Битола: Со камери ќе се штитат новите спортски терени


  По реакциите на јавноста за дивеење и оштетување на новите спортски терени во основното училиште „Елпида Карамади“, Општина Битола најавува поставување камери покрај чуварската служба. Во нецели десет дена од отворањето на комплексот на нови спортски терени во „Елпида Караманди“ во кои се вложени 22 милиони денари, вработени во училиштето констатирале дека не само […]

Средношколецот што донесе сребро по хемија од Ријад, утре со тимот на прием кај Сиљановска-Давкова


Прилепскиот гимназијалец Петар Мирчески на земјава ѝ го донесе сребрениот медал од Олимпијадата по хемија што од 21 до 30 јули се одржа во Ријад, Саудиска Арабија. Целиот македонски тим на оваа Олимпијада покажа завидни резултати: Марио Ванчоски и Иван Костевски од Гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од „Јахја Кемал“ од Скопје. […]

Угина слоницата во скопската зоолошка: Се обиделе тајно да ја однесат во Дрисла?


Угина слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според нивни информации од ЗОО, и покрај тоа што угинувањето се случило изминатите денови, постоел обид тоа да се скрие. Утрово, околу 8 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата. Од снимките на „Скопје1“ се гледа како со два багери и камион, слоницата е изнесена […]

Во Кавадарци почна собирање потписи против регионален центар за собирање и третман на отпадна гума


Во Кавадарци денеска започна собирање потписи против регионален центар за собирање и третман на отпадна гума.  – Всушност, собирањето на потписи е против нова Г-1 индустрија во општина Кавадарци. Потписите се собираат на градскиот плоштад во Кавадарци, рекоа незадоволните кавадарчани, кои на вчерашната јавна расправа организирана од Министерството за животна средина, во голем број, порачаа […]

„Сити Мол“ и околните улици денеска без вода, струја ќе нема во неколку населени места


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска (среда), од 07:50 до 15:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од населените места: – Студеничани, Моране (општина Студеничани) – Орешани, Таор, Зелениково, Смесница, Тисовица, Дејковец, Добрино, Ново Село, […]

Македонија има најбрз интернет во регионот


 Северна Македонија има најбрз интернет во регионот, а е меѓу подобро рангираните земји и во Европа, покажува истражувањето на Cable.co.uk, што го објави статистичкиот портал „Ландгеист“. Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 7 август 2024 година, 220-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 146 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 34 минути, а ќе зајде во 19 часот и 45 минути. Денов трае 14 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Без вода повеќе улици во Карпош 3


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат повеќе улици во Карпош 3, поради замена на затворачи од водоводна мрежа на улица „Љубљанска“.  Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје, прекинато водоснабдување до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од улиците „Волгоградска“, „Разловечко востание“, „Воденска“, „Невеска“, „Трифун Бузлев“, „Желево“ и комплексот Сити мол.

Сончево и топло до 37 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен […]

Во Кавадарци од утре собирање потписи против регионален центар за отпадна гума


 Во Кавадарци од утре почнува собирање потписи против регионален центар за собирање  и третман на отпадна гума.  – Всушност, собирањето потписи е против нова Г-1 индустрија во општина Кавадарци. Потписите ќе се собираат на градскиот плоштад во Кавадарци, најавија незадоволните кавадарчани, кои на денешната јавна расправа организирана од Министерството за животна средина, во голем број, […]

Влада: Само во јули регистрирани 620 пожари


Владата на денешната редовна седница ја разгледа информација за состојбите со пожарите во државата, при што беше истакнато дека од 13 пожари, два се целосно изгаснати, четири се активни, а другите се под контрола. Најголем проблем предизвикува пожарот во близина на село Брезница, каде теренот е тежок и непристапен. Како што информира владината прес-служба, само […]

Се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование


Министерството за внатрешни работи денеска, на владина седница, предложило Информација во врска со реформи на образованието на кандидатите за полицаец, односно на обуката. Како што информира владината прес-служба, се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование кое има соодветни предности во однос на досегашните деветмесечни курсеви за ангажирање нови полицајци.

Нови кадровски решенија донесе Владата


Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски одлуки. Сузана Јордановска, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја именува за в.д. директор на Државна фитосанитарна лабораторија, а Ромео Тренов за директор на Управата за водостопанство. Фикрет Хоџа е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на КПУ Затвор Битола, додека Гарип Каба, […]

Ангелов: Селото Негорци не е веќе во опасност од пожарот (видео)


Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на терен во село Негорци, каде што околината е зафатена од пожар, што се заканувал на куќите. Димитар Марков од село Негорци, долгогодишен претседател на Месната заедница објасни дека се заштитиле од пожарот, благодарејќи на пресекот. Во гаснењето на пожарот учествуваа и припадници ан ПП Гевгелија, како и хеликоптер.

Дронови на МВР ги мониторираат шумските појаси за превенција од пожари


Полицијата започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата во насока на рана превенција од пожари. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку […]

Петти директор за три години – Арсовска постави нов на скопски „Водовод“


Виктор Панчевски, досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ е разрешен по половина година на оваа функција. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски кој досега беше вработен во претпријатието. Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше […]

Нови директори на 10 јавни здравствени установи


Нови директори добија уште 10 јавни здравствени установи низ државава. Од Министерството за здравство информираат дека изминатите денови, министерот Арбен Таравари именувал нови в.д. директори на 10 јавни здравствени установи. Нов в.д. директор на Центарот за јавно здравје – Скопје е Муамет Демири. На штипската Клиничка болница – Владко Захариев. На Општата болница – Кичево […]

Кавадарчани не сакаат рециклажен центар за отпадни гуми во близина


Кавадарчани се во голем број против рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми, порачаа голем број на кавадарчани на денешната јавна расправа организирана од Министерството за животна средина. Тие се исплашени за сопственото здравје, земјоделството, винскиот туризам и развојот на регионот. Јавната расправа беше за животна средина во врска со Г-1 зона.  – […]

Двојно повисоки сметки за данок на имот во Тетово


Деновиве тетовци добија нови решенија за наплата на данок на имот кои се за 100 проценти па и повеќе повисоки од досега. Поради тоа голем број тетовци секојдневно доаѓаат во Општина Тетово каде бараат информации зошто се покачени сметките. Од секторот за финансии на Општината велат дека не се работи за покачување на сметките туку […]

Вреди: ДУИ сакало да извлече 10 милиони евра од Државна лотарија


Пратеникот на „Вреди“, Беким Сали на прес-конференција попладнево побара од Јавното обвинителство да реагира по допрен глас за основано сомнение за „сторена политичка корупција во режија на кадрите на ДУИ во „Лотарија“. „АД Државна Лотарија на 31 март 2023 година, преку делегирање на 51% во сопственичкиот капитал, регистрирал втора видео лотарија под името НОВО ВЛТ […]