Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо Скопје


Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание, стои во соопштението на СДСМ. Аерозагадувањето во Скопје и реалните, граѓански решенија за негово надминување, се итна тема и од суштинско значење. Шукова, посочуваат од СДСМ, ги сослуша приоритетите на граѓаните, и […]

Одбележување 40 години „Бушава азбука“


 Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“, денеска во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој симбол на македонската детска култура. Со овој настан започнува прославата на јубилејот и најавата на нови содржини за најмладите, најавуваат од организаторите. -Tоа е повеќе од емисија, тоа е некое […]

Променливо облачно со претпладневен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд и грмежи претежно во источните делови. Ќе дува умерен повремено засилен западен, а во источните делови северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно, во […]

Девет полицајци на токсикологија, се надишале чад при евакуација на салата „Борис Трајковски“


Денеска околу 16 часот во непосредна близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „И покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на […]

Марш на ангелите по 20 пат: Без политичка одговорност оваа држава повторно ќе ја изложи младоста на ризик


Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли, затоа што имало заштитници и соучесници во униформа, порачаа родителите и семејствата на денешниот 20. Марш на ангелите во Кочани пред зградата на Полициската станица. Тие побараа неселиктивна и транспарентна истрага, како и ОЈО ГОКК да објасни и да ја информира јавноста до каде е постапката со обвинителниот […]

Ангелов: Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола


Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Пожари избиле на следните локации: Општина Сарај, с. Крушопек, кон падините на Водно, беше зафатена ниска вегетација и мешана шума,  Општина Карпош кај спортската сала Борис Трајковски (ниска вегетација), Општина Гази Баба, с. Виниче и Црешево (ниска […]

Прогласени победниците на прекинатиот Охридски маратон


Невремето што попладнево го зафати Охрид не дозволи 38. издание на традиционалниот Охридски пливачки маратон да се заврши до крај. По 4,5 часа пливање, во 14:30 часот трката беше прекината од безбедносни причини. Во машка конкуренција, во моментот на прекинот израмнети на првото место беа Италијанците Матео Фурлан и Федерико Тамборино, заедно со Аргентинецот Матијас […]

Пожар кај салата „Борис Трајковски“, силен ветар во Скопје со прекини на струја


Силно невреме попладнево го зафати главниот град, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија. Пожар попладнево изби над Нерези и поради силниот ветер забрзано се шири кон Водно. Пожар има и во близина на салата „Борис Трајковски“ каде гори ниска сува трева, а бројна полиција ги спречува возилата да се движат по […]

Се вадат бекатонките на „Орце Николов“ и се асфалтира! За современ изглед


Службите на Општина Центар, изминативе два дена изведуваат реконструкција на т.н лежечки полицајци на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало. Старите бекатонки се отстрануваат, а на нивно место се поставува нов асфалт, со што улицата добива современ и уреден изглед. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека оваа реконструкција е пример за тоа како со брза и […]

Виз ер „извиси туристи од Белград“. Место дома, ноќеска ги истоварил на Скопскиот аеродром


Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт – патниците наместо на белградскиот аеродром се најдоа во Скопје околу 4 часот изутрина, пренесе српската „Н1“. Една од патничките, Јелена, изјавила дека никој не бил информиран дека летот ќе биде откажан, туку добивале пораки […]

На летување во Грција почина психијатарот и ексдиректор на Здравствен дом – Скопје Виктор Исјановски


Исјановски беше на чело на најголемата здравствена установа во земјава од јуни 2019 година до смената на власта во 2024 година. Македонската јавност најмногу го памети по неговата активност за време на пандемијата со коронавирусот, кога Здравствен дом – Скопје со сите расположливи ресурси беше ставен во функција на борбата со Ковид-19, особено во процесот […]

Уште 10 отсто од учебниците не се доставени до училиштата, ќе има за сите ученици


Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе доставени во училиштата додека останатите 10 проценти ќе бидат доставени во првата недела од учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Јаневска, која денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во […]

Комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци со парите од унгарскиот кредит


Во Кавадарци се врши комплетна реконструкција на градскиот базен, а за таа намена ќе бидат потрошени 48 милиони денари. Денеска во посета на Кавадарци беа и премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование Весна Јаневска. „Навистина, прилично голема динамика на реализација на капиталните проекти овде во Општина Кавадарци…“, рече Мицкоски. „Општина Кавадарци во првите два […]

Уште гори кај Тиквешкото Езеро и кај Долгаец


На територијата на нашата земја денеска до 12:30 часот има пет активни пожари на отворено, а исто толку се под контрола, информираат од ЦУК.  Активни се пожарите во во близина на Тиквешко Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, во село Магленце каде е опожарена ниска вегетација и шума, во Штип на улица „АСНОМ“ каде […]

На 13 септември голем концерт на Дарио, Елена Ристеска, 2 Бона, Кристина Арнаудова, Викторија Лоба и Барбара Поповиќ во Центар


И оваа година, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ повторно ја носи вистинската магија во Центар. Во сабота, 13 септември 2025 година, со почеток во 19:30 часот во Паркот на Франкофонија, скопјани ќе имаат можност да уживаат во настапите на најпознатите македонски изведувачи Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, Барбара Поповиќ, 2 Бона, Елена Ристеска и Дарио […]

Тозиевски: Регионалната депонија е приоритет, ќе се расчистуваат 40 диви депонии во Преспа


Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, најави сериозни активности за заштита и унапредување на животната средина во преспанскиот регион, со фокус на расчистување на дивите депонии и воспоставување на регионално решение за отпадот. Во гостување на „Сител поткаст“, тој истакна дека преку соработка со Европската Унија, УНДП, невладините организации и самата општина започнува проект за […]

Меѓународните саеми „Органска трпеза“ и „Агро-Мак“ во септември во Куманово


Меѓународните саеми, осмиот на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и четвртиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агро-Мак“ ќе се одржат и годинава од 26 до 28 септември на спортско-рекреативниот комплекс во Куманово, информираа денеска организаторите. Здружението за развој на земјоделство и заштита на животната средина „Живот“, Комората на органски производители на […]

Почина Киро Кипроски новинар и публицист од Гостивар


Киро Кипроски новинар и публицист почина утрово на 7- годишна возраст. Тажната вест ја објавија членови на неговото семејство. Во неговата петдецениска кариера најдолго работеше во локалната радиостаница Радио Гостивар, а како дописник соработуваше со МИА, Нова Македонија, Утрински весник, Макфакс, Радио Скопје, Екран, Дојче Веле и повеќе неделници и ревии од поранешната Југославија. Автор […]

ЦУК: Еден активен пожар, пет се под контрола


Заклучно со 8:30 часот утринава на територијата на државава има еден активен пожар, а пет се ставени под контрола. Активен е пожарот во Општина Кавадарци во близина на Тиквешкото Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат оттаму под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод […]

Мишел Ројкинд за МИА: Чаир е комплексен од секој поглед, затоа е привлечен, ме радува што и другата страна има странски архитект


   Чаир е комплексен од секој поглед, и токму тоа го прави привлечен. Густината тука не се однесува само на бројот на жители во рамките на 3,5 квадратни километри. Туку и на интензитетот на секојдневниот живот, слоевите на историја во Старата чаршија, присуството на повеќе култури и вери, неформалните економии и општествените врски што ја […]