„Безбеден град“ стартува за четири месеци, ќе се одземаат возила за тешки прекршоци


Проектот „Безбеден град“, преку кој со помош на улични камери ќе се регистрираат сообраќајни прекршоци, ќе почне да функционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Најмалку еден месец пред официјалниот почеток ќе има тест-период, во кој граѓаните ќе бидат известувани за сторените прекршоци без изрекување казни. Со казнување ќе […]

Училиштата во Чаир подготвени да ги примат учениците на 1 септември


Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, денес го посети Основното училиште „Васил Главинов“ во Чаир, при што информираше дека кампањата за чистење и подготовка на основните училишта за почетокот на наставниот процес на 1 септември е завршена, стои во соопштението на Министерството за животна средина и просторно планирање, […]

(Галерија) Скопјани со почит кон Голема Богородица – денот кога таа се вознесе на небото


Православните верници во земјава денескаво голем број ги посетија црквите да оддадат почит кон големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица, особено во оние кои го носат нејзиното име. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема […]

МОН: Почнува пријавувањето на наставниците за обуката за примена на вештачката интелигенција во наставата


Наставниците од средните училишта во државата можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата. Доколку имаат основно ниво на познавања на дигитални алатки и активно го владеат англискиот јазик, можат да аплицираат за обуката „AI во училница“, што ќе им помогне да ја вклучат вештачката интелигенција во сите фази […]

Жичницата отворена по сервисот – посетителите пак ќе уживаат во Водно


Жичницата од средно Водно до Милениумскиот крст повторно е отворена, откако беше извршен сервис. Сега граѓаните повторно може да уживаат во убавините на врвот на Водно. „Почитувани корисници на жичницата Милениумски Крст, по изминатиот период во кој се спроведе предвидениот годишен сервис, жичницата од денес е ставена повторно во функција“, стои во соопштението објавено на […]

Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред


Јавниот градски превоз во Скопје денеска ќе сообраќа по неделен возен ред поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). ЈСП Скопје соопшти дека исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. Дежурни […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 28 август 2025 година, 240-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 125 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 55 минути, а ќе зајде во 19 часот и 14 минути. Денов трае 13 часа и 18 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати


Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на државава денеска до 18:15 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, четири се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати.  Активни пожари се пријавени во Прилеп, во селото Радобил каде гори ниска вегетација и шума, Врапчиште, во […]

Кардиоваскуларните интервенции под лупа на две комисии, но се бара пријава од пациенти


Супервизијата од тројцата странски доктори е како што беше во случајот со Онкологија, е да внесеме дополнително уверување на јавноста дека постапката ќе биде објективна, изјави на денешната прес-конференција, директорот на ФЗО, Сашо Клековски, во врска со изјавите на кардиологот Сашко Кедев, дека се прават непотребни операции и стентирања. За интерната комисија задолжена за изготвување […]

Илија Димовски го нарече Ванчо Михајлов конте, ликвидатор, шпион и гангстер


  Иако важен дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ го смета Ванчо Михајлов за клучен лидер на историското ВМРО (а сегашната партија го смета неговото раководење како дел од нејзиното наследство), поранешниот пратеник Илија Димовски цитирајќи и една забелешка на ЦИА од 1953, фрла многу мрачно светло на оваа контроверзна фигура. ЦИА, осврнувајќи се на влијанието […]

Протестите за шумата над Љубојно се проширија и во Ресен (Видео)


  БИТОЛА – Мештаните на преспанското село Љубојно подготвуваат да ги тужат сите инволвирани во сечата на коријата над селото или, како што велат, потенцијалната еколошка катастрофа. Мора да има правда за коријата, упропастената дабова шума и загрозувањето на нормалното функционирање на животот на мештаните во Љубојно, велат за „Независен“, жители на ова село, поставувајќи […]

МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година


Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија. Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука. […]

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции


Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции, преку алатката Пријавете неправилност, достапна на веб страницата на МЗ на следниот линк: https://zdravstvo.gov.mk/mk-MK/kontakt/prijavete-nepravilnost .    – Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во […]

Утре автобусите на ЈСП по празничен возен ред, од понеделник по зимски


ЈСП „Скопје“ ги известува своите патници дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на ден 28.08.2025 година (четврток), ќе се работи по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по […]

ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ доби кабинет по информатика од Државниот завод за статистика


ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром доби нов, целосно опремен кабинет по информатика со поддршка од Државниот завод за статистика. Ова училиште беше избрано за ваква поддршка поради континуираните успеси на учениците, кои во изминатите години имаат освоено бројни државни и светски награди по информатика и математика. На свеченото примопредавање на кабинетот присуствуваа в. д. […]

Сончево и топло до сабота


 Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури, кои ќе достигнат до 38 степени, соопшти УХМР. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен […]

Во Свети Николе отворена канцеларија за е-услуги


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев денеска во општинската зграда ја отворија канцеларијата за е-услуги. Министерот за дигитална трансформација Андоновски вели дека за кратко време е подготвена канцеларија и во неа ќе работат тројца вработени, со цел граѓаните да бидат брзо и навремено услужени. -Сите услуги коишто […]

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени


Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица, што значи дека за толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица. Според податоците на Државниот завод за статситика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3 741 и во споредба со истиот […]

Андоновски за ИПР: Ќе имаме систем на кој можеме да му веруваме


 Системот на интегрирано планирање на ресурсите (ИПР систем) две години били оставен без одржување, но од јануари интензивно се работи на негово подобрување. Со внимание ги следиме забелешките од Државниот завод за ревизија и одејќи по тие забелешки, ќе имаме одлични резултати. Ќе имаме систем на кој можеме да му веруваме и кој ќе им […]