Претежно сончево и многу топло време, од среда портокалова фаза на повеќе места


Претежно сончево и многу топло време нѐ очекува од утре до крајот на седмицата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Топлото време е под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а особено топло ќе биде до среда, кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови и на повеќе места ќе биде […]

ЦУК: „Бехтел – Енка“ помогна да се стопира крак од голем шумски пожар, се заканувал на воен објект кај с. Челопеци, Кичевско


Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека конзорциумот „Бехтел – Енка“ помогнал да се стопира крак од голем шумски пожар, кој се заканувал на воен објект кај с. Челопеци, Кичевско. „Моќен булдожер или багер може да заврши поголема работа и од хеликоптер, доколку условите на теренот дозволуваат негово движење за изработка на доволно широк […]

Делови од Студеничани и Чучер Сандево утре без струја


Корисниците од викенд населбата Јане Сандански кон викенд населба Морани, на потегот од црквата кон населбата Јане Сандански во општина Студеничани утре од 8:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од село Глуво и дел од корисниците кај аеродромот Стенковец […]

Сончево и топло со слаб до умерен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со […]

Падна рекордна седумка на Лото од 1,7 милиони евра, ливчето уплатено во Охрид


По подолго време извлечена е седумка на Лото, и тоа со рекордни 1,7 милиони евра. Среќениот добитник на рекордната награда, ливчето го уплатил во Охрид, и тој ќе добие 1, 76 милиони евра. Во вечерашново извлекување добината комбинација беше  7, 31, 33, 36, 10, 27, 35.

Во Карпош поставени наменски контејнери за кабаст отпад и градежен шут


Секторот Инспекторат во соработка со координаторите за одржување на јавната чистота и претставниците од урбаните заедници на Општина Карпош, организираат акција за отстранување на кабаст отпад и отпад од градежен шут, кој инаку граѓаните го одложуваат до контејнерите наменети за комунален отпад и други видови на неопасен и инертен отпад од домаќинствата. Заради поголема ефикасност […]

Дел од општина Гази Баба вечерва без вода


Поради технички зафати во водоводната мрежа со пречник од 700 милиметри на бул. „Александар Македонски“ бб. кај подвозникот АСУЦ, ноќеска од 2 часот по полноќ до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од бул. „Александар Македонски“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во истиот термин со […]

О2: Урбанистичките планови се изработени по неважечки закони и правилници


Во врска со реакцијата на Министерството за транспорт за измените на Законот за урбанистичко планирање, кој е ставен на седница во Собранието во понеделник, 12.8.2024, по скратена постапка, од Иницијативата О2 имаат низа забелешки. Се спомнуваат 600 урбанистички планови заглавени во постапка, а не се спомнува дека изработката на тие урбанистички планови трае повеќе од […]

Градската депонија во Кавадарци доби електрична енергија, има чуварска служба и видеонадзор


 Градската депонија во Кавадарци од синоќа доби електрична енергија, со тоа се создадоа можности за 24 часовна чуварска служба и видеомониторинг, со што дополнително ќе се зголеми безбедноста, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на „Фејсбук“. Инвестицијата е на јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци. Директорот на претпријатието, Гоце Ангеловски појасни за МИА, дека изминатите околу […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од СДСМ каде завршиле над 90 милиони разлика во цени од тендер во РЕК Битола даден на Марковски компани


ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од СДСМ каде завршиле над 90 милиони разлика во цени од тендер во РЕК Битола даден на „Марковски компани“, а велат дека за нив одговорност ќе има. – За да се воочи што правело раководството на ЕСМ треба првин да го погледнеме договорот кој што претпријатието преку РЕК Битола го склучило со […]

СДСМ: Не запираат скандалозните назначувања на Мицкоски – ќе имаме Монти пајтон влада


Не запираат скандалозните назначувања на неквалификувани и осудени кадри на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Како што тргнале ќе имаме автентична македонска Монти пајтон Влада која ќе биде за потсмев, тврдат од опозициската СДСМ.  – Најновите кадровски решенија за кои граѓаните се во шок, се новиот директорот на Клиниката за урологија Башким Шабани и главниот ревизор на […]

Запален контејнер кај „Даре Џамбаз“


Во текот на вчерашниот ден, од страна на непознати сторители беше опожарен еден сад наменет за одлагање комунален отпад лоциран на улицата 11-ти Октомври во скопската општина Центар, во непосредна близина на ДХО „Даре Џамбаз“. Станува збор за пластичен контејнер со зафатнина од 3,2 кубни метри што како последица од опожарувањето е комплетно уништен и […]

Пожарот на Илинска Планина под контрола, на Галичица огнот се шири кон Стење и се слушаат експлозии


Пожарот на Илинска Планина, што се простира на подрачјата на општините Демир Хисар и Охрид е под контрола и на некои места има чад во веќе опожарениот дел кој не претставува опасност. Во текот на вчерапниот ден на терен имало четворица вработени од ЈП НШ „Бигла“ Демир Хисар, кои во 18 часот се повлекле, како […]

Дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила


На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата, кај месноста Љуботенски Бачила. Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводени од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе положат венци со цвеќе на спомен обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски […]

Сончево и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец


Времето ќе биде сончево и топло, во  источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8 Во Скопје претежно сончево и топло со умерен, […]

Активни пожари во Македонски Брод, Охрид, Новаци, Кичево и Струга


Вкупно 29 пожари на отворено имаше во текот на денешниот ден на територија на цела држава, од кои 21 се изгаснати, два се ставени под контрола. Шест пожари се уште се активни, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.  Најтешкиот пожар, како што информира, е на територија на општина Макдонски […]

Косовско МНР: Скопскиот суд одлучи да не се екстрадира поранешниот припадник на ОВК


Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека Советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучил да не го екстрадира косовскиот државјанин Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Министерството се […]

Хоспитализирани уште четири лица со голема кашлица, вкупно 1001 случај во државава


Во периодот од 2 до 8 август, пријавени се 20 нови случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица. Од нив, четири лица се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. – Заклучно со 8 август, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 1001 случај на голема кашлица, со […]

Реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ се очекува да заврши за една и пол година


Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски -Питу“ во Скопје, првиот меѓу државните домови кои етапно ќе се реновираат, во моментов се прави демонтажа на инсталациите, прозорците и вратите. Според изведувачот на градежните зафати, процесот се одвива според планираната динамика и се очекува реконструкцијата да заврши за една и пол година. Тоа го соопшти министерката за образование […]

„Лошо срочена изјава“: Јаневска се извини за идејата околу учебниците за странски јазици


  „Не дообјаснив како што треба. Не станува збор за странските јазици. Станува збор за култура и јазици на заедниците“. Министерката за образование денеска се извинуваше за нејзината вчерашна изјава, која јавноста ја пречека со неверување и во која рече дека нема да има учебници по странски јазици за следната учебна година, а учениците и […]