Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север


Од 1 март за 5,17 отсто се зголемува цената за потрошувачите на топлинска енергија на ЕСМ Енергетика, а за 5,25 отсто поскапува парното за корисниците на Скопје Север – Енерџи еколинк, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Станува збор за вкупен конзум од 2.500 потрошувачи. …

Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север Read More »

Аплицирање за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 март


Министерството за образование и наука информира дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 март 2025 година. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk   Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување …

Аплицирање за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 март Read More »

Касами: Граѓаните да ги плаќаат сметките за подигање смет, присилната наплата е според закон


 Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами по денешната седница на Советот, побара граѓаните редовно да ги плаќаат сметките за подигање смет, а за присилната наплата рече дека се спроведува согласно законските основи. Компанијата Саубермахер која од февруари 2024 ја почна ја презеде дејноста за собирање и депонирање на смет, од почетокот на 2025 почна и со …

Касами: Граѓаните да ги плаќаат сметките за подигање смет, присилната наплата е според закон Read More »

Реновирани четири соби за родилките во штипското Одделение за гинекологија и акушерство


Четири соби за родилките и нивните новороденчиња, однонсо апартмани се целосно уредени на Одделението за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Штип. Заменик директорката на болницата Билјана Ефтимова на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за донација од општествено одоговорната компанија „Техникал Текстајл“, која се наоѓа во ТИР зоната во Штип. Донацијата е вредна 10.000 …

Реновирани четири соби за родилките во штипското Одделение за гинекологија и акушерство Read More »

Тошковски: Штип ќе биде дел од втората фаза на проектот „Безбеден град“


Штип ќе биде дел од втората фаза на проектот „Безбеден град“ истакна при денешната посета во рамките на караванот на МВР „Од вас, за вас“, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој одговараше на новинарско прашање, дали камерите кои ќе ги поставува општината низ градот, парковите, градинките и училиштата ќе се користат и од страна …

Тошковски: Штип ќе биде дел од втората фаза на проектот „Безбеден град“ Read More »

Дожд за викендот – врнежите почнуваат ноќеска


Денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни услови за појава на ретки грмежи. И утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15л/м2) и дневните …

Дожд за викендот – врнежите почнуваат ноќеска Read More »

Шпанскиот амбасадор го пофали Мицкоски, чекал ред за чекирање како обичен граѓанин


Шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Сориано Ортиз, денеска преку објава на социјалната мрежа Икс изрази воодушевување од премиерот Христијан Мицкоски кој утринава, како што информира амбасадорот, на скопскиот аеродром ги минал сите формалности како и сите други патници. Ортиз, кој чекал во редот за туристичко пријавување на лет за Истанбул, посведочил како премиерот на Македонија …

Шпанскиот амбасадор го пофали Мицкоски, чекал ред за чекирање како обичен граѓанин Read More »

Почнува светиот месец Рамазан


Во пресрет на утрешниот ден, кој го означува почетокот на светиот месец Рамазан, дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, го честиташе почетокот на Светиот месец со желби за прифатени пости и молитви. Од муфтиството, преку објава на страната на Фејсбук, ги информираат верниците за …

Почнува светиот месец Рамазан Read More »

Регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“


Регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“, се одржува денеска на Природно- математичкиот факултет во Скопје. Станува збор за конференција што е организирана заедно со три партнери од Албанија, Косово и Србија, поддржана од Фондот за Западен Балкан.  – Сакаме преку оваа конференција да понудиме платформа на која што младите ќе се обединат …

Регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“ Read More »

Осмомартовски Базар во ГТЦ


Доколку се прашувате каков подарок би бил пригоден и совршен за денот на Жената, 8 Март, тогаш несомнено би требало да се посети традиционалниот базар на ракотворби во ГТЦ. На дваесетина тезги, поставени на приземјето, љубезно и срдечно ќе бидете пречекани од самите ракотворци. Нивните ракотворби се изработени со големо внимание и љубов и секако, …

Осмомартовски Базар во ГТЦ Read More »

Нѐ чека студена пролет: Можен е снег во март и април


Метеоролошкиот феномен Ла Ниња продолжува да ја има својата доминантна улога и оваа година, што значи дека Македонија и Балканот ќе се соочат со поладни временски услови за разлика од претходните години. Метеорологот Славчо Попоски најавува дека, во следните месеци, се очекува пролетта да биде значително пониска во температурата, што ќе има влијание и на …

Нѐ чека студена пролет: Можен е снег во март и април Read More »

Десетици илјади луѓе возат без возачка дозвола. Глобата е единствената казна


  Фрапантни бројни на возачи кои не поседуваат возачка дозвола секоја година се регистрираат на улиците на секој македонски град, а секако најмногу во Скопје. Изгледа не помагаат ни апелите, ни казните, ни трагичните настани како оној неодамна во Скопје.  Само лани, имало 22.645 барања за поведување прекршочни постапки против возачи за  „управување на возило …

Десетици илјади луѓе возат без возачка дозвола. Глобата е единствената казна Read More »

Без вода делови од Центар и Карпош


Без вода денеска од 10 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ во Општина Центар.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од ф–100 милиметри на улица „Максим Горки“ бр. 13 во населба Центар. Поради технички зафат на санација на затварачи од ф–300 милиметри и ф-125 …

Без вода делови од Центар и Карпош Read More »

Магла на Стража и Буково


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена е видливоста до 70 метри на планинските премини Стража и Буково. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На …

Магла на Стража и Буково Read More »

Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден без струја


Без електрична енергија денеска од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Димо Хаџи Димов“ лоцирани кај агенцијата „ОСА“ во општина Кисела Вода.  Во периодот од 9;30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Веле Марков“ и „Кичевска“ во општина Ѓорче Петров. Без струја од 12:00 …

Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден без струја Read More »

Облачно, магла и повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје …

Облачно, магла и повремен дожд Read More »

Астрономски календар


 Денеска е петок, 28 февруари 2025 година, 59-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 306 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 17 часот и 23 минути. Денов трае 11 часа и 12 минутa. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Наташа Стојановска нов главен и одговорен уредник на Телма


Новинарката Наташа Стојановска ќе биде нов главен и одговорен уредник на телевизија Телма. Ова таа вечерва го потврди на својот Фејсбук профил. „Март е месец за промени и нови предизвици а Телма е телевизијата каде продолжува мојот пат, сега на позицијата главен и одговорен уредник“, напиша Стојановска која денеска се збогувалa со досегашните колеги во …

Наташа Стојановска нов главен и одговорен уредник на Телма Read More »

Поднесено обвинение за 31 физичко и пет правни лица во „Адитив“


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“. Со обвинителниот акт обвинителството му предложи на судот одземање на движни предмети (телефони, електронски и мемориски уреди) што биле употребени при извршување на кривичните дела, додека со посебен предлог се бара конфискација на …

Поднесено обвинение за 31 физичко и пет правни лица во „Адитив“ Read More »

Тошковски: Затворот го претвориле во „Хотел промаја“


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва гостувајќи во „Само интервју“ објави дека денес биле извршени два претреси на две локации, во домовите на  службени лица во рамки на затворот „Скопје“, поради сомненија дека сториле повеќе кривични дела со уште неколку други лица вработени во затворот. „Фрапантна е фактичката состојба од аспект на информациите со …

Тошковски: Затворот го претвориле во „Хотел промаја“ Read More »