„Доби син и излезе во диско да ги почести другарите“: Тоше Богданов загина во дискотеката „Пулс“


Триесетгодишниот Тоше Богданов е една од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а според неговите пријатели, во саботата излегол со пријателите да го прослави раѓањето на синот. Богданов, кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата која, според неофицијални информации, пред неколку дена го родила нивното дете. „Тоше имаше син …

„Доби син и излезе во диско да ги почести другарите“: Тоше Богданов загина во дискотеката „Пулс“ Read More »

Студентите на УКИМ неделава организираат собири за жртвите во пожарот, од Ректоратот имаат дозвола за прекин на наставата


Студентите и професорите на Скопскиот универзитет денеска и во текот на целата недела ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час, што точно напладне ќе се одржуваат на различни кампуси на УКИМ, за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства. Првиот заеднички час е денеска од …

Студентите на УКИМ неделава организираат собири за жртвите во пожарот, од Ректоратот имаат дозвола за прекин на наставата Read More »

Обвинители од Кочани, Штип и Скопје, работат на истрагата за дискотеката „Пулс“ – се вештачи и компјутер од Министерството за економија


Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје. Како што информираат од Јавното Обвинителство, синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително …

Обвинители од Кочани, Штип и Скопје, работат на истрагата за дискотеката „Пулс“ – се вештачи и компјутер од Министерството за економија Read More »

Почина возач на Итната помош од Кочани кој вчера неуморно цел ден пренесуваше тешко повредени


Утрово Кочани и јавноста ја разбуди нова трагична вест за загуба на млад живот. Имено колегите и вработените во Општата болница Кочани кои се уште не можат да се соземат од шокот, утрово се простуваат од Иле Гоцевски. Долгогодишен возач на возила во Итната помош Кочани кој ноќеска починал откако по напорниот и долг ден …

Почина возач на Итната помош од Кочани кој вчера неуморно цел ден пренесуваше тешко повредени Read More »

Во штипската Клиничка болница хоспитализирани двајца пациенти од несреќата во Кочани


Само двајца пациенти од несреќата во Кочани се лекуваат во штипската Клиничка болница, информира во писмено соопштение утринава портпаролот на Клиничка болница-Штип, Емилија Арсова. -По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите  од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ – Штип се транспортирани во Клинички центар ‘‘Мајка …

Во штипската Клиничка болница хоспитализирани двајца пациенти од несреќата во Кочани Read More »

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани


 Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во …

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани Read More »

Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани


Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви од пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија,  изјави портпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис NOS.  – Сè уште не е познато дали некои од повредените ќе бидат пренесени во …

Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани Read More »

Оперирани двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Солун


Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина. Извори од болницата Папаниколау, каде што од вчера попладне …

Оперирани двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Солун Read More »

ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани


 Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство.  За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три се …

ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани Read More »

Осум повредени од Кочани примени во софиската болница „Пирогов“, нивната состојба е тешка, вели директорот д-р Димитров


Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА. Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст …

Осум повредени од Кочани примени во софиската болница „Пирогов“, нивната состојба е тешка, вели директорот д-р Димитров Read More »

Пренасочување и регулација на дел од сообраќајот на патот Градско – Дреново


На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од денеска до 4 април, поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор …

Пренасочување и регулација на дел од сообраќајот на патот Градско – Дреново Read More »

Турција пренесе критично повредени жртви од пожарот во Истанбул


Тројца критично повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани синоќа беа пренесени во Турција со медицински авион на турското Министерство за здравство. Авионот слета на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што повредените беа префрлени во центарот за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“ за понатамошен третман, јави Анадолија. Како одговор …

Турција пренесе критично повредени жртви од пожарот во Истанбул Read More »

Заеднички час за искажување на почит од студентите на УКИМ по повод трагедијата во Кочани


Студентите на УКИМ денеска во 12 часот на Платото на Универзитетот ќе одржат организиран заеднички час во форма на искажување почит кон  жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.   Како што соопштија од Универзитетско студентско собрание при УКИМ, со времетраење од еден час, ќе се искаже сочувство кон загинатите лица и поддршка …

Заеднички час за искажување на почит од студентите на УКИМ по повод трагедијата во Кочани Read More »

Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани


Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје. Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при …

Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани Read More »

Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА


Девет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани пристигнаа во Ургентниот центар на Србија, додека тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија (ВМА), јави МИА од Белград. Дванаесет пациенти повредени во несреќата во дискотеката во Кочани ноќеска со авион CASA C-295 на српската армија се пренесени од Скопје во Белград и ќе бидат згрижени …

Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА Read More »

МЗ: Хоспитализираните во странство во стабилна состојба, помош од повеќе држави


Министерството за здравство вечерва соопшти дека во домашните здравствени установи низ државата згрижени се над 140 пациенти од трагичната несреќа во Кочани. Дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство и тие се наоѓаат во стабилна состојба.  За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице …

МЗ: Хоспитализираните во странство во стабилна состојба, помош од повеќе држави Read More »

Клековски: Испратените во странство од Кочани се стабилни


Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски на неговиот Фејсбук профил објави дека денеска се згрижени над 140 настрадани. – Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4.  Пристигнатите во странство се стабилни. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска …

Клековски: Испратените во странство од Кочани се стабилни Read More »

Бугарија ќе обезбеди транспорт и сместување за семејствата на повредените


Бугарската амбасада во Скопје информира дека Бугарија е подготвена да обезбеди транспорт и сместување за најблиските членови на семејствата на повредените во трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во болниците во Софија, Пловдив и Варна. Од Амбасадата ги повикуваат семејствата на пациентите да се обратат за дополнителни информации и организација на следните телефонски броеви: 📞 …

Бугарија ќе обезбеди транспорт и сместување за семејствата на повредените Read More »

Лекари од Србија пристигнуваат со воен авион во Македонија


Авион на Војската на Србија со четворица лекари и четири медицински техничари полетал кон Македонија за да преземе повредени од несреќата во Кочани, објави Блиц. Според планот, со овој авион треба да бидат преземени 12 пациенти кои ќе бидат префрлени во Воено-медицинската академија (ВМА) и во Клиничкиот центар на Србија. Двајца пациенти со воени санитетски …

Лекари од Србија пристигнуваат со воен авион во Македонија Read More »