Бугарија ќе обезбеди транспорт и сместување за семејствата на повредените


Бугарската амбасада во Скопје информира дека Бугарија е подготвена да обезбеди транспорт и сместување за најблиските членови на семејствата на повредените во трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во болниците во Софија, Пловдив и Варна. Од Амбасадата ги повикуваат семејствата на пациентите да се обратат за дополнителни информации и организација на следните телефонски броеви: 📞 …

Бугарија ќе обезбеди транспорт и сместување за семејствата на повредените Read More »

Лекари од Србија пристигнуваат со воен авион во Македонија


Авион на Војската на Србија со четворица лекари и четири медицински техничари полетал кон Македонија за да преземе повредени од несреќата во Кочани, објави Блиц. Според планот, со овој авион треба да бидат преземени 12 пациенти кои ќе бидат префрлени во Воено-медицинската академија (ВМА) и во Клиничкиот центар на Србија. Двајца пациенти со воени санитетски …

Лекари од Србија пристигнуваат со воен авион во Македонија Read More »

Родителите ќе дозволат обдукција на телата на нивните деца


Се смири тензијата во Кочани откако се договорија родителите и обвинителите. Родителите ќе дозволат да се изврши обдукција врз телата на нивните деца. Обвинителката им објаснуваше на револтираните родители дека тоа е законска процедура и мора да има обдукција. По идентификацијата и обдукцијата, телата ќе бидат предадени на семејствата.

Студентите организираат собир на платото пред УКИМ за настраданите во Кочани


Со оглед на големата трагедија која настана изутринава во дискотеката во Кочани, студентите на УКИМ Ве покануваат да го проследите организираниот заеднички час во форма на искажување почит кон  жртвите кои настрадаа при немилиот настан, се вели во соопштението на Универзитетското студентско собрание.   – Утре (17.03.2025) со почеток од 12 ч. на Платото на …

Студентите организираат собир на платото пред УКИМ за настраданите во Кочани Read More »

Овие луѓе нудат сместување за блиските на настраданите


По трагичната несреќа во која загинаа 59 луѓе во дискотека во Кочани, каде изби пожар, а 155 беа повредени, повеќе луѓе, хотели и други институции нудат сместување за најблиските на повредените.  Сместување нудат најмногу за Скопје, но има и за Бугарија, Грција и другите змји што примија пациенти од Македонија. Доколку имате потреба од сместување …

Овие луѓе нудат сместување за блиските на настраданите Read More »

(Во живо) Коцевски за резултатите од истрагата, имало хорор со изигрување на законите


  Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва ги објави резултатите од досегашната истрага, соопштувајќи дека објектот немал ништо што предвидува законот – немал хидранти, немал резервна врата за евакуација (односно имал, но заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна), незаконски се изведувала пиротехника, имале дозвола за лесна индустрија издадена уште пред петнаесетина години а …

(Во живо) Коцевски за резултатите од истрагата, имало хорор со изигрување на законите Read More »

Крешник Бектеши повикан на распит во полициска станица


Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан во полициска станица Карпош на распит, поради фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани во која животот го загубија најмалку 59 лица. Се бара дали министерот Бектеши бил инволвиран во издавањето на лиценцата. Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека се приведени поранешниот државен секретар на …

Крешник Бектеши повикан на распит во полициска станица Read More »

Штипјани се простуваат од загинатите во несреќата во Кочани


На градскиот плоштад во Штип вечерва се собираат граѓани кои палат свеќи за загинатите во трагичната несреќа во Кочани, јави дописникот на МИА од овој град. Во пожарот во Кочани загинаа петмина граѓани на Штип меѓу кои три деца и двајца возрасни. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски.

Седум пациенти чекаат трансфер во странство од „Жан Митрев“


Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека кај нив се згижени седум пациенти повредеи вои трагедијата во Кочани, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. – Во овие критични моменти, Клиниката „Жан Митрев“ е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Нашиот медицински тим вложува максимални напори …

Седум пациенти чекаат трансфер во странство од „Жан Митрев“ Read More »

Грчката полиција го „чисти“ патот од други возила за амбулантните со пациенти од Македонија


Грчката полиција го ослободува патот од други возила, за да може амбулантни возила да стигнат што е можно побргу до нивните клинички центри каде се пренесуваат дел од повредените пациенти во трагедијата во дискотеката во Кочани. „Трите медицински транспортни возила на „Аџибадем Систина“ кои напладне вршеа меѓународен транспорт на поврдените пациенти од КАРИЛ до здравствена …

Грчката полиција го „чисти“ патот од други возила за амбулантните со пациенти од Македонија Read More »

Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани во странство, на помош пристигнуваат специјалисти по изгореници


Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари.  Утре на помош во државата пристигнуваат специјалисти по изгореници од Израел, Белград и Прага кои ќе им помогнат на здравствените работници во државава.  Како што изјави Таравари, според информациите со кои располага, четири до …

Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани во странство, на помош пристигнуваат специјалисти по изгореници Read More »

ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани


 Eвропската Унија доби барање од Северна Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија.  Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за во текот на утрешниот ден. Претходно, Европската комисија информира дека ЕУ е подготвена да и помогне на земјава преку …

ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани Read More »

Клековски: Конзилиум проценува дали повредени во пожарот во Кочани треба да бидат транспортирани во странство


 Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на други место. За сите да бидат згрижени на највисоко можно ниво. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој …

Клековски: Конзилиум проценува дали повредени во пожарот во Кочани треба да бидат транспортирани во странство Read More »

Авионот „Спартан“ полета за Скопје, во бугарските болници ќе превезе пет тешко повредени во пожарот во Кочани


По налог на бугарскиот премиер Росен Жељазков, авионот Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија. Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот на забавна локација во градот Кочани. Ова го соопшти владината прес-служба, пренесува БТА. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на …

Авионот „Спартан“ полета за Скопје, во бугарските болници ќе превезе пет тешко повредени во пожарот во Кочани Read More »

Во македонските болници има 117 пациенти од несреќата во Кочани – 13 испратени на лекување во странство


Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти официјални информации за состојбата на пациентите повредени во пожарот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани, потврдувајќи дека сите се згрижени и во стабилна, релативно добра состојба. Вкупно 117 пациенти од пожарот се лекуваат во здравствени установи низ државата, додека 13 се испратени на лекување во странство, а постои план …

Во македонските болници има 117 пациенти од несреќата во Кочани – 13 испратени на лекување во странство Read More »

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје – роднините блокираат


Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави допсиникот на МИА од Кочани. Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата. 

Лажни линкови за донација се шират на социјалните мрежи, по трагичната несреќа во Кочани


Лажни линкови за донација се појавуваат на социјалните мрежи преку кои се бара помош за лекување или за семејствата на починатите, јави телевизија Стар. Од СВР Штип предупредуваат на внимателност и детална проверка од страна на граѓаните бидејќи во овој момент таква активност нема, пренесува телевизијата. Најмалку 59 семејства се завиени во црно откако ги …

Лажни линкови за донација се шират на социјалните мрежи, по трагичната несреќа во Кочани Read More »

Болката за загинатите во кочанската дискотека е огромна, многу прашања уште чекаат одговор


  Најмалку 59 семејства се завиени во црно откако ги изгубија своите најблиски во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а уште над 150 се во исчекување за судбината на повредените, од кои некои и со тешки изгореници, и кои се сместени во болниците во државата. Болката за загинатите во кочанската дискотека не стивнува, а …

Болката за загинатите во кочанската дискотека е огромна, многу прашања уште чекаат одговор Read More »

Што стана со Центарот за изгореници што постоеше до 2016 година


  Што е со Центарот за изгореници во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешната Градска болница)? Ова прашање предпладнево беше упатено и до претседателката Гордана Силјановска-Давкова при нејзината посета на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“, но таа не знаеше за судбината на овој Центар. „Јас не сум доктор“, рече …

Што стана со Центарот за изгореници што постоеше до 2016 година Read More »