Андоновски за ИПР: Ќе имаме систем на кој можеме да му веруваме


 Системот на интегрирано планирање на ресурсите (ИПР систем) две години били оставен без одржување, но од јануари интензивно се работи на негово подобрување. Со внимание ги следиме забелешките од Државниот завод за ревизија и одејќи по тие забелешки, ќе имаме одлични резултати. Ќе имаме систем на кој можеме да му веруваме и кој ќе им […]

Герасимовски на советничката листа ќе стави претставник од граѓанските организации, побара тие да предложат име


Градоначалникот Горан Герасимовски, на средбата со претставници од граѓанските организации, побара од нив да предложат кандидат за советник кој ќе ги застапува нивните права и интереси во идниот општински совет.   „Одиме чекор напред, од вас, но и од други групи на граѓани  да побараме предлози за да направиме една советничка листа којашто нема да биде […]

ДЗС: Пет години Македонија нема податоци за стакленички гасови


  Надлежните органи во државата потребно е да преземат  дополните мерки и активности за справување со климатските промени поради тоа што меѓу другото отсуства јасно дефинирана структурна поставеност, координација и комуникација помеѓу инволвираните страни во процесот на климатски промени а Национален план за адаптација на климатските промени не е донесен Претседавањето на ВРИ на Бразил […]

Скопје плаче, Скопје се гуши, порача кандидатот за градоначалник од Независните, деканот Марковски


Опстанокот на Скопје е загрозен, а тоа ги дефинира приоритетите на идните градоначалници, кои трката ќе ја почнат во октомври годинава на локалните избори, смета кандидатот за градоначалник поддржан од „Независни заедно“, професорот и декан на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски.  Тој денеска се претстави пред скопјани, во близина на Камениот мост, затоа што […]

Каков септември не очекува?


Првата недела од септември ќе донесе постепена промена на времето – летната топлина ќе отстапи место на понестабилни атмосферски услови – температурите ќе паднат малку, бидејќи се очекува промена во циркулацијата на воздухот околу 3-5 септември. Се очекува и ладен фронт да помине во овој период. По овој фронт ќе следи кратка стабилизација со пренос […]

Нема активни, под контрола пожарите во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф


Нема активни пожари на отворен простор на територија на државава, според податоците до седум часот утрово, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Ставени се под контрола се пожарите во општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени. Во „Јасен“ опожарена е мешана шума. На планината Кожуф има приземен пожар. На територија на селата Долгаец и […]

Пуштен за сообраќај патот Нова Брезница – Македонски Брод преку Јасен


Од изутринава во 05:00 часот пуштен е за сообраќај регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен, кој неколку дена беше во прекин поради пожар. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот […]

Дел од Железара без вода


Поради уличен дефект, без вода од 02:00 часот се корисниците на ул.„Гемиџиска“ во населба Железара, информира ЈП Водоводо и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Сончево и потопло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.  Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 27 август 2025 година, 239-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 126 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 54 минути, а ќе зајде во 19 часот и 16 минути. Денов трае 13 часа и 21 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Врачена државната награда „Мајка Тереза“: Направи нешто добро и заборави на тоа


Во Собранието денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ на годинашните добитници доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендоркинологија и Борче Стаменов од Иницијативата „Донирај компјутер“. Наградата им се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и […]

Шукова сака да го направи центарот на Скопје пешачка и велосипедска зона


  Кандидатката за градоначалник на СДСМ, Каја Шукова, предлага центарот на главниот град да се ослободи од автомбили и да се претвори во пешачка и велосипедска зона. За време на нејзината прошетка во таканречениот Мал ринг таа изјави: „Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола – град кој ќе биде пристапен […]

Скопјани тешко дека есенва ќе се возат со нови или редовни автобуси


Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје не може да добие официјален возен ред, одобрен од советниците во Град Скопје, а не пак нови или дополнителни автобуси. На денешната, една од последните, седници на Советот на Град Скопје, повторно не беше изгласан возниот ред кој би соодветствувал на реалната слика на терен, па скопјани да знаат кога […]

Пожарите кај Јасен, Кожуф и Долгаец се ставени под контрола, во моментов нема активни пожари


Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територијата на државата регистрирани се вкупно четири пожари на отворен простор, од кои еден е изгаснат, додека три пожари се ставени под контрола. Како што стои во соопштението од ЦУК, под контрола е ставен пожарот во општина Македонски Брод кај повеќенаменското подрачје Јасен каде горело мешана […]

МВР поднесе уште една кривична пријава против градоначалник од СДСМ, овој пат од Делчево


  Министерството за внатрешни работи продолжува со кривични пријави против градоначалници од опозициската СДСМ, овој пат против Горан Трајковски, прв човек на Делчево. Кривичното дело за кое се сомничи Трајковски е „злоупотреба на службената положба и овластување“. Оваа кривична пријава ја поднесла Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево. Што стои […]

Алиу oчекува објективни резултати од анализата на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции


Министерот за здравство, Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со […]

И самитот на ОБСЕ во кампањата за Чаир: ДКСК и Обвинителството утврдија дека бил организиран согласно законите


  Една од работите која сигурно ќе биде дел од кампањата за изборите во скопската општина Чаир е организацијата на министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје и парите што беа потрошени за овој голем настан. Уште тогаш имаше обвинувања кон тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, дека сумите за организацијата биле преголеми. Коалицијата „Вреди“ […]

Мециновиќ ќе го прави Скопје град во кој автомобилите ќе станат непотребни


Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи упати критика кон досегашните власти и повика на мобилизација на сите слободоумни луѓе кои го сакаат својот град. „Скопјани, кои го изградија градот, не можат да обезбедат домови во него, поради лудите цени од нехуманата урбанизација!Не можат да се движат […]

Герасимовски: Поставени шест куќи засолништа за бездомни животни во Паркот на Франкофонијата


Општина Центар доби шест куќички-засолништа за бездомни животни како донација од Амбасадата на САД. Куќичките, изработени од локални архитекти, се поставени во Паркот на Франкофонијата во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство“. Проектот има за цел подобрување на условите за бездомните животни и поттикнување на инклузивноста во јавните простори. Донацијата, првично […]

Значителен раст на интересот за студирање машинство – на Машинскиот факултет при УКИМ запишани 233 студенти


Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2025/26 година, бележи извонреден успех на првиот уписен рок за прв циклус студии. На овој рок се запишаа вкупно 233 студенти, што претставува зголемување од дури 43% во однос на минатата академска година. Овој значителен пораст претставува јасен показател за зголемениот […]