Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда


Наредната седмица ќе биде организирана августовската испитна сесија од учебната 2023-2024 за матурантите кои во јуни, од различни причини, не положиле државна матура или не во целост.  Во понеделник, 12 август, од 10 часот е закажано полагањето на првиот (задолжителен) екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, а в среда (14 […]

Дали урбанистичките планови со новиот закон ќе се откочат или ќе дојде до градежно дивеење?


  Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт. Токму измените на Законот за урбанистичко планирање, како што информира, се предлагаат за надминување на ваквата состојба. Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните […]

„Скандалозна и комична“: СДСМ за изјавата на Јаневска дека децата ќе учат странски јазици од серии


  СДСМ ја нарече скандалозна изјавата на министерката за образование Весна Јаневска, која правдајќи се дека од септември нема да има учебници за странски јазик, порача дека тоа не е проблем бидејќи и така децата јазици учеле од серии.     „ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два месеци откако ја презедаа власта, потврдија дека образованието […]

Советот на Кавадарци ќe расправа за најавената инвестиција во центар за преработка на отпадна гума


 Советот на Кавадарци ќе расправа за иницијативата за фабрика за третман на отпадна гума на 22 август,  во рамки на редовната 45-та седница.  Ваква одлука е донесена, откако претходно, денеска,  советниците Вуко Мелов и Павле Маневски писмено побараа да се расправа по иницијативата за отворање на фабрика за третман на отпадна гума. Претходно, двајца советници, […]

Во вторник температури до 40 степени – УХМР со портокалово ниво за опасност


Следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено во почетокот на идната недела, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури, соопшти УХМР. Во вторник се очекува температурата да достигне 40 степени. Според УХМР, за време на викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. […]

Испитување на „Галуп“: Македонците се вториот најгневен народ во Европа


 Македонските граѓани се на второ место меѓу европските нации, на овогодишниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, којшто покажува колкав дел од населението на секоја земја чувствува лутина или бес на дневна основа. На листата, првото место го зазеде Турција, каде што 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена доза гнев. Македонците се втори, со […]

Најсвежо во Лазарополе, најмногу дожд во Пожаране


 Утрово најсвежо беше во Лазарополе каде се измерени 11 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови со 12 степени, 13 Берово, 14 Попова Шапка, 15 Крива Паланка, Тетово, Битола, 16 Прилеп, Охрид, 17 Скопје-Петровец, Крушево, Претор, 18 Демир Капија, 19 во Штип, Струмица, Велес и Виница и 20 степени во Скопје кај Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија. За […]

Угина царскиот орел спасен од пожарите на Пониква


Царскиот орел, што беше спасен од пожарите на Пониква угинал пред два дена. Птицата е однесена на Факултетот за Ветеринарна медицина каде ќе се изврши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето. Од Македонското еколошко друштво ја потврдиле информацијата за Државниот инспекторат за животна средина и најавиле дека по добивањето на финалниот обдукциски […]

Без струја корисници од Сопиште, Зелениково и Студеничани


Без електрична енергија денеска од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од Горно-Долно Соње, Ракотинци, Јаесен, Атинци, Варвара, Говрлево, Брезница, Каменоломи, Јаболци, Дражилово, Црн Врв, Малчиште и Елово во општина Сопиште. Според известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 9 до 15 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од Зелениково, Таор, Студеничани, […]

Без вода корисници од неколку улици во Карпош


Дел од корисниците на улиците „Варшавска“, „Хашка“ „Хаванска“, „Хелсинки“, „Мексичка“ и „Ташкентска“ во општина Карпош денеска од 8.30 часот ќе немаат вода. Според известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради промена на вентил и водомер на улица „Варшавска“ бр. 14 и ќе трае до завршување на  работните активности. 

Сончево , попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 9 август 2024 година, 222-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 144 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 36 минути, а ќе зајде во 19 часот и 42 минути. Денов трае 14 часа и 6 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Неделков: Изјавата на министерката за платите не значи дека СОНК се откажал од своето барање


Изјавата на министерката за образование и наука за зголемување на платите во образованието од 10 до 12 проценти од март 2025 година не е усогласена со ставовите на СОНК, соопшти Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура. Во објава на неговиот Фејсбук профил, Неделков вели дека го информира членството на СОНК […]

Вардариште повторно гори – го гасат тројца пожарникари


Попладнево, густ црн чад повторно се издига од Вардариште, а како што информираат од ЦУК, го гасат тројца пожарникари со едно противпожарно возило.  Пред неполн месец, по големиот пожар на дивата депонија „Вардарише“, местото го посетија градоначалникот на Оштина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со заменик-градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, началникот на СВР Скопје Сашо […]

ЦУК: Охридските спасители и пилотите на МВР тргнале да гасат пожар, но спасија повредена туристка од Чешка


Во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска, е спасена 68-годишна жена – турист од Чешка, со опасна скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина. Во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска, е спасена 68-годишна жена – турист од Чешка, со опасна скршеница […]

Данела Арсовска назначи нов директор на ЈП „Градски паркинг“


Скопската градоначалничка, Данела Арсовска вчера го разрешила директорот на ЈП „Градски паркинг”,  Михаил Петревски. На негово место за нов в.д. директор е назначен Мартин Гаврилски. Оваа информација денеска ја потврдија и од претпријатието, но не знаеја да кажат од кои причини Петревски е разрешен од функцијата. Петревски, на функцијата беше назначен лани во април. Арсовска […]

Македонци од Виена: „Препорачливо е да не носиме маички со Тејлор Свифт“


  Голем број граѓани од Македонија купија карти и заминаа во Виена за да ги следат настапите на Тејлор Свифт. Дел од оние кои заминаа за Виена на концерт за Мета.мк сведочат дека вчера околу стадионот имало многу полиција, но не знаеле што се случува. „На стадионот имаше премногу луѓе уште 24 часа пред концертот, […]

Учебници ќе има за сите предмети, освен за странски јазик


Министерската за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека од прво во деветто одделение за престојната училишна година учебници ќе има за сите одделенија, освен за странските јазици. Додаде дека во моментов се печатат стотици илјади учебници, дел од нив се дистрибуирани, а за дел ќе почне диструбицијата, откако ќе излезат во печат и […]

Терористот од Виена признал сѐ, соучесниците биле од хрватско и турско потекло


Истрагата на австриската полиција открила дека уапсениот осомничен терорист со потекло од Македонија,  си дал отказ на работа на 25 јули и притоа рекол дека има „големи планови“. Откако ја напуштил работата, 19-годишникот наводно се фокусирал на подготовка на терористички напад и го променил изгледот за да го прилагоди на таканаречената пропаганда на исламска држава. […]

Се уредува зеленилото на излез од Скопје


Од ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека се уредува зеленилото на излез од Скопје.  – Денес со машинско косење на тревната површина теренските екипи започнаа уредување на страничното зеленило и жардиниера долж булеварот Александар Македонски. На потег од мостот во населбата Маџари, сѐ до регионалниот пат Скопје – Велес на излез од градот се коси тревната површина […]