Километарски колони на Меџитлија кон границата со Грција


 

За да ја избегнат Богородица дошле на граничниот премин Меџитлија кај Битола за да влезат во Грција, но и овде ги пречекале километарски колони. 

Како никогаш досега овој граничен премин е заглавен со автомобили. Колоната се протега до индустриската зона „Жабени“ и е потребен барем еден час за да се стигне до граничниот премин. 

Бидејќи патот е обичен и тесен сообраќајната полиција е распоредена за да контролира да нема непредвидени ситуации.

Има автомобили од цела Македонија, но и со регистерски таблички од Србија. Туристичките веб-страници од Србија оваа година им го препорачуваат преминот Меџитлија на тамошните граѓани за да ги избегнат гужвите на Богородица, иако се патува подолго.

За македонските граѓани овој викенд е подолг поради празникот, а топлото време ги привлече за да заминат уште на два-три дена капење во Грција. (А.Б.)