Во „Св.Наум Охридски” се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор


Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски”-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години. – Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите …

Во „Св.Наум Охридски” се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор Read More »

Владата на денешната седница ќе донесе одлука за седум дена жалост


Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16 часот ќе донесе одлука за 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави.

Меѓу загинатите штипјани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“


На петмина се искачи бројот на починати Штипјани, меѓу кои и директорот на Центарот за Култура, Филип Стевановски. Според информации на Тв Стар, последното идентификувано починато лице било вработено во штипско основно училиште. Претходно потврдена е смртта на четири лица, меѓу кои и на директорот на Центарот за култура на Штип, Филип Стевановски. Веста дека …

Меѓу загинатите штипјани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Read More »

Дискотеката имаше најевтина изолација, од сунѓер, вели поранешен член на обезбедувањето


  Благојчо Ѓорѓиев, поранешен член на обезбедувањето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, вели дека таму се вградувала најевтина изолација и дека редовно се пуштале малолетници. „Внатре дискотеката, јас колку што знам, а бев присутен додека се правеше, е излепена со најевтината изолација, со сунѓер“, вели Ѓорѓиев, кочанчанец, кој задено со неговиот тим порано ја обезбедувал …

Дискотеката имаше најевтина изолација, од сунѓер, вели поранешен член на обезбедувањето Read More »

Скопјани спонтано се организираат – нудат сместување за семејствата на повредените


По големата несреќа во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица, повеќето повредени се пренесени во скопските болници, а скопјани нудат сместување. По социјалните мрежи се појавија повеќе објави во кои семејства, но и објекти кои имаат сместувачки капацитети нудат сместување за најблиските на настраданите кои се згрижени во болниците.      

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените


 Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да си ги видат децата.  Пред болницата има полиција и волонтери од Црвен крст кои им пружаат помош на семејствата.  Сите лекари и медицински пероснал се мобилизирани во Штипската клиничка болница уште во раните утрински часови. …

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените Read More »

(Во живо) Тошковски: Бројот на загинатите стигна до 59, за четворица од инволвираните е распишана потерница


Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција изјави дека со над 10 лица се извршени разговори, а за 4 лица е распишана потерница. Тошковски не даде повеќе детали за избеганите кои ќе ги бараат со потерница. Бројката на загинати во страшната трагедија во Кочани се искачи на 59 лица, соопшти министерот. Извршен е разговор …

(Во живо) Тошковски: Бројот на загинатите стигна до 59, за четворица од инволвираните е распишана потерница Read More »

Мајката на Андреј од ДНК не знае каде е син ѝ! Панчо е на кислородна поддршка


Мајката на пејачот од ДНК Андреј Ѓорѓиевски ги обиколи сите скопски болници од утрово, но нема трага од нејсиниот син.  Таа е скршена од болка и од неизвесност. Заминува дома да чека информации за синот, затоа што нема смисла повеќе да чека пред скопските болници.  Ова за „Независен“ го потврди близок член на семејството на …

Мајката на Андреј од ДНК не знае каде е син ѝ! Панчо е на кислородна поддршка Read More »

Во Клиничката болница во Штип хоспитализирани 38 пациенти, сите се стабилни со изгореници од втор степен (видео)


Во Клиничката болница во Штип во моментот се хоспитализирани 38 пациенти и сите се хемодинамски стабилни со изгореници по лицето и рацете од втор степен, изјави директорот на установата Владко Захариев. Пациентите со трет степен изгореници од пожарот кој ноќеска настана во дискотека во Кочани, според Захариев, се препратени на клиниките во Скопје за натамошен …

Во Клиничката болница во Штип хоспитализирани 38 пациенти, сите се стабилни со изгореници од втор степен (видео) Read More »

Се подготвува транспорт на најтешко повредените во странство


Се прават подготовки да се транспортираат најтешко повредените лица во пожарот во Кочани во врвни болници од оваа област во неколку европски држави, стигнаа понуди за помош од повеќе држави, рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. „Во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции за …

Се подготвува транспорт на најтешко повредените во странство Read More »

Во студентски домови се сместуваат семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје


Министерството за образование и наука информира дека семејствата на повредените од несреќата во Кочани кои во моментов се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите за сместување и исхрана на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во општина Карпош, студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ во Гази Баба, ученичкиот дом во рамки на државното училиште за …

Во студентски домови се сместуваат семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје Read More »

Ова се телефоните за информации за настраданите во пожарот во дискотеката


Министерството за здравство ги објави телефонските броеви на кои може да се добијат дополнителни информации за состојбата на лицата кои настрадаа во пожарот во дискотеката во Кочани, а кои се згрижени во болниците. Еве ги телефонските броеви:  ГОБ 8 Септември – 071226764 Клинички центар- 070387115 СВ Наум Охридски –  075203026 Во соопштението до медиумите Министерствот …

Ова се телефоните за информации за настраданите во пожарот во дискотеката Read More »

(Во живо) Изјава на јавниот обвинител Коцевски, не кажа прецизна бројка за загинатите


Јавниот обвинител Љупчо Коцевски даде изјава за медиумите без да даде прецизна бројка за бројот на загинатите во пожарото во дискотеката во Кочани. Според него во моментот се води истрага за тоа, не потврдувајќи ни бројка колку лица се водат за исчезнати. Коцевски на семејствата на жртвите и на повредените во трагедијата во кочанската дискотека …

(Во живо) Изјава на јавниот обвинител Коцевски, не кажа прецизна бројка за загинатите Read More »

(Видео) Сведоштво на преживеана во трагедијата во Кочани: Сестра ми ја нема!


 Марија Тасева, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, пред камерата на МИА сведочеше дека во моментот на пожарот настанал метеж и дека излегувајќи надвор паднала на земја.  – Сите почнаа да трчаат надвор.Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја …

(Видео) Сведоштво на преживеана во трагедијата во Кочани: Сестра ми ја нема! Read More »

Трагедијата во ноќниот клуб во Кочани стана светска вест


Светските агенции ја пренесоа веста дека рано утринава во пожар во ноќен клуб во Кочани животот го загубија над 50 млади лица. Агенциите и медиумите се повикуваат на официјални податоци од Министерството за внатрешни работи и на податоци на релевантни македонски медиуми Би-Б и-Си, повикувајќи се на соопштерние на македонското МВР, јави дека „51 лице …

Трагедијата во ноќниот клуб во Кочани стана светска вест Read More »

Во болниците се згрижени 152 настрадани во пожарот, 18 се во критична состојба


 Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, соопшти Министерството за здравство. Од нив 18 лица се во критична состојба   Распределба на хоспитализираните пациенти:   Детска хирургија – 4 Клиника за пластична хирургија – 11 Клиничка болница Штип – 45 Општа болница …

Во болниците се згрижени 152 настрадани во пожарот, 18 се во критична состојба Read More »

Случајот од Кочани е речиси ист како трагедија во рок клубот „Колектив“ во Букурешт


  Страшниот пожар во Кочани и смртта на толку многу млади луѓе драматично потсетува на трагедијата во рок клубот „Колектив“ во Букурешт ноќта на 31 октомври 2015 година, кога од пожарот предизвикан од пиротехнички средства на лице место загинаа 27 лица. Трагедијата стана двојно поголема откако уште 37 од повредените им подлегнаа на повредите подоцна …

Случајот од Кочани е речиси ист како трагедија во рок клубот „Колектив“ во Букурешт Read More »

Тешко повредени во дискотеката во Кочани ќе се носат во врвни болници во европски земји


Во моментов се организира транспорт на неколку тешко повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, во неколку врвни болници во европски земји, информира ЦУК. – Има пониди за помош од повеќе држави. Се вршат подготовки за транспорт на тешко повредените лица во врвни болници од оваа област во неколку европски држави – велат од Центарот …

Тешко повредени во дискотеката во Кочани ќе се носат во врвни болници во европски земји Read More »

Сиљановска-Давкова во посета на повредените: „Ова е страшно, верувам дека повеќето ќе се спасат“


Претседателката ги посети трите медицински центри во Скопје – „Свети Наум Охридски“, „8 Септември“ и Клиничкиот центар каде посети дел од повредените во утринскиот страотен пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Сиљановска-Давкова вели дека соседни земји, како Бугарија и Србија, понудиле помош за да ги примат пациентите со најсериозни изгореници. Таа, низ солзи, изрази неверување околу …

Сиљановска-Давкова во посета на повредените: „Ова е страшно, верувам дека повеќето ќе се спасат“ Read More »

Црвениот крст организира донаторска акција за настраданите во дискотеката во Кочани


Од името на Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш сакаме да изразиме длабоко сочувство и солидарност со семејствата на настраданите граѓани во стравичната несреќа која се случи во Кочани во утринските часови. Ја споделуваме тагата со семејствата на трагично загинатите, иако сме свесни дека во моментов, нема зборови што може да ја утешат …

Црвениот крст организира донаторска акција за настраданите во дискотеката во Кочани Read More »