Изгоре единственото противпожарно возило во Пехчево


Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, објави дека единственото противпожарно возило со кое располага ДПД Пехчево изгорело во големиот пожар што беснее во Пехчевско. Михаилов објави и видео од местото на настанот. „Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат! Ова е видео од противпожарното возило со кое […]

Герила акција во Скопје по повод Меѓународниот ден на младите


На Меѓународниот ден на младите, 12 август, „ХЕРА МЛАДИ“ организираа герила акција во Скопје со слоган „Промени ја сликата, ти си разликата“, истакнувајќи ја важната улога на младите во обликувањето на иднината на нашето општество. Преку организирање на интерактивни изложби, улични уметнички инсталации и јавни дијалози, „ХЕРА МЛАДИ“ успешно создадоа позитивна и поддржувачка атмосфера која […]

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп – Градско


Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско е нормализиран, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

Немаме пола од потребните еколошки инспектори, а тие што ги има се пред пензија


Државниот инспекторат за животна средина работи со половина од потребните инспектори, а и тој број ќе се намали до крајот на годината кога во пензија ќе си одат уште двајца. Директорот на Инспекторатот Сретен Стојковски вели дека годишниот план во кој бараат вработување на тројца нови инспектори сè уште не им е одобрен од новото […]

Сè уште ја нема новата позитивна листа на лекови на Таравари


Министерот за здравство Арбен Таравари на почетокот на јули вети дека ќе има нова, проширена позитивна листа на лекови што ќе бидат на товар на Фондот за здравство, но досега од оваа листа нема ниту трага, ниту глас. Најпрво се чекаше да биде назначен нов директор на ФЗО. Сега се чека  да се оформи новиот Управен […]

Отворен ден на младите на Црвениот крст во Охрид


Клубот на млади на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид по повод Меѓународниот ден на младите под мотото „Од млади за млади“ денеска организира Отворен ден на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. На настанот предвиден да почне од 19 часот младите волонтери на Црвен крст – Охрид ќе презентираат бројни активности во рамки на здравствено-превентивната […]

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско, кај Заполски мост


Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско, кај Заполски мост е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ информираат дека карактеристично за летниот период, на ГП „Табановце“ за влез […]

Делови од Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново утре без струја


Без електрична енергија утре од 9:00 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Вангел Дину“ во населба Влае, општина Карпош.  Во период од 12:00 до 15:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „24“ и „60“ во Волково, во општина Ѓорче Петров, а од 8:45 до 13:00 часот дел од […]

Сончево и многу топло, температурата до 40 степени, УВ индексот ќе биде 9


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 9, известуваат од УХМР. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од […]

Полициски хеликоптер транспортираше повредено лице до Клинички центар „Мајка Тереза”


Полициски хеликоптер Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици денеска транспортираше тим пожарникари и 500 литри вода до непристапниот терен на Галичица. Потоа истиот дејствуваше на пожарот во општина Новаци каде што фрли 45 тони вода. Во 15.00 часот хеликоптерот беше испратен за транспорт на повредено лице од непристапен терен во подрачјето на Штип до Клинички […]

Седница на кризниот штаб на Пехчево: Пожарот ќе се гасне утре изутрина со два полициски хелихоптери и од земја


Кризниот штаб на Пехчево вечерва одржа седница на која, како што информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, е договорено за гаснење на пожарот рано наутро со дејство да започнат два полициски хеликоптери. Во гаснење на пожарот ќе учествуваат и пожарникари од околните градови, Национални шуми и ДЗС.  -Помалиот хеликоптер ќе полни […]

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево


По пожарот кој денеска попладне повторно избувна во Пехчево, градоначалникот Александар Китански вечерва излезе со соопштение од Кризниот Штаб со кое апелира сите доброволци да се вклучат во гаснењето на пожарот. -Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се се уште активни! Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети […]

Активни десет пожари, нов пожар кај Пехчево, гори во Јасен, во близина на Стење, кај Белица…


 Попладнево и вечерва во земјава се активни десет пожари. Во текот на денот три се ставени под контрола, а седум пожари се изгаснати. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека од овие десет активни пожари, осум се многу сериозни, и дека некои се повлекуваат со денови.  -Пожарот во Јасен не можеме […]

Пронајдено исчезнатото лице од Дорфулија со помош на специјалните единици (ВИДЕО)


Исмаил Муратов (35) од Дорфулија кој од петокот вечерта беше исчезнат, попладнево бил пронајден во безсознание покрај реката Брегалница, кај селото Бекирлија, на територијата на Општина Лозово. Тој со хелихоптер веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.  Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека спасувачка потрага и мисија […]

Ослободување од работа, избегнување сонце, светла облека… Еве кои се препораките на МЗ за горештините


Од утре до среда, територијата на цела држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалово ниво на опасност од високи температури и согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, се преземат акции предвидени за фаза 2 – „Портокалово ниво“ на топлотни бранови, информираат […]

Зголемен број на повици во Брзата помош во Велес за време на викендите


Зголемен е бројот на повици во Брзата помош во Велес за време на викендите, информира за МИА д-р Надица Мицева, дежурен лекар во службата. Таа вели дека во текот на денот има по 5 до 10 повици од граѓаните, а во текот на ноќта по десетина. Мицева појаснува дека најчести повици добиваат од хронично болните […]

Без вода дел од населба Ченто


 Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф125мм на раскрсницата „Среќко Пужалка“ со „Јужноморавски Бригади“, денеска, од 14:50 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Среќко Пужалка“, „Јужноморавски Бригади“, местото наречено Камник и дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, во населба Ченто, Општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. 

Од понеделник до среда ќе биде пеколно – Владата со дополнителни мерки за превенција


Владата на денешната 111-та седница донесе одлука за дополнителни мерки за превенција од топлотниот бран.  Како што се наведува во соопштението, Министерството за здравство ја информираше Владата дека, доби информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од два дена и тоа во […]

Трајанов: Четири неисплатени плати и долг од 10 милиони денари во ЈП „Национални шуми“


Директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Здравко Трајанов, изјави дека претпријатието е во очајна финансиска состојба со наследен долг од 10 милиони евра. Тој информираше дека стотици луѓе се вработени на огласи за дрвосечачи од страна на претходната власт, а кои сега седат во канцеларија и дека има четири неисплатени плати на вработените. Во интервју […]

Седум активни пожари, пет ставени под контрола, 31 изгаснати


 На територијата на државава во моментов има седум активни пожари на отворено и шумски пожари, пет се ставени под контрола, а 31 се целосно изгаснати, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Според информациите на Ангелов, најголемиот пожар кај Јасен постепено се става под контрола.  -Најголемиот пожар, пожарот „монструм“ постепено го […]