Еден пациент во Ниш е во потешка состојба, двајцата други се стабилни


 Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде ги посетија повредените од пожарот во Кочани, сместени во таа установа. Како што соопшти МЗ, тие оствариле средби со директорот на Клиничкиот центар, проф. д-р Перишиќ, и медицинскиот тим при што биле запознаени со состојбата …

Еден пациент во Ниш е во потешка состојба, двајцата други се стабилни Read More »

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА


 Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија, јави дописникот на МИА од Белград.  Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои …

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА Read More »

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани


  Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други …

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани Read More »

Основниот суд Кочани изрече краткотраен притвор во траење од уште 48 часа за сите 16 лица досега опфатени во случајот за пожарот


Основниот суд во Кочани донесе решение со кои се продолжува притворот за сите 16 лица досега опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ и им изрече мерка краткотраен притвор во траење од уште 48 часа, потврдуваат од судот за МИА. ЈОРСМ, претходно информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за …

Основниот суд Кочани изрече краткотраен притвор во траење од уште 48 часа за сите 16 лица досега опфатени во случајот за пожарот Read More »

Регистрирани два земјотреси во Струмичко


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес …

Регистрирани два земјотреси во Струмичко Read More »

Утре неработен ден во Кочани


Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи утре. Се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и на работадавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски …

Утре неработен ден во Кочани Read More »

МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на осум општини.  Тоа се: Кочани, вклучувајќи ги и селата Оризари, Тркање и Зрновци, Штип со …

МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини Read More »

Од 178 повредени, 77 на лекување во земјава, останатите во странски медицински центри


Сите повредени во несреќата во Кочани се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство. Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а …

Од 178 повредени, 77 на лекување во земјава, останатите во странски медицински центри Read More »

Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани


Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за седумте службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, поврзано со издавање согласности за функционирање на диско клубот во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 …

Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани Read More »

Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани


Владата во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани. За претставниците на медиумите …

Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани Read More »

Извлечени две лица од Чешка кои заглавиле во снежен нанос на Галичица


Вчера во 16.30 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и барале помош. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзорт и гранични проверки Св.Наум, претставник од Национален парк Галичица и планинарска спасителска служба на Црвен крст …

Извлечени две лица од Чешка кои заглавиле во снежен нанос на Галичица Read More »

Началници и инспектори помогнале дискотеката „Пулс“ да работи незаконски


За седумте  полициски службеници  е покрената  постапка бидејќи помогнале дискотеката „Пулс“ да добие активна лиценца, а немала исполнета основни услови. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски  на денешната прес конференција. Меѓу нив има главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Штип и самостоен инспектор кои констатирале дека дискотеката „Пулс“ ги исполнила законски …

Началници и инспектори помогнале дискотеката „Пулс“ да работи незаконски Read More »

Единаесет работници полесно повредени во пожар во неактивна германска нуклеарна централа


Единаесет работници се повредени во пожар за време на работа на уривање во деактивирана нуклеарна централа во јужна Германија, соопшти денеска локалната полиција. Инцидентот се случил во централата Графенрхајнфелд во покраината Баварија, која беше затворена во 2015 година поради постепеното исфрлање на нуклеарната енергија од страна на Германија. Полицијата во блискиот Швајнфурт соопшти дека за …

Единаесет работници полесно повредени во пожар во неактивна германска нуклеарна централа Read More »

АЦВ: Прекршувањето на правилата за користење дрон под изговор “не сме знаеле” не е прифатливо


Агенцијата за цивилно воздухопловство, за да се избегнат, како што велат натамошни непријатни ситуации и непотребни шпекулации , соопшти дека “Правилникот за воздухоплови без екипаж”, во кој во целост се имплементираат европските регулативи “Regulations (EU) 2019/945 and 2019/947”, е степен на сила од  јуни 2024 година  (Сл.Весник 115 од 31 мај 2024) со одложена примена од  …

АЦВ: Прекршувањето на правилата за користење дрон под изговор “не сме знаеле” не е прифатливо Read More »

Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствената состојба на повредените од Кочани


Воените и цивилните здравствени установи во Република Србија во моментов лекуваат 30 пациенти тешко повредени во пожарот во Кочани, и нивната здравстевена состојба е тешка и сериозна, јави дописникот на МИА од Белград. Анестезиологот потполковник доцент д-р Горан Рондовиќ од Клиниката за анестезија и интензивно лекување на ВМА изјави дека во воено-здравствениот систем за лекување …

Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствената состојба на повредените од Кочани Read More »

Таравари го разреши директорот на кумановската болница


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ненадејно го разреши директорот на Општа болница Куманово, Стефан Трајановски. „Сочувство до семејството на починатиот 32-годишен Ведат Адеми. Пред да дојдам тука да изразам сочувство го прочитав извештајот што беше подготвен од Државниот републички санитарен инспекторат и во него може да се констатира многу лесно дека веќе има предуслови …

Таравари го разреши директорот на кумановската болница Read More »

На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст


 Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на сметката на Црвениот крст ги уплатил парите што студентите ги донирале на собирите организирани вчера и завчера за помош на семејствата на жртвите и на повредените во пожарот во Кочани.  УСС на УКИМ на Фејсбук попладнево објави копија од уплатени  415.724 денари на сметката …

На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст Read More »

Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани


Од Скопје денеска напладне полета лет за медицинска евакуација на болницата Каролинска, со кој двајца пациенти се пренесени за медицински третман во Стокхолм во Универзитетската болница Каролинска, објави Амбасадата на Шведска на својата Фејсбук страница. Оттаму додаваат дека континуирано лекување и нега се обезбедени при транспортот на пациентите од Скопје во болницата Каролинска. -Северна Македонија …

Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани Read More »

Двајца од хоспитализираните во Бугарија се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба


 Двајца од 15-те поврдени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба, соопшти попладнево прес-службата на бугарското Министерството за здравство.  Екстубаираните пациенти, како и пациентот со маска за кислород, се во Универзитетската болница за активно лекување и итна …

Двајца од хоспитализираните во Бугарија се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба Read More »