Аеродромци бараат 24-часовен видео надзор во Вардариште и обезбедување


Видео надзор во Вардариште и 24 часовно физичко обезбедување на депонијата – се новите барања упатени до институциите од денешниот протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“. „Нема да се откажеме од основното човеково право – чист воздух – и покрај игнорантскиот однос од институциите“, порачаа учесниците и најавија дека ќе се собираат секој […]

Протест „Ниту една повеќе“: Кон фемицидите придонесуваат молкот, стигмата и срамот


„Ниту една повеќе“: Росица немаше да биде убиена ако институциите постапуваа Пред Министерството за внатрешни работи денес се одржа протест на кој граѓани и активисти побараа институционална одговорност за фемицидите во Македонија. Повод за протестот беше убиството на Росица Коцева од Велес и нејзиниот татко, застрелани од нејзиниот поранешен партнер Илија, кој потоа си го […]

Активни три пожари – кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија


Вкупно 23 пожари на отворен простор се регострирани во земјава до 18:00 часот, од кои три се активни, три се под контрола, а 17 се изгснати, соопшти ЦУК. Активни пожари има кај скопското село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија. Под контрола се пожарите во Трубарево, во Дрисла и на делчевската […]

Искачување на Титов Врв за подигнување на свеста за ракот на дојката


Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ го организира третото традиционално искачување на највисокиот врв на Шара – Титов Врв, акција која е наменета само за жени-учеснички, со  цел да се даде поддршка на жените кои се соочуваат со рак на дојка. Искачувањето ќе биде на 4 октомври (сабота), а почетна точка е паркингот на Попова […]

Општина Карпош додели стипендии на талентирани ученици и спортисти


Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Општина Карпош, им ги врачи решенијата за осуммесечните стипендии на талентираните ученици и спортисти од осмо и деветто одделение, за учебната 2025/2026 година. Во организација на Одделението за култура и спорт во рамки на денешната манифестација, првиот човек на општината додели вкупно 78 стипендии, од кои 27 за талентирани спортисти и […]

Убијците на Росица имаат име и презиме – неодговорност и корупција


Убијците на Росица и на татко ѝ имаат име и презиме – a тоа се неодговорност и корупција. Ова го истакна поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и актуелна кандидатка за градоначалничка на скопски Центар, Билјана Ивановска, коментирајќи го случајот од понеделникот кога беа убиени 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко […]

Семејствата на пациентите со мускулна дистрофија бараат да се обезбеди нова генерација лекови


 Новите лекови за мускулна дистрофија кај нас се недостапни. Моментално нашите деца не се покриени со новата генерација на „ваморолон“ и „дефлазакорт“ и се користи кортистероидната терапија „декортин“, која е стара генерација лекови. Недостига и лекот „гивиностат“ за лица во мускулна дистрофија тип Душен, која го забавува процесот на прогресија на болеста и се покажа […]

АРНО ги избра победничките идеи за 2025 зелени бизнис идеи: Пилинг креми од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки


Пилинг креми од отпад од кафе, полнети играчки со сено и мед со лековити билки – овие иновативни зелени бизниси се победничките идеи на натпреварот „Зелени идеи 2025“, кој го организираше АРНО. Жири комисијата во категоријата ембрионски идеи ги избра „Мирис на сено во сечиј дом“ на здружението „Ума Сто“ и „Природна пилинг крема од […]

Општина Центар доделува стипендии за ученици во износ до 3.500 денари месечно


Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: спорт, култура и науки, техника, посебни вештини. Стипендиите изнесуваат од 2.500 до 3.500 денари месечно во зависност од категоријата за која аплицираат, во текот на осум месеци од тековната учебна 2025/2026. „Општина Центар и годинава инвестира во младите, во […]

Лидија Димова доби затворска казна од две години


Основниот кривичен суд во Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службената позиција и овластување и ѝ досуди казна затвор во траење од две години. Димова, исто така, мора да плати судски надоместок од 10 илјади денари и да […]

Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство


Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно убиство и самоубиство кои го завија Велес во црно изминатите неколку денови, се вели во соопштението од ЛДП, што МИА го пренесува интегрално. „Предложив на 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме […]

Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да го спречат насилството


Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешната прес- конференција во Собранието, во име на Клубот на жени пратенички, повика на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените. Тренчевска посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на […]

Ќе се изработува Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура


Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена […]

Гостивар со бесплатен интернет на јавни места


Општина Гостивар е една од општините избрани за спроведување на проектот за обезбедување бесплатен интернет на јавни простори, соопштуваат од општинската служба за информирање. Одлуката дојде по учеството на повик на WiFi4WB (Wi-Fi за Западен Балкан) – иницијатива која обезбедува бесплатен и брз интернет во јавните простори.   – Нашите граѓани ќе имаат можност да […]

Герасимовски: Викендов прв Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на Франкофонија


Општина Центар информира дека од 19 до 21 септември во Паркот на Франкофонија ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо. Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо […]

Воздухот во Трубарево вчера не бил загаден


 Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот) беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀), на мерното место во зоната на Трубарево. Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува реално време следење на […]

Минчев: Ако сакаме силна држава, мора да имаме силна администрација


Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од тој процес, истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев на денешниот настан, генерички обуки за административни службеници – „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, што се одржува во Скопје. Тој рече дека во срцето на […]

Највисока цена за стан е платена во Општина Центар – најмногу станови се продадени во Аеродром


Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од […]

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците


Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците. За ова информираа претпладнево од неготинското комунално претпријатие, преку важно соопштение на нивната Фејсбук страница. – Поради проблем со присуство на мирис и вкус од непознато потекло во водата за пиење во делот од уличната […]

ДИК, ДКСК и ДЗР потпишаа Меморандум за соработка за локалните избори


Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија потпишаа Меморандум за соработка во пресрет на претстојните Локални избори. Како што соопшти ДИК, со овој Меморандум трите институции ја зацврстуваат својата определба за непосредна соработка, координација и заемна помош при спроведување на одредбите за финансирање на изборната кампања, размена на […]