Општина Аеродром ќе додели 1 милион денари за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани


  Денеска, во координација со советниците, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, поднесе барање за одржување вонредна седница на Советот на Општина Аеродром на која ќе има само една точка за доделување 1.000.000 денари финансиска помош на семејствата на настраданите во стравичната несреќа во Кочани.    Силниот оган ја зави Македонија во црно …

Општина Аеродром ќе додели 1 милион денари за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани Read More »

Директорката на Одделот за изгореници на солунската болница: Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба


Двете девојки и момчето на возраст од 19, 25 и 26 години, кои од неделата се хоспитализирани во болницата Папаниколау во Солун се во критична состојба и сè уште не може да се каже дека се вон животна опасност, според директорката на Одделот за изгореници на солунската болница Софија Пападопулу, јави дописничката на МИА од …

Директорката на Одделот за изгореници на солунската болница: Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба Read More »

Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“


Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во …

Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“ Read More »

До петок стабилно време со утрински температури под нулата


Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст, соопшти УХМР. Минималната утринска температура ќе се спушти до минус девет, а максимланата дневна ќе дотигне 22 степена. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите …

До петок стабилно време со утрински температури под нулата Read More »

Минута молк за настраданите на вонредната седница на Град Скопје


Со едноминутно молчење во знак на почит за настраданите во Кочани, денеска, советниците на Град Скопје, ја почнаа вонредната седница.  Градот Скопје одлучи да додели шест милиони денари за помош на семејствата на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани.  Претседателот на Советот, Трајко Славески, најави дека во најскоро време се подготвени да доделат дополнителни …

Минута молк за настраданите на вонредната седница на Град Скопје Read More »

Има доволно крв од сите крвни групи низ болниците и клиниките


Имаме доволно крв за сите крвни групи за потребите на сите болници и клиники во земјава, вели во изјава за МИА директорот на Центарот за Трансфузиона медицина, Амир Елези. Прашан дека на социјалните мрежи се споделува за потреба на дарување на крв за пациенти кои се сместени на Клиниките во Скопје, Елези е дециден во …

Има доволно крв од сите крвни групи низ болниците и клиниките Read More »

Млада инспекторка, мајка на едногодишно девојче настрада во пожарот во Кочани


Младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, загинала во пожарот што избувна во неделата во кочанската дискотека. Моника е, за жал, една од 59-те невини жртви. Нејзиното семејство, откако слушнало за трагедијата во ноќниот клуб, ја барало по сите болници. Нејзината фотографија ја објавија на социјалните мрежи со молба граѓаните да ги контактираат доколку …

Млада инспекторка, мајка на едногодишно девојче настрада во пожарот во Кочани Read More »

Се бара слобода за обезбедувачите во „Пулс“, спасувале деца


Група кочанчани, меѓу кои и лица кои се спасиле, а биле во дискотеката која одзеде 59 животи, бараат слобода за обезбедувачите. Тие и вчера беа пред судот, со порака, дека ако не биле лицата од обезбедување, тие нема да биле живи. Кочанчаните порачаа дека дел од обезбедувачите ги ваделе надвор, се враќале во огнот, делувале …

Се бара слобода за обезбедувачите во „Пулс“, спасувале деца Read More »

Осум пациенти од Кочани кои вчера пристигнаа во Србија се со повреди опасни по живот


Од осумте пациенти кои вчера пристигнаа од Северна Македонија по трагичниот пожар, тројца се на респиратор, а сите имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, јави МИА од Белград. Во изјава денеска за РТС, Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија нагласи дека во …

Осум пациенти од Кочани кои вчера пристигнаа во Србија се со повреди опасни по живот Read More »

Пожарот во „Пулс“ е трета најголема трагедија во Македонија според жртвите


Трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога во пожар загинаа минимум 59 лица, стана една од најголемите катастрофи во Македонија од осамостојувањето на земјата, по бројот на жртви. Да не беа претходно двете авионски несреќи таа ќе беше прва. Авионска несреќа на Авиоимпекс кај Охрид (20.11.1993) – Оваа трагедија се случи кога …

Пожарот во „Пулс“ е трета најголема трагедија во Македонија според жртвите Read More »

Најстудено утрово на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија


 Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, а најтопло e во Гевгелија. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, -8 степени Целзиусови се измерени на Попова Шапка, -4 во Крушево, Маврови Анови, -1 во Берово, 0 во Крива Паланка, Прилеп, Охрид, Битола, Тетово, Куманово, Претор, 1 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Штип, Виница, Велес, …

Најстудено утрово на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија Read More »

Ниските утрински температури може да предизвикаат штети кај процветаните сливи, раните сорти кајсии и бадемот


Високите температури минатата недела ја активираа вегетацијата и кај некои култури се појавија цветови. Но, студените утра деновиве може да предизвикаат појава на слаб до умерен мраз и да причинат штети, особено кај коскестите видови, сливата, раните сорти кајсии и бадемот. Според агрометеоролозите, појавата и јачината на мразот не е секаде еднаква, многу зависи од …

Ниските утрински температури може да предизвикаат штети кај процветаните сливи, раните сорти кајсии и бадемот Read More »

Денеска осум пациенти ќе се префрлат во Словенија, Полска, Италија и Хрватска


Сите пациенти донесени од опожарената дискотека „Пулс“, во Кочани, кои се лекуваат на скопските клиники се стабилни, но има неколку на кои им се влошува состојбата и тие се планирани да се префрлат во странство.  Во моментов на Клиника во Скопје и во Штип има сместено 89 пациенти, а во странство до сабајлево се испратени …

Денеска осум пациенти ќе се префрлат во Словенија, Полска, Италија и Хрватска Read More »

Хоспитализирани нови 20 лица од Кочани


Денеска се хоспитализирани нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари, oбзнани директорот на Фондот за здравство Сашко Клековски на Фејсбук. „Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и во Св. Наум Охридски 12 лица. На тоа треба …

Хоспитализирани нови 20 лица од Кочани Read More »

Станков: Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата, за да може роднините да ги подигнат телата


 Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може роднините да си ги подигнат телата, изјави за МИА, Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, во врска со обдукциите на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано утрото во неделата. Тој подвлече дека постапката …

Станков: Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата, за да може роднините да ги подигнат телата Read More »

Муцунски и Таравари со грчките колеги во посета на повредените во Солун


  АТИНА – Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари утрово се во посета на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во две солунски болници, а министрите ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос …

Муцунски и Таравари со грчките колеги во посета на повредените во Солун Read More »

Притвор за ексминистерот Бектеши и директорите Трајковски и Максути


Основниот суд во Кочани одреди краткотраен 48-часовен притвор за поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, за поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски и екс директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути. Сите тројца синоќа беа спроведени од Полициските станици од Тетово и Скопје во Основниот суд – Кочани. Градоналникот во оставка, …

Притвор за ексминистерот Бектеши и директорите Трајковски и Максути Read More »

Две повредени лица од Македонија рано утринава пристигнале во Загреб


Две лица од Северна Македонија, кои се повредени во пожар во ноќен клуб во Кочани, рано утринава по 4 часот пристигнале на лекување во Хрватска, јавува Дневник на Нова ТВ. Тие се лекуваат на Клиниката за трауматологија на КБЦ Сестра на милосрдието во Загреб, од каде подоцна ќе ја информираат јавноста за состојбата на пациентите. …

Две повредени лица од Македонија рано утринава пристигнале во Загреб Read More »

Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, укинати забраните за камиони


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви, информира АМСМ. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои …

Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, укинати забраните за камиони Read More »