„Истибањско здравоживо“ – празник на фолклорот, традицијата и културното наследство


Со свечена атмосфера, песна, игра и богата фолклорна програма, вчера во Истибања започна 41. издание на  Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ – фестивал кој со својата долгогодишна традиција претставува еден од најзначајните културни настани за Виница и регионот. Пред бројната публика, фестивалот за официјално отворен го прогласи градоначалникот Митко Костадиновски, упатувајќи честитки до организаторите и […]

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години


Изложба на олдтајмери се реализира денеска во Кавадарци, најстарото возило е старо 98 години. Настанот е во рамките на традиционалната стопанско- туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“, што го организира кавадаречката локална самоуправа. -Оваа година имаме пријавено околу 70 возила. Очекуваме да дојдат малку повеќе, т.е. веќе доаѓаат некои непријавени. Интересното за оваа година е […]

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава


На Граничниот премин Богородица, времето на чекање за излез од Македонија претпладнево е од 15 до 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информираат од АМСМ.  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

Утрово се активни шест пожари, информира ЦУК


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека утрово активни се шест пожари во земјава, пет се ставени под контрола, а 19 се изгаснати во изминатото деноноќие.  Активни се пожарите во с. Грачани и с. Никиштани, а пожарот е активен и на територијата на Република Косово, каде гори шума. На територија на Општина Македонски Брод […]

Двеста учесници на второто издание на „Голак Треилс“ во Делчево


Околу 200 учесници и 80 волонтери се дел од второто издание на планинската трка „Голак Треилс“, која денеска ќе се одржи на планината Голак и во Делчево. Организаторите велат дека зголемениот интерес од учесници од земјава и соседните држави е потврда дека настанот прераснува во традиција.  Учесниците ќе можат да изберат меѓу две трки – […]

И денеска топло до 37 степени, но ќе дува засилен ветер, долж Повардарието и до 60 км/ч


Управата за хидрометеоролошки работи за денеска објави портокалов метеоаларм за територијата на целата држава. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а […]

УХМР: Утре портокалова фаза низ Македонија – високи температури


Управата за хидрометеоролошки работи попладнево објави портокалов метеоаларм за утре, 6 септември, за територијата на целата држава. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 […]

Средба на Сиљановска-Давкова со лауреатите на „Инженерски прстен“, меѓу добитниците е и Огнен Пендаровски, син на експретседателот


Годинешните добитници на признанието „Инженерски прстен“ денеска беа на средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во вилата „Биљана“ во Охрид. На средбата, лауреатите ја информирале претседателката за нивните професионални планови, ги изложиле своите критички видувања за состојбите во државата, а особено во високото образование, укажувајќи на потребата од подобри услови за работа и професионален развој на […]

Старата чаршија во Гевгелија доби нов лик, со реконтруирани 27 објекти и улици


Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, откако изминатиов период таму беа обновени 27 објекти, а реставрирани се фасадите на дуќаните, изведено е ново гранитно поплочување, просторот е опремен со урбана опрема и осветлување, а целосно е реконструирана и подземната инфраструктура. Со тоа, Чаршијата добива нов лик, притоа задржувајќи ги автентичноста и препознатливиот дух. Денеска, […]

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа


Оваа година е натпросечна година кога станува збор за инфекција од Западнонилска треска насекаде во Европа- нагласи премиерот Христијан Мицкоски појаснувајќи дека годинава овој здравствен предизвик е особено изразен на европско ниво и не е специфичен само за земјава. Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија, по повод […]

Законите во „Службен весник“ треба бесплатно да се читаат, смета ЦУП


Бесплатен пристап до електронските изданија на Службениот весник и за тековната година, а не само за архивата, бара Центарот за управување со промени (ЦУП) со иницијатива за законски измени поднесена во Министерството за правда.   „Анализите покажаа дека обезбедувањето бесплатен пристап до електронските изданија на службениот весник ќе придонесе кон поголема правна сигурност на граѓаните, […]

Општина Аеродром крена и камионче – се расчистува јавниот простор


  Општина Аеродром продолжува со активностите за ослободување на јавните површини од хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила, а паралелно продолжуваме и со обновување на урбаната опрема низ сите населби. Општинскиот инспекторат и минатата недела работеше на отстранување на возилата што подолг период зафаќаат јавен простор, вклучително и возила кои се нерегистрирани повеќе години, по спроведување […]

Општина Крива Паланка распиша конкурс за стипендирање на талентирани ученици, студенти и спортисти


Талентираните ученици – средношколци и студенти, како и спортски таленти од Крива Паланка ќе имаат можност да конкурираат за стипендии од општинскиот буџет во претстојната учебна година. Конкурсите за доделување стипендии во повеќе категории се веќе распишани и објавени на општинската веб-страница, а аплицирањето ќе започне на 28 септември. -Општина Крива Паланка и во претстојната  […]

(Видео) Филип со крпа во раце, исчисти автобуска постојка во Капиштец


Филип Ѓоргиев – лицето зад профилот „Кеса на 10“ направи убав гест, при што ја исчисти автобуската постојка „Капиштец Црква“ која беше исшарана со графити. Во неговата објава на социјалните мрежи, тој вели: „Некои работи ги гледаме секој ден, само што веќе и не ги приметуваме“. Инаку, Филип редовно организира акции за собирање отпад на […]

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро


Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на Охридското Езеро во која при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот, кога бродот „Илинден“, со 57 патници што пловеше на релација Охрид – Свети Наум,  се преврте и потона на околу 250 метри […]

Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“, времето на чекање за излез од Македонија е околу 45 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото […]

Два активни и пет под контрола – изгаснати се 24 пожари


Заклучно со денеска до 07:30 часот на територијата на државава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни, пет се под контрола, а 24 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општина Ѓорче Петров: с. Грачани – пожарот е активен и на територијата на […]

Македонците се послаби од европејците – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %


 Во 2025 година, 16,3% од луѓето во Европската Унија на возраст над 18 години биле дебели, што значи дека имале индекс на телесна маса од 30 или повисок. Дополнителни 35,4% биле со индекс на телесна маса помеѓу 25 и 30. Генерално, повеќе од половина од населението на ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на […]

Сончево и топло, со температури до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до […]

Заврши санацијата на мостот на Маркова Река, од утре целосно отворен за сообраќај


Јавното претпријатие за државни патишта ги известува граѓаните на Кисела Вода, поточно граѓаните коишто гравитираат кон населените места Драчево, Зелениково, Батинци итн.,дека ја заврши санацијата на мостот на Маркова Река пред предвиднеиот рок и дека од утре, 05.09.2026 година, мостот ќе биде во целосна функција. Имено, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на конструкцијата […]