Маж снимен како фрла ѓубре во Радика, го испразнил возилото на мостот кај каменоломот во Косоврасти
Дебарското спортско риболовно друштво „Трофта“ (Пастрмка) на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како маж застанува со комби возило на мост на реката Радика, од возилото вади вреќи и кутии полни со ѓубре и ги фрла во реката.
„СРАМНО! Ова е реката Радика – една од најчистите и најубавите реки во Македонија. Да фрлаш ѓубре во реката не е „ништо страшно“ – тоа е срам и непочитување кон природата, рибите и нашата иднина. Радика не е место за ѓубре“, стои во објавата.
Друштвото со порака „Да го заштитиме она што природата ни го дарувала“.
Несовесниот граѓанин без ни трошка грижа на совест ги фрла вреќите со ѓубре од мостот кај каменоломот во Косоврасти и си заминува.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за идентификација на лицето.