Осумнаест лекари и здравствен персонал по изборите ќе ги добијат решенијата за вработување во штипската Клиничка болница


Во завршна фаза е огласот за вработување на 18 лица во Клиничка болница- Штип, одлуката е донесена, но  се чека завршување на Локалните избри. Директорот на Клиничка болница- Штип, Владко Захариев денеска изјави дека во процедура е уште еден оглас со кој би требало да се вработат нови 25 лица. Со овој оглас акцентот се […]

Утре спремете се за многу дожд, а ќе се формира и снежна покривка на планините


Значеителна снежна покривка и обилен дожд, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи за утре. Објавија и метео аларм, во кој се вели дека утре (02.10.2025), ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна […]

Скопје домаќин на петтиот годишен форум за превенција на рак на грлото на матката: Може да се искорени


Регионалната алијанса за превенција на ракот на грлото на матката во Источна Европа и Централна Азија денеска го започна својот петти годишен форум во Скопје, Северна Македонија.    Тридневниот настан, во организација на УНФПА, Агенцијата на Обединетите  нации за сексуално и репродуктивно здравје, во соработка со Министерството за здравство на Северна Македонија, обединува повеќе од […]

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „Сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век, сте на вистинското место, во својата земја, […]

Герасимовски ќе гради дом за стари лица во Општина Центар


Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, денешниот Меѓународен ден на старите лица го одбележа со средба со пензионерите од Здружението на пензионери од општината, кадешто ги најави новите мерки што ќе го подобрат квалитетот на нивниот живот, здравјето и благосостојбата. Герасимовски, во рамки на посетата на Здружението, како клучен проект […]

ЕСМ: Поради студеното време од утре почнува грејната сезона


Ја информираме јавноста дека од 2 октомври започнува грејната сезона  за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е […]

Судењето за „Онкологија“ одложено за 8 октомври – се бара случајот да го преземе Коцевски


Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти се одложува за 8 октомври, откако одбраната на првообвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство. – Со оглед предлогот упатен до […]

Од денеска бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности


Од денес во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември […]

МВР: Како треба да се подготват патниците за новиот режим за патување во ЕУ?


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од12 октомври  Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година. Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска […]

Трет конгрес на патологија со меѓународно учество во Скопје


Македонското здружение за патологија во соработка со Меѓународната академија на патологија Дивизија Северна Македонија, во Скопје одржуваат Конгрес на патологија од кој се очекува развој на оваа дијагностичка област во медицината. Во изјава за МИА, професор  д-р Рубенс Јовановиќ, претседател на Македонско здружение за патологија, истакна дека на конференцијата се презентираат теми од областа на […]

Лакордов: Југоисточна Европа ги здружува силите против организираниот криминал


„Нашата цел е јасна – заеднички да идентификуваме и пресретнеме високоризични пратки и патници преку аеродроми, копнени граници и пристаништа во регионот. Криминалните мрежи не познаваат граници, и затоа мораме да делуваме преку координирани акции засновани на темелни проценки, докази и најдобри меѓународни практики.“ Ова го истакна помошник директорот на Царинска управа за контрола и […]

Пациенти со канцер купуваат хемо од странство, апаратот за брахитерапија е на сервис


Пациенти кои се лечат од канцер на Клиниката за онкологија јавно посочуваат дека во моментов нема ниту терапија, ниту реагенси за испитување, ниту пак работат сите апарати за зрачење поради што се принудени да се снаоѓаат кој како стигне, најчесто одејќи во соседните земји. „Хемотерапија нема на Клиниката за онкологија, купувам од други држави, а […]

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез во официјална посета на Министерството за одбрана


Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез денеска ќе престојува во официјална посета на Министерството за одбрана. Како што информираат од Министерството за одбрана, во рамки на посетата предвидени се неколку активности – свечена церемонија пред платото на Министерството, тет-а-тет разговор со министерот Владо Мисајловски, билатерални разговори на двете делегации и на крајот […]

Без вода корисниците од „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од бул. „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка на бул. „Партизански Одреди“ бр. 59 а. Водоснабдувањето во овие населени […]

Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен. […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 1 октомври 2025 година, 274-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 91 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 31 минути, а ќе зајде во 18 часот и 15 минути. Денов трае 11 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во […]

Од 1 октомври почнува зимскиот режим на зонско паркирање во Скопје


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги известува граѓаните дека од среда, 1 октомври 2024 година, ќе стапи во сила зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање – зонско. Според новите правила, работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде: – во сабота – од 07:00 до 14:00 часот. […]

Калајџиев: Обвинението за „Пулс“ е нарачка од политика, а не грешка


Правникот и универзитетски професор Гордан Калајџиев остро реагираше на обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кое обвинителството се повикува на т.н. „верижна одговорност“. „Не е страшно што обвинителите згрешиле со ‘теоријата’ за верижна одговорност. Страшно е што не се работи за грешка, туку за нарачка од политиката,“ изјави Калајџиев. Тој посочи дека […]

Се шири истрагата за дискотеката „Пулс“, опфатени и инспекторите од УЈП


Во тек е проширена истрага за случајот „Пулс“, во која, покрај првично обвинетите, се опфатени и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), но и лица од други институции. Државниот обвинител Љупчо Коцевски потврди дека се проверуваат повеќе инкриминирачки дејствија, без да открие детали, нагласувајќи дека обвинителството ќе ги испита сите сомнежи до крај.  „Со […]

Саем за деца викендов во „Борис Трајковски“ – запознајте ја жирафата Жижи, спортувајте, танцувајте


Детскиот саем Kid Expo 2025 ги отвора вратите за највозбудливиот забавен викенд за деца и возрасни, овој викенд – 4 и 5 октомври во големиот СЦ Борис Трајковски. Два дена исполнети со игра, музика, танц, спорт, креативни работилници и многу изложувачи. Посетителите ќе можат да уживаат во богата програма која се одвива на пет локации: […]