Bработените во ЈП „Паркови и зеленило“ протестираа – не зеле плата


Поради неисплатени плати и додатоци за плати денеска протестираа вработените во „Паркови и зеленило“, но и подфирмите „Флораком“ и „Луна“, кои бараат навремена исплата на нивните плати и останати бенфиции од договорите за работа. Протестот се оджа на булеварот „Илинден“, од каде испратија порака дека не се откажуваат од своите барања за исплата на се […]

Алиу: Клиниката за уво, нос и грло со нова медицинска апаратура со поддршка од турската агенција ТИКА


Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, д-р Махмут Чевик и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, денеска ја посетија Универзитетската клиника за уво, нос и грло каде со поддршка од ТИКА е обезбедена нова медицинска апаратура. -Клиниката за уво, нос и грло […]

Ѓорѓиевски ќе ja пробива улицата „Есенинова“ до „Шампионче“


Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција најави дека по преземањето на власта во Градот Скопје ќе почне со пробивање на улицата „Есенинова“ до „Шампионче“, која се очекува да ги поврзе ул.„Антон Панов“ и бул. „Борис Трајковски“. -Денеска сме овде во срцето на Кисела Вода кај улицата „Есенинова“ не […]

Герасимовски најавува бесплатен оброк за сите ученици


„Од наредната година, септември 2026, обезбедуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, со што, родителите се ослободуваат од финансиски трошоци за храната на своите деца во училиштата. Покрај тоа, на сите ученици од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Центар […]

Снег од петок, студот од север ќе стегне од утре


Од утре попладне до петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите […]

Претстави, изложби и промоции на Бела ноќ во сабота во Скопје


Манифестацијата Бела ноќ ќе се одржи во сабота во Скопје. Културните институции ќе организираат претстави, изложби и промоции, кои ќе бидат отворени и достапни за сите посетители, а организатори се Универзална сала и Град Скопје. Како што информираат од Универзалната сала, програмата предвидува настан во Сули Ан  од 20 часот „Стара скопска чаршија: визии за […]

Лабудовиќ сака од Водно да прави град, ќе го осветлува да „блеска“ и во мрак


  Некои идеи на кандидатите за градоначалници најдобро е да не се остварат – е впечатокот од се што може да се слушне како ветување деновиве, во обид да се освои позицијата.   По најавата дека од кејот на Вардар ќе се прави кафеана, сега на удар е и Водно, од кое кандидатот за градоначалник […]

Првпат во 11 години беа покриени трошоците за патувањето на олимпијците по хемија во Дубаи


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го посети Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет-Скопје по повод успесите на учениците и нивните ментори на две олимпијади по хемија оваа година од кои се вратија со медали. На Меѓународната олимпијада по хемија во Дубаи, матурантите Марио Ванчоски и Петар Мирчевски освоија сребрен односно бронзен медал, […]

Студенти ќе изработуваат фотографии, текстови и документарен филм за зачувување на Старата чаршија


Да се сензибилизира публиката, посебно младите генерации на важноста да се сочува културното наследство, да се стимулира нивната креативност преку мултикултурни ателјеа и убаво да се разбере историјата на стариот град со цел подобро да се осмисли иднината. Ова се целите на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија – Визија за иднината“, кои денеска ги истакна […]

Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина


Формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката припадност, на верската припадност. Многудетното семејство значи иднина. Ако сакаме да имаме иднина, ако сакаме да имаме држава, богата држава која ќе се развива и по нас тогаш семејството е одговорот на овој предизвик, истакна денеска […]

Македонија потфрла и во борбата со трговија со луѓе, САД ни дадоа „двојка“


Властите на Северна Македонија вложуваат значителни напори, но земјата се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе. Владата покажа генерално зголемени напори во споредба со претходниот период на известување, затоа Северна Македонија остана на Ниво 2, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департментот за трговијата со луѓе во […]

Седумнаест случаи на труење од штипска сендвичарница, кај дел од нив изолирана салмонела


Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница. Епидемилиогот, Светлана Живкова за МИА изјави дека до денеска имаат регистрирано вкупно 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за уште двајца ученици и вработени во […]

Слаб интерес за студирање на наставните насоки на ПМФ – на математика запишани најмногу – 15


Слаб е интересот на студенти кои се запишуваат на Природно – математичкиот факултет во Скопје, особено за наставните насоки, иако тие се субвенционирани од државата.  Годинава, на математика наставна насока, се запише 15 студенти, што е најбројна насока, додека на другите бројот на новозапишани студенти е едноцифрен.  – Интересот за студирање на Природно-математичкиот факултет, последните […]

Вардариште, кога ќе порасне, сонува да биде „Хилерод“


Во ек на изборната кампања за градоначалници, каде многумина ќе се обидат да седнат во градоначалнички канцеларии, едно видео на нашинец заминат во Данска покажува како може да се решат македонските депонии. Во време кога денеска попладне во 18 часот, аеродромци повторно ќе ја блокираат крстосницата меѓу Аеродром и Гази Баба за да ги повикаат […]

Грејната сезона почнува на 15 октомври, апел потрошувачите навреме да ги завршат интервенциите


Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12˚С или пониско, според податоците на Управата за […]

„Скопје сити мол“ слави 13 години постоење – следи викенд исполнет со забава и големи попусти до 60%


Скопје сити мол оваа година одбележува 13 години постоење.  По тој повод, од 3 до 5 октомври, сите посетители ќе уживаат во роденденскиот викенд со шопинг по намалени цени од 20% до 60%. Дополнително, ќе имаат можност да уживаат во богата програма со атрактивни концерти, креативни работилници и бројни изненадувања наменети за сите генерации. Роденденскиот […]

Здравствен дом Вевчани доби нов имунолошки апарат


Лабораторијата при јавната здравствена установа Здравствен дом Вевчани доби нов имунолошки апарат од најнова генерација. Апаратот, како што соопшти ЈЗУ Здравствен дом Вевчани, значително ќе го унапреди квалитетот на лабораториските услуги што им се нудат пациентите. – Овој современ апарат овозможува брза, прецизна и доверлива анализа на имунолошки параметри, што е од клучно значење за […]

До 30 октомври рок за продолжување на правото на студентска стипендија


Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студенстка стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025. -Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда […]

Презентација на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со институтот Гете  и Амбасадата на Сојузна Република Германија денеска во 10 часот ќе го презентираат француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“. Настанот ќе го отворат Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, и Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија. На отворањето збор ќе земат Катарина […]

Денеска променливо облачно, од утре постудено со дожд


Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а […]