уапсени вчера во Австрија, при што едниот е осомничен за планирање напад на настани во Виена, вклучувајќи ги и претстојните концерти на Тејлор Свифт, изјавија властите.Она што ја прави битна веста за нас е дека тој е со потекло од Македонија, иако е роден во Австрија. Тој е главно осомничен […]

Без вода дел од Карпош


Поради промена на вентил од ф 3/4 на улицата „Њуделхиска“ бр.5, општина Карпош, денеска, од 08:00 часот, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Панче Тошев“ ,„Наум Евро“, „Римска“ и „Анкарска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. UV=8 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 8 август 2024 година, 221-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 145 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 19 часот и 43 минути. Денов трае 14 часа и 08 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Градежни работници при работа на плац во село Раштак исекле кабел на ЕВН при што предизвикале пожар


Градежни работници на градежна фирма при работа на плац во село Раштак исекле кабел на ЕВН при што од искрите предизвикале пожар. За среќа пожарот бил изгаснат. „Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Раштак, скопско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, […]

Поради присуство на мувла, од пазарот се повлекува грчки јогурт


Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека операторот со храна ДТГМУ ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, ул. Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје, врши отповикување на следниве небезбедни производи: – КОЛИОС Грчки јогурт, 0%, 500 г, Лот:4243250644 – КОЛИОС Грчки јогурт, 0%, 150 г, Лот: 4243025064 Рокот на употреба е до 16 август годинава. […]

Oд затворот во Струмица во бегство се 23 затвореници


Во моментов од Казнено-поправната установа Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов. Во видео обраќање за затекнати состојби  во КПУ Затвор Струмица, Ристов вели дека ова е резултат на неодговорното работење на претходни раководства. – Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде […]