(Во живо) Изјава на Африм Гаши
Изјава на Африм Гаши:
Општина Аеродром деновиве го почнува спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата нејзината територија, информираат од Општината. При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во општината. Есенската и пролетната дератизација, велат од Општина Аеродром, претставуваат мерка за заштита на населението …
В.д. амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Никол Варнс , заменик министер за финансии, Николче Јанкуловски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обратат на Форумот „Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација“. Проследете ги изјавите:
На Институтот за национална историја денеска ќе се одржи VIII студиски ден. Темата е „Македонија низ објективот на Арсени Јовков“, а ќе биде презентирана од проф. д-р Валентина Миронска-Христовска. На предавањето ќе присуствуваат претставници од фамилијата на Арсени Јовков, како и претставници од Бирото за филателија и Советот за марки.
Регионалниот центар за управување со кризи информира дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денеска без електрична енергија ќе биде дел од општина Сарај. Како што велат од РЦУК, во периодот од 08.30 до 13.00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците од село Кондово во општина Сарај.
Поради изведување водоводен приклучок – 80 мм на улица „Коле Неделковски“ 15а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Наум Наумовски Борче“ и од „Ленинова“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.
Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска ќе биде домаќин на годишниот лидерски форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација. На форумот, како што е најавено, ќе се обратат заменик-амбасадорката на САД Никол Варнс, министерот за локална самоуправа Златко Перински, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски и …
Форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација Read More »
Во Скопје денеска ќе се одржи Cevahir Mall Business Run 2024, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор. Компаниите ќе се натпреваруваат со мешани тимови со четири измени на патека од осум километри, а секој учесник ќе трча по два километра. Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а …
Во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид денеска и утре ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024). Денеска ќе се одржи регистрација на учесниците, а официјалното отворање на конференцијата е закажано за 27 септември 2024 година, со почеток во 09:30 …
Меѓународна научна конференција за услужен сектор Read More »
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 6 до 15, а максималната од 25 до 31 степен. Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се …
Со театарска претстава вечерва во Кавадарци беше одбележана Неделата на промоција на хумани вредности. Од страна на кавадаречкиот Црвен крст беше потсетено дека секоја година преку ПХВ неделата што се одбележува од 21 до 27 септември се пренесува порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство и мир, согласно Стратегијата 2030 на ЦКРСМ. Волонтерите …
Во Кавадарци одбележана Недела на промоција на хумани вредности Read More »
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата планира да издвои средства за набавка на електрични автомобили со новиот буџет, но дека оваа година тоа нема да биде возможно. Одговарајќи на новинарско прашање, тој објасни дека Владата работи на план за воведување на оперативен лизинг, кој би требало да го намали трошокот за одржување на автомобилите во …
Мицкоски: Владата планира од следната година да набави електрични возила Read More »
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ). – Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и …
Градот Скопје ги известува граѓаните дека започнувајќи од петок (27.09.2024 година) до 03.10.2024 година (четврток), ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно: Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 27 и …
Од петок цела недела ќе се прска против комарци во Скопје Read More »
Борбата со криминалот и корупцијата мора да биде одлучна. Без да победиме во таа борба, не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Владата. Тој посочи дека на денешната средба, во организација …
Мицкоски бара поддршка од невладиниот сектор за борба против корупцијата Read More »
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов низ компаниската историја, втемелена врз многу труд, знаење, искуство и квалитет. Иницијалната колекција на Музејот вклучува опипливи сведоштва од скромните почетоци на компанијата, низ хронолошки, декаден след на постепениот деветдецениски раст и развој, како и на глобализацијата …
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место Read More »
Градоначалниците во општините изминатите години поради економската криза добиваа финансиска помош од централниот буџет, но добија пари и преку програмата на ТАВ, а во декември на нивните сметки беа префрлени 32,5 милиони евра за капитални проекти. Сега аплицираат на конкурост за да добијат дел од 250.000 милиони евра кои им ги вети премиерот Христијан Мицкоски …
Општините добиваат од владата милиони евра и пак не им се доволни Read More »
Петти случај на Западно нилската треска е регистиран во Македонија. Пациент на возраст од 62-години од струмичко моментално е хоспитализиран на Инфективна поради компликации од вирусот. При прегледот бил во лоша здравствена состојба и имал и невролошки симптоми. Во анамнестичкиот наод нема податок дали патувал надвор од Македонија, вели за Сител директорот Фадил Цана. „Сомневано е за …
Петти случај на Западно нилската треска во Македонија, пациентот е на Инфективна Read More »
Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во …
Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија? Read More »
Во врска со престојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај упати известување до сопствениците на патнички и други моторни возила дека треба да ги дислоцираат …
Безбедносни мерки во Охрид во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан Read More »