Почина Симон Беличанец, доајенот на македонското спикерство


Вчера во Скопје, во 82-ра година од животот, почина Симон Беличанец, доајен на македонското спикерство чија професионална кариера е врзана за Македонската радио телевизија. Роден е на 2-ри јуни 1942 година во Прилеп. Таму го завршил основното образование, како и гимназија, но и нижото музичко училиште.  Уште во гимназиските денови бил ангажиран во Радио Прилеп […]

Тошковски излезе на терен – во атарот на с. Зеленград, пробиштипско


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изврши увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на село Зеленград, пробиштипско. -Искрена благодарност до пожарникарите, доброволците и сите вклучени во гаснењето на пожарите за нивната несебична посветеност и храброст. Во постојана комуникација сме со нашите пријатели од странство […]

Србија испрати хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ за гаснење пожар во државата


 Министерството за внатрешни работи на Република Србија денеска испрати нов хеликоптер на Хеликоптерската единица МВР во Северна Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите, јави дописникот на МИА од Белград. -Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник […]

Пожарот во Косел е реактивиран


Пожарот во охридското село Косел повторно се реактивирал, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој утрово рече дека пожарот кај Косел е под контрола и има горење само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење […]

Евроамбасадорот Гир на писта ги посети пилотите кои се борат со пожарите


Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).   -Евроамбасадорот Гир и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов од посадите на хеликоптерите и авионите пристигнати преку Механизмот […]

Сончево и топло, попладне наместа нестабилно со пороен дожд


Времето денеска во државата претпладне  ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 3 август 2024 година, 216-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 150 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 30 минути, а ќе зајде во 19 часот и 50 минути. Денов трае 14 часа и 20 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Пожар под Кале во Скопје, интервенираат четири противпожарни возила


 Пожар кај скопското Кале избувнал вечерва, информираат од Центарот за управување со кризи. -Гори под резиденцијата на МПЦ кон поранешниот полигон за авто школа, под Калето. Во моментов интервенира Бригадата за против – пожарна заштита со осум пожарникари и четири ПП возила, наведуваат од ЦУК.

Активни се девет пожари, нови пожари во Охридско и Скопско


 Во моментов во државата активни се девет пожари од кои најтешкиот е на Осоговските планинини кој е на недостапен терен, а нови пожари се регистрирани на териториите на Охрид и Скопје, вели во видео порака директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.  -За жал дури и денес на Илинден, на територијата на државата беснеат девет пожари на […]

Тестовите за голема кашлица и реагенсите во исклучените фрижидери на ИЈЗ се исправни


Тестовите за голема кашлица и реагенсите во исклучените фрижидери се исправни, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) откако пред два дена комората и фрижидерот на одделението бактериологија биле оставени без електрично напојување поради исклучен осигурувач. Од институтот велат дека веднаш бил направен увид на подлогите за работа, реагенсите и антибиотиците за антибиограм, од комората […]

На Богородица се чека на пет ленти


На преминот Богородица се отворени пет ленти за излез од државата и пет ленти за влез во државата. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки. За излез од државата […]

Пет „ер трактори“ гасат на Илинска Планина, кај Пробиштип пратени осум хеликоптери


Утрово на територијата на Македонија активни се шест пожари, но откако ја добивме помошта во летала за гасење и дополнителни пожарникари од Европа, по активирање на Механизмот за помош на ЕУ, пожарите се гасат со по пет авиони, осум хеликоптери, а на непристапните терени испратени се и 46-те унгарски пожарникари заедно со теренските возила кои […]

Повреден пожарникар од Струмица при гаснење пожар


При интервенцијата за гаснење на запалена сува трева и ниска деградирана шума во атарот на село Зубово, еден пожарникар, припадник на ТППЕ Струмица, е повреден, односно му е скршено едно ребро, соопштија струмичките пожарникари. -По извршените лекарски прегледи му е дадена соодветна терапија и е испратен на домашно лекување, стои во информацијата од ТППЕ Струмица. […]

Во Трново 53. Семакедонска средба по повод Илинден


 Во потпелистерското село Трново денеска, по повод празникот Илинден и Денот на Републиката, ќе се одржи 53. Семакедонска средба „Трново 2024“ на која, како што соопшти Матицата на иселениците на Македонија, се очекуваат Македонци од сите делови на државата и од дијаспората. Семакедонската средба  ќе се одржи од 10.30  до 12.30 часот во дворот на […]

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“


 Со подигнување на бајракот на Републиката, со симболично испукување на црешовото топче и со читањето на Крушевскиот манифест, синиќа на Гумење во Крушево свечено беа отворени научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ со што и започна чествувањата за големиот Илинден и 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. На чествувањето покрај повеќе гости присуствуваше […]

На Илинден прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија


На барање на македонската заедница во Србија, денеска на Илинден во Јабука крај Панчево, во православниот храм Св. Пророк Илија, ќе се одржи првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник, јави дописникот на МИА од Белград. Црковната литургија ќе ја одржи јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем, за што има добиено благослов […]

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево


Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август – Илинден, кој традиционално се одбележува во Крушево, ги известува граѓаните дека поради изведување градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп – Крушево, патот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани. За доаѓање на […]

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9 Во Скопје сончево и […]

Тој изгуби сѐ за што работел 40 години во пожарот во светиниколско Немањици


  Пожарот што со денови беснее во Светиниколскиот крај уништи сѐ за што во последните 40 години работел 52-годишниот Тони Нанев од Немањици. Сега тој со неверување гледа во побелениот од пепел имот, каде чувал овци и живина. До него стои неговиот син и се прашува како ќе успеат да ја вратат убавината на нивниот […]

За продолжениот викенд многу топло време со попладневна нестабилност


Во деновите од викендот ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност. Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Како што соопштија од УХМР, локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Времето утре сончево […]