Во сабота акција за чистење на Марков Манастир – има организиран превоз, а ќе има и диџеј


Иницијативата „За почиста Македонија“ претстојниот викенд, 1 март, организира нова „Акција во природата“, овој пат за чистење на Марков Манастир. – Иде пролет. За цветната сезона да не ја дочекаме во ѓубре, редно е да посветиме малку љубов кон природата. Марков Манастир е прекрасно и популарно излетничко место кое за жал е често посетувано од […]

Избрана е фирма што ќе ги гради катните гаражи во Клиничкиот центар


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека е избрана фирмата што ќе ги гради катните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, со која деновиве треба да се потпише договорот за отпочнување со реализација на проектот. -Да, завршен е тендерот. Комисијата ги разгледуваше сите документи. Известен сум дека се е во ред и се надевам […]

Објавен Јавен повик за субвенции на велосипеди во општина Илинден


И оваа година Општина Илинден објави Јавен повик за доделување на субвенции за купување на велосипеди. Јавниот повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година, предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден. […]

Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” доби нова медицинска опрема


Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ја посети Хируршката клиника „Св. Наум Охридски” по повод промоција на нова медицинска опрема за Одделот за урологија во рамки на активностите на Министерството за капитални инвестиции во инфраструктурата и во апаратурата што се одвиваат во повеќе клиники и болници. -Денеска во Градската болница промовраме два хируршки апарати, едниот […]

Грантови од МОН за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата, од наредната година износот ќе биде тројно поголем


Седумдесет и девет грантови од по 30.000 денари, односно вкупно околу 2,4 милиони денари, МОН им додели во тековната 2024/2025 година на 130 основни и средни училишта во државава за поддршка на активности кои ќе го унапредат мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на прес-конференција рече дека успешно […]

Отворена изложба на студентски проекти за идејно решение на спортски комплекси во Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска присуствуваше на архитектонска изложба на студентски проекти за идејно решение Јавен кондензатор – нови спортски структури во КСП Центар – Јадро. Годинешнава тема е создавање спортски комплекси со повеќенаменска улога, каде ќе бидат вклучени и комерцијални, културни и социјални содржини што ќе се надополнуваат. Овој концепт наречен „јавен […]

Таравари: Ќе се реновираат хируршки сали на Клиника, КАРИЛ и „8 Септември“, но пациентите нема да трпат


 Министерот за здравство Арбен Таравари во рамки на вложувањата во инфраструктурата и во нова апаратура во здравството, за следната недела го најави отпочнувањето со реновирање на Одделот за интензивна нега во Клинички центар, а од 1 април ќе почне и комплетната реконструкција на хируршките сали во Клинички центар. Целиот процес на реновирање на хируршките сали […]

Затворен уште еден институт со одлука на МОН, министерката Јаневска вели ќе има уште неколку


Има комисија и правници кои ќе ја донесат конечната одлука, но уште неколку сигурно ќе бидат, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето дали се очекува затворање на нова високообразовна установа поради нерегуларности и доколку тие не бидат исправени по дадениот тримесечен рок. Во изјава за ТВ Алсат министерката вчера соопшти дека […]

Во Дебар семејства во социјален ризик има, но мал процент се јавиле за помош во општината


 Иако значителен дел од населението во општина Дебар се соочува со социјални проблеми, во текот на изминатата година многу мал процент се обратиле до локалната власт да добијат средства од  општинската програма за социјална заштита, беше констатирано на седница на Советот на општината. Малиот број барања, како што беше оценето, е поради тоа што  населението […]

Таравари најави 1.800 вработувања во здравството до крајот на 2025


Министерот за здравство, Арбен Таравари најави нови 1.800 вработувања во здравството до крајот на 2025 година. Според министерот, има 600 специјализанти за кои вели дека не ги знае – ниту од каде се ниту од која етничка припадност, од кои 300 ќе бидат примени сега и уште 300 до декември 2025. -Не ги знам од […]

Вевчани и околните села в среда и четврток без струја


Неселните места Вевчани, Октиси, Лабуништа и Добојвани ќе останат без струја на 26 и 27 февруари поради инвестициски зафати во дистрибутивната мрежа, информира градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски. Според соопштението, в среда на 26 февруари во периодот од 9 до 16 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на Вевчани, Октиси, Лабуништа […]

Перински и Ганиу ќе ги чекаат анкетите на нивните партии за да видат дали ќе ги кандидираат на локалните избори


Министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе ги чекаат анкетите кои ги спроведуваат нивните матични политички партии за да видат дали ќе ги кандидираат на нивните партии дали ќе ги кандидираат на локалните избори што треба да се одржуваат есенва. При денешната посета на Општина Чаир во рамки […]

За три дена фатени 215 возачи без возачка дозвола


Во рамки на извршените сообраќајни прегледи во текот на изминатиот викенд, од 2.228 издадени платни налози дури 718 прекршоци се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење, 106 се за возење во алкохолизирана состојба, како и 215 прекршоци што се однесуваат на управување без возачка дозвола. Од МВР денеска соопштија дека заради непочитување на […]

Перински: Комуникацијата на Градот Скопје со скопските градоначалници не постои


За да функционираат сите процеси во Градот Скопје потребна е комуникациа меѓу градоначалниците и градоначачлникот на Скопје на дневна основа, што според министерот за локална самоуправа сега не постои, но очекува тоа да се смени од ноември, по локалните избори. „Најголемиот проблем којшто Градот Скопје го прави за општините во рамки на Скопје е опструкцијата […]

За 12 милиони евра ќе се реконструира болницата „8 Септември“ во Скопје – ќе добие седум нови сали


Проектот за реконструкцијата на Градската општа болница „8 Септември“ ќе чини 12 милиони евра. Ќе се реконструира кровот, ќе се создадат подобри услови за лекување, ќе се набави современа апаратура и болницата ќе добие седум нови операциони сали. Парите за овој проект се обезбедени од „Тав Македонија“, турската компанија која требаше да го гради карго-аеродромот […]

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја одбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина


Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод третата годишнина од руската  инвазија на Украина вчера одржа митинг и марш во центарот на Скопје. Во обраќањето по тој повод, потпретседателката на Здружението Тамила Велковска истакна дека денот кога руската федерација изврши инвазија на нивната земја, е најстрашниот ден во модерната историја на Украина и […]

Тивок протест за зачувување на Маларична во Охрид – зошто да не се изгради приватна зграда


Откако некои невладини организации предупредија дека на местото на таканаречената Маларична во Охрид ќе се гради приватна зграда, јавноста реагираше, но најмногу по социјалните мрежи.  Една од последните реакции е на охриѓанец кој се обиде со прераскажување на историјата на оваа медицинска зграда да допре до разумот на градските власти (колку за иронија сегашниот градоначалник […]

Oд Дебар до Тирана за еден час: На 14 март се пушта тунелот Муриз


На 14 март во употреба ќе биде пуштен тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се намали на еден час. Вицепремиерката и министерка за инфраструктура на Албанија, Белинда Балуку, по извршениот увид, изјави дека со отворањето на тунелот ќе стане целосно функционален автопатот долг 74 километри, […]

Ќе се продава и имот на Груевски проценет на 8 милиони евра


Одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски и на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков во наредниот период ќе биде ставен на продажба, потврдија за Телма од Агенцијата за управување со одземен имот. Се очекува државата да инкасира најмалку 29 милиони евра. Станува збор за станови, апартмани и градежно земјиште кои на Груевски му беа […]