Бесплатни униформи, ранци и прибор за учениците во Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работен состанок со директорите на сите општински основни училишта по повод започнувањето на новата учебна година. На состанокот се разгледуваа финалните подготовки за првиот училишен ден. Во сите училишта во тек се активности за темелно чистење, а во наредните денови ќе се спроведе и задолжителна дезинфекција, дезинсекција […]

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни


„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно со Град Скопје, општините и централната власт, кое ќе работи 24 часа во денот со зголемен капацитет и комунална полиција“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова ја претстави програмата и решенијата за проблемот со бездомните кучиња пред активистите  за заштита на животните.    Таа на вчерашната […]

Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза – светицата на бедните


Мајка Тереза, еден од најзначајните ликови на XX век додека беше жива ја почитуваа многу луѓе ширум светот, од обични луѓе до лидери на водечките светски сили, државници, славни личности, хуманитарци, а најмногу оние кои веруваа дека може да се помогне да се победи бедата, гладта, сиромаштијата и болеста. Особено се цени нејзината идеја за […]

Без струја делови од Центар и Карпош


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:00 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците на бул. Партизански одреди бр.15, односно станбените објекти околу објектот – Луна бизнис центар во Општина Центар, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без струја од 11.00 до 15.00 часот, ќе останат и […]

Нема да се уриваат 30-годишните столбови на пругата до Крива Паланка, решението е во еврокодовите


Надминат е конструкторскиот проблем со столбовите на мостовите на пругата во изградба Бељаковце – Крива Паланка, втората делница за желеничкото поврзување на Македонија и Бугарија на Коридорот 8. Веќе се врши препроектирање за столбовите изградени пред 30-ина години, а домашните експерти вклучени во работите очекуваат временските и финансиските импликации да бидат на најниско можно ниво. […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 26 август 2025 година, 238-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 127 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 53 минути, а ќе зајде во 19 часот и 17 минути. Денов трае 13 часа и 23 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Средба на Алиу со директорите на клиниките за кардиологија и кардиохирургија – ќе се  подобруваат условите


Азир Алиу, министерот за здравство, денеска остварил средба со директорите на Клиниката за кардиологија и на Клиниката за државна кардиохирургија, Даница Петкоска Спирова, односно Дејан Димитровски. Од Министерството информираат дека на средбите се разговарало за актуелните состојби во двете здравствени установи, како и за можностите за нивно зајакнување и унапредување на условите и за пациентите […]

Финансиската полиција претресуваше во Липково, Куманово и Желино – лишени од слобода седум лица


По двегодишна опсежна предистражна постапка Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на општина Липково, Куманово и Желино. -Се работи за сложена предистрага која опфаќа повеќе правни и физички лица, а целта е целосно разоткривање на криминална група која дејстувала подолг временски период и имала за […]

Реката Дошница нема да биде ставена под привремена заштита, објави Министерството за екологија


  Министерството за животна средина нема да ја стави реката Дошница под привремена заштита оти предлогот за прогласување на заштитено подрачје на клисурата во Демир Капија не е формално доставен до нив. Барањето за привремена заштита на реката, на која ѝ се закануваат две мали хидроцентрали, дојде минатиот месец од граѓански организации и експерти, кои побараа мораториум на изградбата за […]

Осум дена притвор за родителот кој нападна малолетни фудбалери на штипска „Брегалница“


Осум дена притвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички нападна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев  потврди дека на лицето […]

Зелен хуман град ја најави, па ја повлече промоцијата на кандидатката за градоначалник на Скопје


  Зелен хуман град најави прес-конференција за промовирање на името на потенцијалниот кандидат за градоначалник на Скопје, па се повлече. Според последното известување, кандидатката за градоначалничка на коалицијата го откажала пресот, а и кандидатурата, заради здравствени причини. Независните советници најавија прес-конференција за денеска попладнево пред бараките на Градот Скопје, но не го соопштија официјално името […]

Пред две години имало 116, а годинава 190 ученици во средното училиште во Крива Паланка


  Втора година е во пораст бројот на ученици запишани во прва година во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка, споредено со претходните години. По трите пријавувања, во учебната 2025/26 година запишани се 190 ученици, лани имало 175, а 116 во 2023/24. Директорката на училиштето, Елена Ѓоргиевска истакна дека интересот на младите да останат […]

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека од 27 август до 3 септември на плоштадите на градовите ќе собира предлози од граѓаните за програмите со кои кандидатите за градоначалници ќе излезат на локалните избори. „За таа цел ангажирани се експерти, професори, истакнати личности од речиси сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство. Овие […]

Со 5 милиони денари се чисти депонијата во Никуштак


Министерството за животна средина и просторно планирање денес ја започна акцијата за санација на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково. Оваа депонија, идентификувана како една од најопасните во Националниот план за управување со отпад, претставува сериозна закана за здравјето и животната средина, како за жителите на Липково, така и за соседните општини. Честите пожари […]

План на Шукова: Архитекти и експерти ќе бидат на чело на ревитализирањерто на Скопје


  Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, најави дека ревитализацијата на главниот град ќе ја предводат архитекти и експертската јавност, а новиот Генерален урбанистички план ќе биде донесен уште во првата година од нејзиниот мандат. „Ноторен факт е дека сликата за Скопје е урбан хаос, непланско и нестандардизирано градење и отсуство на […]

И во Општина Илинден може да се изнајми електричен автомобил


За прв пат граѓаните на Општина Илинден ќе имаат можност да изнајмуваат електрични автомобили за своите потреби. За таа цел градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на Авант Кар, Мартин Милевски потпишаа Меморандум за соработка преку кој се овозможува на територија на општина Илинден воведување и имплементација на Систем за дистрибуција на автомобили […]

Алиу се сретна со Кедев, сите приватни болници од 15 септември треба да го информираат МЗ за сите извршени прегледи и интервенции


Министерот за здравство Азир Алиу денеска имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници, соопшти Министерството за здравство. Министерот Алиу на средбата потсетил дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи се задолжени од […]

Митко Јанчев одликуван со Орден за заслуги од Зеленски


Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше одликуван од претседателот на Украина, Володомир Зеленски со Орден за заслуги, трет степен по прославата на вчерашниот Ден на независноста на земјата. Украинскиот претседател ги доделува овие награди за значаен личен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, добротворните активности и […]

ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Северна Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 24 пожари. Активни се пожарите во Општина Долнени с.Долгаец (мешана шума), под контрола се два во Општина Македонски Брод на подрачјето Јасен (мешана шума); и во […]