Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор
Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката Пулс од Кочани, во која загинаа 63 луѓе во катастрофалниот пожар, за неполн месец излегува од притвор.
Ова за „Телма3 го потврдиле од Кривичниот суд во Скопје од каде велат дека последното продолжување на притворот му е до 3 октомври. Ќе се брани од слобода бидејќи според законот тој може да лежи во притвор максимум една година од оценката на обвинението, велат од судот.
„Ве известуваме дека, мерката притвор, определена против прво обвинетиот Дејан Јованов, од страна на кривичниот совет е продолжена до 03.10.2026 година, имајќи предвид дека Обвинителниот акт е оценет на 03.10.2025 година и согласно Законските одредби мерката притвор може да трае до најмногу една година од оцената на актот. Со цел да се обезбеди непречено присуство во понатамошниот дел од судската постапка, Судот, согласно досегашната пракса, по службена должност, по истекот на Законскиот рок за мерката притвор, определува дополнителни мерки за претпазливост и обезбедување на обвинетиот“ изјавија за Телма од Основен кривичен суд – Скопје.
Јованов беше приведен веднаш после пожарот во дискотеката на 16 март, а му беше одреден притвор на 23 март, лани. Судењето против него и уште 33 ца обвинети започна во ноември и се уште трае, а предвидувањата се дека ќе биде еден од најдолгите и најобемните процеси.
Обвинети се и неговиот брат Тодор Јованов, на кој мерката куќен притвор му е укината откако дал гаранција од околу 320 илјади евра во недвижен имот.
Обвинет е и синот на Јованов, но за него има изречено само мерки на претпазливост. Дејан Јованов во неколку наврати бараше укинување на притворот поради влошена здравствена состојба, но судот не го прифаќаше таквото барање. На неговите барања родителите на жртвите остро реагираа и велеа дека кај нав се создава чувство дека случајот се минимизира и дека човечките животи се ставаат во втор план. Притворот беше одреден заради опасност од бегство, а по неговото излегување запомалку од еден месец тој нема да има ниту активна гаранција дека нема да бега.
Во минатите неколку месеци судот за четворица обвинети кои биле во куќен притвор прифатил гаранции и ги ослободил, и тоа за Јане Јанчевски, Митко Стојанов, Мартин Ѓорѓиев и Стојанчо Димитриев и Беким Хаџиу. Од судот потенцираат дека имаат алтернативни мерки и постојано се јавуваат на рочишта.