Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците


Во рамки на денешната 35. собраниска седница меѓу точките од дневниот ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи. Предлог-законот треба да се донесе по скратена постапка, а ќе им овозможи на сметководителите кои се дисциплински казнети и привремено избришани од регистрите, да ги потпишат годишните сметки и/или финансиските […]

Астрономски календар


 Денеска е понеделник, 24 февруари 2025 година, 55-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 310 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 17 минути, а ќе зајде во 17 часот и 18 минути. Денов трае 11 часа и 1 минутa. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Без вода дел од општина Центар


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Васил Стефановски“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Петар Попарсов“, „Деветти Мај“, „Роза Луксенбург“и „Христо Смирненски“ во Општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од ф-80 милиметри на улица „Васил Стефановски“ бр 2. […]

Oблачно со услови за дожд


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје […]

„Само интервју“ – стотици реакции: ЗНМ бара да сопре етикетирањето на новинарите


Најстарата новинарска асоцијација во земјата, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), денеска реагираше по неколкудневните вербални напади врз новинарот Сашо Орданоски по неговото гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 на 20 февруари 2025 година. ЗНМ јавно соопшти дека праксата на партиите да се пресметуваат со користење имиња и ставови на новинари е неприфатлива и штетна […]

Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија


Секој трет граѓанин се соочил со повреда на неговите права, но само третина од нив добиле решение за својот проблем пред институцијата до која се обратиле. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење посветено на владеењето на правото кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС). Според истражувањето, 36 проценти од граѓаните […]

Пак ќе биде студено денеска, од утре потопло


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Од вечерните часови и преку ноќта во планинските региони ќе има услови за слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 7 степени. Во Скопје […]

Пендаровски се сретнал во Истанбул со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј


Поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Истанбул остварил средба со неговата Сесветост г. г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх. На средбата, како што соопшти Кабинетот на поранешниот претседател Пендаровски, се разговарало за состојбите во православниот свет и улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог […]

Медицинскиот факултет во Штип ќе се сели во нов објект


 Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип очекува со изградбата на новата Клиничка болница да се гради и нов објект, во кој ќе биде сместен Факултетот за медицински науки. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски вели  ова ќе донесе подобри услови за студирање на студентите на најголемиот Факултет при овој Универзитет, но дополнително ќе се овозможи и […]

Ставен е во функција линеарниот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија


Акцелераторот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, набавен пред осум години сега веќе е монтиран и во употреба на располагање за пациентите, информираат од Клиниката. Оттаму додаваат дека низа подготвителни активности претходеле на ставањето во функција на овој акцелератор, вклучително и комплетна реконструкција на бункерот. Набавена била нова дополнителна опрема, стабилизатори на напон, купена […]

Поради два дефекти околу 14 часа немаше струја вчера на две подрачја во Тетово


 Речиси 9000 објекти во два дела од Тетово вчера немаа над 14 часа напојување со електрична енергија. Пред 9 часот настана дефект на 110кВ трафостаница “Тетово 1” поради што без снабдување со електрична енергија остана голем дел од централното градското подрачје со 5000 корисници до 14 часот.  Потоа околу 16 часот дефект на 20кВ кабел […]

На лицитација имотот на Мијалков – 20 станови, 4 апартмани, земјиште


Остатокот од имотот одземен од Сашо Мијалков во предметот „Империја“, наскоро ќе се најде на продажба, најавуваат од Агенцијата за одземен имот за „Скопје1“. Тие очекуваат од имотот, државата да инкасира нешто повеќе од 21 милион евра, што е за девет милиони евра помалку од сумата која Обвинителството ја соопшти кога се спогоди со ексшефот на […]

Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд


Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег.  Како што информира УХМР, утре минималните темпеартури ќе […]

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство


Со последните две измени на постоечкиот Закон за инспекциски надзор во декември 2024 и јануари 2025 година Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) како и останатите 14 државни инспекторати продолжуваат да функционираат како органи во состав на матичните министерства. Тоа значи дека Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), согласно процедура, спогодбено ги превзема […]

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје


По три години, повторно е во функција железничката линија Скопје – Куманово – Скопје, информираа денеска надлежните од ЖРСМ Транспорт АД – Скопје. Од претпријатието очекуваат зголемување на бројот на патници во наредниот период, откако целосно ќе биде продолжена релацијата и ќе поминува низ повеќе населени места. Сега, просечно на линијата има по 30-тина патници. […]

Нема кадар и интерес за студирање метеорологија, се очекуваат можности за вработување во повеќе сектори


Недостигаат експерти по метеорологија во државава што ќе ги заменат оние кои заминуваат во пензија или, пак, во институциите што имаат потреба од метеоролози, не се вработува соодветен кадар. Слаб е и интересот за студии на Програмата за геофизика и метеорологија, една од шесте на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет на УКИМ, и покрај […]

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица


Утрово најстудено било во Берово, каде се измерени -13 степени целзиусови, а најтопло во Струмица -4 степени. Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покривка изнесува 31 сантиметар.  Како што информира УХМР,  -11 степени се измерени во Маврови Анови, -10 Крива Паланка, -9 Демир Капија, Попова Шапка, Крушево, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, -8 […]

Задушница – спомен за починатите


Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка. Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој […]

Студено утро, преку ден сончево со мала облачност


 Времето денеска наутро ќе биде многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови. И во Скопје наутро ќе […]

Нов дефект остави друг дел од Тетово без струја после 16 часот


 Од околу 16 часот без снабдување со електрична енергија е нов дел од Тетово на потегот од Дом на АРМ кон пазарот и касарната. Претходно од 9 до 14 часот прекинот беше во централното градско подрачје. -Поради дефект на 20 киловолтен кабел на извод на трафостаницата „Тетово 1” околу 3.800 корисници се соочуваат со прекин […]