Во Прилеп продолжува кампањата на МОН – „Магијата е во знаењето“


По првиот панел во Скопје, одржан на 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука продолжува со активностите во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја нагласува клучната улога на наставниците во образовниот процес и нивното влијание врз развојот на учениците. Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е […]

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денес одржа работна средба со директорите на основните училишта и градинките, на која беа договорени конкретни активности за одржување на хигиената во образовните установи на највисоко ниво. Договорено е во текот на викендот да се спроведе повторна дератизација, откако веќе имаше една пред изборниот процес. Веднаш потоа ќе следат […]

„Градски воз“ во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето


Првата линија од проектот „Градски воз“ во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето, а нашата идеја e да воспоставиме редовен сообраќај на три линии – истакна во денешното гостување во Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.   „Идејата на проектот ‘Градски воз’ е постојаната железничка инфраструктура да се […]

Д-р Кузмановски од Неврологија ќе треба да оди на обука три месеци, за да му се продолжи лиценцата


Комисијата за етички и правни прашања при Комората го разгледа поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на доктор Кузмановски, постапувајќи со најголема сериозност и одговорност. Како резултат на констатираните наводи и за да се гарантира заштитата на пациентите и интегритетот на лекарската професија, Комората, покрај законски утврдените услови, донесе одлука за преземање на […]

Дожд и невреме од недела вечер – од вторник заладување


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпладне, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи, соопшти УХМР. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) […]

  Diamond Mall слави роденден со хуманитарен концерт и донаторски настан за „Лајка“


Од 20 до 25 октомври во просториите на Diamond Mall е отворена Зона за донации, каде што сите посетители што сакаат да се вклучат во хуманитарните активности што трговскиот центар ги организира по повод својот втор роденден, можат да остават храна и опрема за бездомните животни. Собраните донации се наменети за поддршка на активностите на […]

Голем скандал во австралиската војска. Илјадници жени биле жртви на сексуална злоупотреба


Четири австралиски жени војници поднесоа историска колективна тужба против австралиската војска, обвинувајќи ги австралиските вооружени сили за сексуална злоупотреба, вознемирување и дискриминација. Адвокатите што ги застапуваат жените изјавија дека очекуваат илјадници поранешни војници на австралиската војска да се приклучат на тужбата, која беше поднесена во Федералниот суд на Австралија во петокот. Според тужителите, чии имиња […]

Излетал камион кај клучката Хиподром – сообраќајот во прекин


Поради излетано товарно моторно возило на клучката Хиподром на патниот правец Скопје – Куманово, сообраќајот е во прекин, соопштија од АМСМ. „На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано ТМВ на патот, собраќајот е во прекин“, стои во објавата на АМСМ.

Викендов почнува зимското сметање на времето


Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, […]

Облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец, кој ќе достигне над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а […]

Во Собранието доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година


Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. Годинава за остварување во […]

Герасимовски: Ги мобилизираме сите служби и ресурси во Општина Центар и на ПОЦ!


Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска одржа состанок со Штабот за заштита и спасување кадешто се донесоа итни одлуки за справување со кризата со сметот во Центар. Тој потенцира дека се прави мобилизација на сите служби и ресурси на општината и на ПОЦ. „Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ […]

Даниловски: Во Скопје e можна бубонска чума


Во Скопје последниве месеци, а особено години, сме сведоци на состојба што сериозно го доведува во прашање јавноздравствениот минимум на еден модерен град, предупредува епидемиологот д-р Драган Даниловски на својот ФБ профил. „Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ практично не функционира, а купишта ѓубре се натрупани околу контејнерите. Ова веќе не е прашање на естетика или урбан […]

Герасимовски свика итен состанок на Штабот за заштита и спасување поради ѓубрето


Во тек е итен состанок на Штабот за заштита и спасување кадешто носиме одлуки за справување со кризата со сметот во Центар. Градот Скопје денес се соочува со сериозна еколошка криза. Целиот град е затрупан со отпад, што веќе не е само хигиенски, туку здравствен и епидемиолошки проблем. Оваа состојба е крајно алармантна! Не може […]

Арсовска: Ако не ви е јасно какo кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, ќе ви појаснам уште еднаш


По бројните шпекулации истакнати од кадри на ВМРО ДПМНЕ во обид да се амнестираат за состојбата за работата на ЈП Комунална хигиена – Скопје, на социјалните мрежи Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, објави појаснување за надлежностите и одговорностите поврзани со управувањето на претпријатието, велат од град Скопје во своето соопштение кое го пренесуваме во […]

Во недела завршува летното сметање на времето – стрелките се враќаат еден час наназад


Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање.  Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.  Министерството за енергетика, рударство и минерални […]

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради атлетска трка


МВР информира дека денеска ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради одржување атлетска трка. Се работи за траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, улица „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Иљо Војвода“, пешачките […]

Ден на македонската револуционерна борба


Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание […]

Облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо […]

Арсовска : Сите дознаа кои луѓе и медиуми јадат сендвичи од вашиот штаб (Видео)


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска реагираше на видеото што протече од Владата а на кое се гледа како таа прави селфи пред видео камерите на Владата, поради што ја нарекоа „инфлуенсерка“.   -Премиере, не ви функционира Владата. Кажи му на Луке дека СНИМКИ ОД БЕЗБЕДНОСНИТЕ КАМЕРИ на Влада ви се објавуваат во јавност ултра брзо. […]