Бобан Утковски, директор на КПУ Затвор „Скопје“, поднесе оставка


Бобан Утковски, директор на скопскиот затвор во Шутка, поднесе оставка. Тој за ТВ 24 потврди дека ја поднел оставката, како што вели, поради лични причини. Оставка веќе е доставена до Владата и ќе биде разгледана на некоја од следните владини седници.

Утковски беше именуван за в.д. директор на скопскиот затвор на крајот на јули 2024 година. Една од последните негови изјави кои предизвикаа внимание во јавноста беше за безбедноста на затворот: „Затворот ’Скопје’ не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и на поранешниот вицепремиер Артан Груби“, изјави Утковски откако Груби заврши во куќен притвор со образложение од Обвинителството дека МВР и АНБ процениле дека не е безбеден во Шутка.