Без вода дел од корисниците на општина Центар


 Корисниците на дел од улиците „29 Ноември“, „Радњанска“ и „Дане Крапчев“ во општина Центар денеска од 8 часот ќе немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул. „Дебарца“ бр. 64 и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер


Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 6 август 2024 година, 219-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 147 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 19 часот и 46 минути. Денов трае 14 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Без струја утре села во Петровец и делови од Волково и Долно Лисиче


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, утре од 6 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на општина Петровец. Струја ќе немаат корисниците зад ЕУРО Италија (пат кон село Огњанци), селата Бадар, Катлановско Блаце, Тотинци, Огњанци, ТС Еуроланд, ТС Арадико, ТС Фаз, Јасен, ТС Старолија-Катланово, ТС Тунел Катланово и село […]

Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени


Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени. Оваа информација попладнево ја потврди за МИА, командирот на неготинската територијална противпожарна единица, Столе Атанасов.  – На пожарот интервениравме со три противпожарни возила и осум пожарникари. Огнот е изгасен, но сепак наша екипа е се уште на лице место и го проверува теренот. […]

Светска недела на доење: Бебињата што се доени имаат за 2,6 поени повисоко IQ од оние кои не се доени


Во просек, бебињата што се доени имаат за 2,6 поени повисока интелигенција (IQ) од бебињата кои не се доени со поголеми разлики во поголемо времетраење на доењето. Доењето значително го подобрува здравјето, развојот и благосостојбата н бебињата и на децата, а воедно и на мајките, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), по повод одбележувањето на Светската недела […]

МАЕИ повика на обединување на Македонците од Албанија


  Eдинствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на денешниот состанокот одржан во Корча, повика на обединување на сите Македонци од Албанија и на оние што се иселени. Централниот комитет на МАЕИ усвои декларација од 15 точки, која ќе биде доставена до надлежните албански, македонски и меѓународни институции. „Имајќи ја […]

Црвениот крст отвори СОС телефонски линии за психолошка помош за настраданите од пожарите


Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска ќе достави хуманитарна помош – храна, средства за хигиена, душеци, ќебиња и вода за потребите на настраданото население зафатено од пожарите во земјава, за 40 семејства од неколку села во Свети Николе и девет семејства од село Брезница, општина Македонски Брод.  Хуманитарната помош, како што информира Црвениот крст, […]

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава


 Нови 25 случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица, се пријавени во државава од 26 јули до 1 август. Од нив, три се хоспитализирани, наведуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен попладнево. – Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје – 13, а […]

Во среда ќе се прска против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда (07.08.2024 година), ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци, односно: – Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 07.08.2024 год. (среда), во раните утрински часови. – Терестричната дезинсекција на подрачјето […]

Од денеска во Скопје хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите


Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде […]

Со хеликоптери се гасне пожарот кај Охрид


Два полициски хеликоптери, еден на македонското МВР и еден српски од утрово продолжуваат да гаснат во непосредна близина на Охрид кај селото Косел. Пожарот над Косел, Охридско, повторно се разгорува иако повремено локалните власти со поддршка на хеликоптери на МВР и на Република Србија успеваат да воспостават контрола. Сепак, пожарот се уште не е изгаснат, […]

Сончево и топло, попладне со локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 5 август 2024 година, 218-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 32 минути, а ќе зајде во 19 часот и 47 минути. Денов трае 14 часа и 15 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Активни се уште осум пожари, 10 се целосно изгаснати, а еден е ставен под контрола


Во текот на денов имавме вкупно 19 пожари, од кои 10 се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, a во моментов имаме уште осум активни пожари, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.  Како што посочи, најтешка е ситуацијата во селото Тажево кај Македонски Брод каде има неколку изгорени […]

Сајкоски: Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината


Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која што е направена од страна на Општината и ЈП Комуналец – Кичево, соопшти денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски. Во објава на својот Фејсбук профил, тој вели веќе подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде Општината и ЈП Комуналец – […]

Без вода утре ќе останат дел од корисниците на Општина Центар


Поради дефект на улична водоводна мрежа на крстосницата на улицата „Франклин Рузвелт“ и булевар „Партизански одреди“, утре, без вода ќе останат корисниците од дел од булевар „Партизански одреди“, дел од улица „Борка Талевски, како и дел од улица „Франклин Рузвелт“. Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот ќе трае од 8:30 […]

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите


 Хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија во државата ќе биде отворен од утре во Скопје. На овој пункт граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу […]

Чешки хеликоптер „Блек хок“ го гаси пожарот кај Брезница, ловиштето „Јасен“ не е зафатено


Чешки хеликоптер „Блек хок“ моментално дејствува на пожарот во атарот на с. Брезница и Тажево, пожар што зафаќа голема површина и е многу тежок за гаснење, но од огнот не е зафатено ловиштето Јасен, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.  -Проблемот е што мора да се симне на помала надморска височина, да полета, да […]

Сончево со умерена облачност, во западните и југозападните делови појава на пороен дожд и невреме


До крајот на денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. Во западните и југозападните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирано краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови наместа повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до […]