Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро


Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на Охридското Езеро во која при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот, кога бродот „Илинден“, со 57 патници што пловеше на релација Охрид – Свети Наум,  се преврте и потона на околу 250 метри од брегот, кај автокампот „Елешец“.

Жртвите беа жители на општините Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица во Бугарија.

Бродот беше извлечен од езерото на 19 септември 2009 година и одвлечен до каналот Студенчишта, каде што се наоѓа и денес, како нем сведок на трагедијата во која загинаа 15 луѓе.