„Скопје 2028“ ги повикува граѓаните да ги предложат местата и приказните што го чуваат духот на градот


 Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ објавува два јавни повика – „Мапирање на локации, објекти и простори за програмата „Скопје 2028“ и „Скопски приказни“ – со кои ги повикува граѓаните да придонесат кон откривањето и документирањето на културниот потенцијал и меморијата на градот. Повикот „Мапирање“ е отворен за сите кои го познаваат Скопје […]

Нови предлози за старите државни станови: Откуп или закуп, а потоа и иселување


Со години, а во дел од случаите и со децении, семејства живеат во станови кои формално се во сопственост на државата, врз основа на стари решенија и договори за времено користење. Сега за нив се предлагаат законски измени кои отвораат нов рок во кој ќе можат конечно да го уредат станбениот статус – преку откуп, […]

Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога


Поголема ефикасност во борбата против недозволената трговија со дрога, подобра институционална координација и посилен фокус на превенцијата и лекувањето на зависностите биле во центарот на денешната средба во Министерството за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за здравство Сашо Клековски разговарале со шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и […]

За викендот дожд, ветер и заладување


 Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со наврнати над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец со брзина од над 40 километри на час. Од сабота дневната температура […]

ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје!


Со прашањето – Има ли крај лудилово? – ЛДП реагира на најновата одлука на министерката за образование весна Јаневска околу сексуалното образование на децата.  „Министерката Весна Јаневска го изгуби целосно компасот на почетокот на учебната година и сега го доведе Министерството за образование до степен на целосен средновековен опскурантизам. Откако пред само неколку дена ја […]

Еко организации ѝ дадоа краен рок на Владата да ги поништи концесиите за „Иловица-Штука“


Здружените еколошки организации и иницијативи, откако во јуни упатија барање до Владата да ги поништи концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, сега ѝ дадоа рок да го стори тоа до 29 септември, а во спротивно, како што велат, ќе ги искористат загарантирани уставни права за самозаштита. „Разумниот рок за поништување на концесиите за рудникот ‘Иловица-Штука’ кој добронанерно […]

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како ‘бесплатно’


Опозициската партија Левица упати жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски и раководството на Државна лотарија, обвинувајќи за фрлање сомнеж врз начинот на кој се финансираше организацијата на прославата за 35 години независност. „После најновите информации објавени за фирмата „Авалон”, можеме да заклучиме дека математиката не му е силна страна на Мицкоски, како што му е […]

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати – сите се мажи


Заклучно до 8 август, во земјата се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, од кои 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни. Починати досега се осум лица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.Во текот на изминатата недела (2-8.9.2026) пријавени се два нови случаи, од Скопје и Свети Николе. Регистрирани […]

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага – Владата призна „Рекет на стероиди“


  Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено одговорни компании“ не е вест за домаќинско работење, туку официјално признание за приватизација на државата. Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира дека кога приватниот капитал тајно ги финансира државните манифестации и владината ПР-пропаганда, тоа не е […]

Неколку улици во Чаир без вода, поради дефектот сообраќајот ќе биде ограничен на „Коста Абрашевиќ“


Поради дефект на водоводна цевка на улицата „Коста Абрашевиќ“, денеска од 9 часот без вода ќе останат корисниците од неколку улици во општина Чаир, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Станува збор за дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Коста Абрашевиќ“ б.б., поради што со прекинато водоснабдување ќе […]

Клековски ќе ја претстави ажурираната листа на есенцијални лекови


Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ќе информира за ажурирањето на листата на есенцијални лекови. Како што соопшти Министерството за здравство, прес-конференцијата ќе се одржи во Клубот на пратеници со почеток во 12 часот.

Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ ќе ја примат берлинската награда за проектот „Нашето патување на Јупитер“


Во ООУ „Лазо Трповски“ денеска со почеток во 10 часот ќе се одржи свеченост на која ќе бидат врачени наградата и дипломите освоени на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026 во Берлин. Како што информира училиштето, наградите на учениците од 4а одделение и на нивните наставници-ментори Ирена Грегориќ и Стефан Симовски ќе […]

Отворање на изложбата „Боите на слободата“ во Музејот на Македонија


Во Музејот на Македонија денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Боите на слободата“, поставка посветена на 35-годишнината од независноста на државата, која преку историски предмети, документи и уметнички дела го прикажува развојот на македонската државност и културен идентитет. Изложбата ќе биде поставена во историскиот дел на музејот, а ќе ја отвори директорот на Музејот Александар […]

Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне […]

Хера за одлуката да се тргне предметот сексуално образование од средно: Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите


ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и најавува негова „длабока ревизија по барање на јавноста“. Во земја во која податоците за насилството, дискриминацијата и здравјето кај младите се алармантни, бараме образовните програми да одговорат на секојдневните потреби […]

Бобан Утковски, директор на КПУ Затвор „Скопје“, поднесе оставка


Бобан Утковски, директор на скопскиот затвор во Шутка, поднесе оставка. Тој за ТВ 24 потврди дека ја поднел оставката, како што вели, поради лични причини. Оставка веќе е доставена до Владата и ќе биде разгледана на некоја од следните владини седници. Утковски беше именуван за в.д. директор на скопскиот затвор на крајот на јули 2024 […]

Маж снимен како фрла ѓубре во Радика, го испразнил возилото на мостот кај каменоломот во Косоврасти


Дебарското  спортско риболовно друштво „Трофта“ (Пастрмка) на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како маж застанува со комби возило на мост на реката Радика, од возилото вади вреќи и кутии полни со ѓубре и ги фрла во реката.    „СРАМНО! Ова е реката Радика – една од најчистите и најубавите реки во Македонија. […]

СДСМ: Нема „нула денари“. Чија е Државната лотарија?


  Опозициската СДСМ реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека целомесечните прослави на 8 Септември ги чинело граѓаните „нула денари“ и дека сето тоа го платиле општествено одговорни компании. „Тоа што го платила Државна лотарија, која е во сопственост на државата – тоа не важи? Сè било организирано со поддршка на ‘општествено одговорни компании’. […]

Свечено пуштен новиот Спортско-рекреативен центар „Џексон“ во Штип


Штип од денеска го има новиот Спортско-рекреативен центар (СРЦ) „Џексон“. Новиот спортски дом за спортистите и публиката е инвестиција, која чини повеќе од два милиони евра, средства обезбедени од државниот буџет. По тој повод денеска на свеченото пуштање во употреба на СРЦ „Џексон“ во Штип присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за […]

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор


Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката Пулс од Кочани, во која загинаа 63 луѓе во катастрофалниот пожар, за неполн месец излегува од притвор. Ова за „Телма3 го потврдиле од Кривичниот суд во Скопје од каде велат дека последното продолжување на притворот му е до 3 октомври. Ќе се брани од слобода бидејќи според законот […]