Делови од Кисела Вода и Волково без струја


Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија во периодот од 08:00 до 13:00 часот, ќе останата корисниците од ул. Димо Хаџи Димов – зграда 105А и 116 во Општина Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Од 09:00 до 15.30, без струја ќе бидат и […]

Без вода дел од корисниците на булевар „Киро Глигоров“


Поради изведување на водоводен приклучок од Ф 500мм, без вода од 08:00 часо ќе бидат корисниците од бул. „Киро Глигоров“ и „Индустриска“ и околните објекти Мерцедес, Славија и ФОН универзитет, информира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работите.

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска во државата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови […]

Фетаи: Централниот регистар за државен недвижен имот станува реалност


Владата на денешната седница ја одобри информацијата од кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро управување Арбен Фетаи, со која сите државни институции се обврзуваат да ја пријават државната сопственост со која управуваат. Институциите се должни во рок од 30 дена да пополнат дигитален формулар, во кој ќе бидат евидентирани сите податоци за државниот […]

Гази Баба изготви Локална стратегија за превенција од насилен екстремизам


Гази Баба изготви Локалната стратегија за превенција од насилен екстремизам која, како што велат од локалната самоуправа, ќе биде водилка и ќе дава насоките согласно утврдените страшеки приоритети во која насока е потребно да делуваме во иднина. – Нашата основна цел кон која мораме да сториме напор да допреме се младите и само така ќе […]

Повторно опожарена трска на струшкото крајбрежје, трет случај во две недели


 Околу 3.000 метри кубни трска е опожарена на струшкото крајбрежје покрај регионалниот пат Струга – Калишта во пожар регистриран викендов. СВР Охрид денеска соопшти дека пожарот во ОВР Струга бил пријавен на 23 февруари во 18 часот. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а повредени лица нема. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот. Тоа […]

Од четврток локални врнежи од дожд


 Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, соопшти УХМР. Утре се очекува променливо облачно време со […]

Во Македонија има 9.900 активни лекарски лиценци


Оваа година Лекарска комора одбележува 20 години од добивањето на јавни овластувања за издавање на лиценци за работа на докторите на медицина, организирање на полагање стручен испит и акредитација на настаните од континуираната медицинска едукација, како многу значаен систем за акредитација на медицинската професија кој директно нè приближува до европските стандарди. По тој повод денес […]

Најмногу девет дена во годината македонските граѓани дишат чист воздух


  Само два до девет дена во годината граѓаните во Македонија дишат чист воздух според податоците на мерните станици во поголемите градови во државата, порача Татјана Чакулев од „О2 Иницијативата“, во денешната расправа за аерозагадувањето во Постојаната анкетна комисија за заштитата на слободите и правата на граѓанинот. Велес, кој е еден од најзагадените градови во […]

Општина Сопиште бара итно решавање на проблемот со нередовниот јавен превоз


Од Општина Сопиште денеска до медиумите испратија допис во кој информираат за нередовен јавен превоз во општината. Бараат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) да обезбеди контиуниран и навреме јавен превоз особено на линијата 58.  – Веќе неколку месеци, залудно го известуваме ЈСП Скопје за сериозните проблеми со оваа линија, а недостапен за директна комуникација е […]

Штип почна со доставување на проекти за искористување на парите од вториот повик за унгарскиот заем


 Општина Штип почна со доставувањето на проектите кои ќе се финансираат преку вториот повик на Владата со средствата обезбедени од унгарскиот кредит. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова денеска изјави дека на Штип му се на располагање околу 400 милиони денари, или околу 6,5 милиони евра од вториот повик, со кои ќе се реализираат осум […]

Значителен напредок во дигиталната трансформација на водоснабдителните услуги


Денес се одржа конференција на тема: Дигитална трансформација на јавните водоснабдителни услуги на која се одбележаа достигнувањата во дигитализацијата на овие услуги. На настанот присуствуваа претставници од владата, меѓународни партнери и експерти од индустријата кои ги презентираа придобивките и начините на кои дигиталните технологии ја менуваат водоснабдителната индустрија во Северна Македонија, како што се: транспарентноста, […]

ЈКП „Стандард“-Дебар почна со ажурирање на податоците на корисниците на услуги


Јавното комунално претпријатие „Стандард“ почна со ажурирање на податоците на корисниците на услуги и потпишување нови договори, кои ги содржат потребните основни податоци. – Врз основа на Законот за облигациски односи, како и врз основа на препораките на Државниот завод за ревизија, во тек е еден од најважните процеси од административен аспект на функционирањето на […]

И Општина Центар субвенционира полагање возачки испит


Општина Центар информира дека распиша Јавен повик за доделување субвенции на младите жители на општината за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на Центар. Овој повик е отворен на 25 февруари 2025 година и ќе трае до исцрпување на средствата од општинскиот буџет, најдоцна до 31 декември 2025 година.   Претходно […]

Дете удрено со мотор зад „Скопјанка“, жителите бараат соодветна сигнализација на улицата


Дете е удрено со мотор на уличка зад Трговскиот центар „Скопјанка“ во скопски Аеродром. Ова беше споделено во фејсбук групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“ каде беше побарано токму оваа улица да биде соодветно означена со сообраќајни знаци и пешаки премин.  Граѓаните велат дека иако е еднонасична, по улицата се вози во двата правци на одреден дел.  […]

Стариот струмички театар се гради 11 години, ново ветување дека ќе биде завршен догодина


 Годинава ќе продолжи изградбата на стариот струмички театар, кој почна да се гради кон крајот на 2014 година и треба да биде предаден во употреба до крајот на 2026 година. Ова го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на прогласувањето на Гевгелија за град на културата за оваа година на почетокот на февруари. […]

Променливо облачно време со пораст на дневните температури


Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Дневната температура од денеска се очекува на повеќе места да биде за 3 до 5 степени повисока. Врнежи од дожд се најавени во четврток, пообилни за време на претстојниот викенд. Наутро ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 25 февруари 2025 година, 56-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 309 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 15 минути, а ќе зајде во 17 часот и 19 минути. Денов трае 11 часа и 4 минутa. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Украина пред три години се разбуди со зборот војна: Митинг на здружението „Лесја Украинка“ во Скопје


Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод 3-та годишнина од руската целосна инвазија на Украина организираше митинг и марш во центарот на Скопје. Во обраќањето на митингот искажаа тага и болка, благодарност до нашата држава, и барања за дополнителна помош. „Пред точно три години започна еден од најстрашните денови во модерната историја на […]